Точниот превод е "востанале (кренале востание) и бунтувале Бугарите". Не случајно се нарекува "Востанието на Комитопулите" а не "Одметнуването на Комитопулите.
и пак од Зонара:
Ееее, вака на некој друг. Текстот од Зонара се однесува на востанието од 976 г. против Византија, додека Скилица-Кедрин пишува за востанието од 969 година.
Најкултурно (како господин) сакам прво да наведеш извор за текстот на грчки. Навистина постојат различни преводи на овој дел, па ќе биде добро да знаеме за што точно се работи, бидејќи очигледно ги извртувате работите со цел ова востание коешто аргументирано е потврдено да го карактеризирате како антивизантиско, а кое всушност било антибугарско.
Имајќи ги во предвид разликите во македонскиот и бугарскиот превод би цитирал една руска верзија:
"Петр, царь болгар, после смерти своеј жены возобновил мир, предложил императорам сојузные отношенија, предоставил заложников, а также собственных двоих сыновеј Бориса и Романа. Несколько [115] позднее он умер. Сыновьја его после этого были возвраштены в Болгарију, чтобы принјать царскују власть и чтобы отразить движение комитопулов, потому что Давид, Моисеј, Аарон и Самуил, дети одного из самых могуштественных в Болгарии комитов, затејали мјатеж и привели в беспорјадок дела в Болгарии. Вот какие происходили событија."
http://www.vostlit.info/Texts/rus/Skyliza/text1.phtml?id=1338
Значи во 969 година умира Петар, после што Бугарија фактички останува без престолонаследник. Тоа го искористуваат комитопулите - синовите на славјанскиот кнез Никола и предизвикуваат
внатрешни немири во Бугарија. Поради тоа Византијците се принудени да ги ослободат Роман и Борис со цел да ја преземат ситуацијата под контрола, односно да го задушат востанието на комитопулите и од друга страна да ги запрат руските војски на Светослав.
"Така и се случило" односно Борис како бугарски владетел го запрел напредувањето на комитопулите.
Значи досега ниту еден сериозен историчар не се посомневал во однос на тоа против кого било кренато востанието во 969 г.
Ти си првиот којшто тврди дека востанието во 969 г. било кренато против Византија, иако Византија немала власт над бугарските територии. Во рамки на науката имало дискусија само во однос на тоа дали имало или немало востание во 969 година.
Еден од аргументите во полза на тврдењето за востанување на македонските словени против централната бугарската власт е и творбата За комитопулите од Јован Геометар чиј текст го постирал Gevara
Одговори точно не да кукумјачиш
Прегледај го приврзокот 48083
Ако се анализира текстот ќе се види дека:
"комес го запалил западот". Овој Запад бил "бугарскиот запад" - Македонија. Во кое време "палел" Самуил се потврдува со стихот во кој се вели дека тоа се случило
"со заодот на Никифор" (Фока) кој бил убиен
во 969 година.