Алал нека ти е за идејава дечко.
Е сега вака, eдна кокошка несилка ти чини едно евро, со оглед на тоа дека таа ќе носи со полн капацитет 18 месеци, после не ти се исплати да ја чуваш. Битно ти е да имаш добра храна (концентрат) која ќе го вади максимумот од кокошката, тоа ти е најголем трошок, за пченка гледам живееш во село така да тоа не би требало да те чини многу и би ти препорачал да ги ставиш во кафези, во спротивно може да ти се случува сами да ги колваат јајцата и џабе бизнисот. А така и полесно ќе ти биде за ѓубрето да им го собираш. За пласман е лесно, земи неколку локални продавници продавај им по 10 ден поевтино од другите и готово.
Ако се регистрираш за да земаш некакви субвеции, рачунај дека треба да исполнуеш некакви стандарди. Така да у почеток ова не би ти го препорачал
Само треба да работиш со ум, не да видиш некој денар и оп одма да ги потрошиш. Зашто после тие 18 месеци ти треба да размислуваш за обнова, која чини малце поише, зависи од тоа колку кокошки сакаш.
Па затоа ти викам,бидејки не сум толку упатен,во неговото производство, јас барам пласман за гравот.
Бегај од тоа гомно. Додека не се направи нешто за да гравот има некоја цена која нема да се менува толку брзо, од тоа ќар немаш ништо. Си го работал цела година и на крај да го дадеш за 50-80 ден за кг. и тоа ќе ти рече дека му е многу.