- Член од
- 15 април 2009
- Мислења
- 130
- Поени од реакции
- 37
Енергерски Вампир е човек кој нивото на своето биополе го одржува на сметка на другите. Природниот пат по кој ние складираме енергија (покрај храната) е постојаниот контакт со енергоинформационото поле на Вселената. Доколку овој ланец од било кои причини се прекине, човекот може да се разболи. Затоа, при недостаток од енергија човекот може несвесно да компензира со земање енергија од другите луѓе. Овој вид на (општествен) вампиризам е многу распостранет и обично безопасен. Пожелно е повремено психичките појаки партнери во семејството или меѓу пријателите да им пружаат помош на послабите. Размена на енергијата меѓу луѓето во извесна мера е секогаш присутна и нормална.
Проблемот настанува тогаш кога човекот почнува постојано на овој начин да ја зема енергијата нанесувајќи им штета на другите. При тоа тој само зема а ништо не им дава на луѓето со кои општи. Ова се нарекува еден вид на енергетски егоизам
Навикнати сме нашите лекари да ни велат: „Не се нервирајте“, „смирете ги нервите“, а обично до несаканата состојба сме дошло поради ниското ниво на енергија кое е резултат на присуството на некои луѓе околу нас кои постепено не раздразнуваат и ни ја одземаат животната енергија. Таквите луѓе се условно кажано вампири зошто ја цицаат нашата психичка енергија на сите можни начини. Вампиризмот е всушност енергетски грабеж.
Тогаш вампирот се чувствува подобро, а жртвата немоќно и исцрпено.Вампирите се чувствуваат лошо кога на другите им е добро. При нивна интеракција вампирите оздравуваат а другиве се разболуваат. Кај жртвата се јавува поспаност, замор и раздразливост, имунитетот нагло опаѓа и се појавуваат разни инфекции и болести.
Астрологијата ги дели луѓето на Соларни и Лунарни, независно од тоа во кој зодијачки знак се родени. Во психологијата истиве се нарекуваат „екстрoвертни“ и „интровертни“ типови.
Енергијата на Соларните луѓе-вампири е врела и сува. тоа се жестоки и агресивни луѓе, садисти и егоисти. Сами ги напаѓаат жртвите, предизвикуваат скандали и конфликти, настапуваат дрско и со навреди. Предизвикуваат отворено и тогаш кога имаат задни намери. Нив ги движи завистта, злобата и омразата. Соларниот вампир е во состојба инстантно да ја исцица енергијата од донаторот и истиот да го остави до крајна исцрпеност.
Соларниот вампир може да се препознае по линиите на дланките кои се темно црвени или лилави, наместо рамномерно црвени(кај обичните соларни луѓе). Тоа значи дека неговите енергетски канали се загадени.
Лунарните вампири имаат жолти или темно смеѓи линии на дланките, додека кај обичните лунарни луѓе тие се безбојни(со боја на кожа).
Поради ваквите луѓе се употребуваат изразите :„ Ми ја пие крвта“, „Ми го труе животот“, „Ме исцеди“ и сл.
....Од тука и асоцијацијата со вампиризмот.
ЗАВИСТ
Истражувањата покажале дека најдлабокиот корен на енергетскиот вампиризам е завистта. Ваквите луѓе им завидуваат на другите со позитивни чувства, па сакаат да ги украдат за себе, а ако не можат, барем да ги уништат добрите емоции кај другите.
ЖРТВИ
Енергетскиот вампир не го добива она што всушност го посакува: исполнетост и задоволство. Не се сите луѓе подеднакво подложни за да станат жртва на еден ваков вампир.Најзагрозени се оние што на некој начин зависат од нив: децата, брачните партнери или подредените на работа. Некои карактеристики на личноста посебно влијаат на тоа дали ќе стане жртва на некој енергетски вампир: Чувството на вина и недостаток од самодоверба или пак навика постојано да им се удоволува на другите луѓе.
Кој се може да биде крадец на енергија?
СЕЗНАЈКОВЦИ:
Ова е посебен вид „модерни вампири“. Тие секогаш знаат се’ и најдобро од другите и постојано се фалат со своето знаење и способности. Додека ги слушате нив имате чувство дека вие всушност ништо не знаете. Тоа се обично немажени/неженети луѓе, делуваат помалку срамежливо а со своето знаење се обидуваат да се докажат.
СИТНИЧАРИ:
Овие луѓе секогаш и секому ќе му пронајдат мана. Овие вампири и во јајцето ќе најдат влакно.
ЗЛОБНИЦИ:
Ова е најопасниот вид. Нивниот напад вака изгледа: најпрво се слаткоречиви, а потоа зад вашиот грб ќе зборуваат се’ најлошо за вас. Полни се со отров.
ДАВЕЖИ:
„Бла, бла, бла“-луѓе што не касаат туку премногу зборуваат. Тие ја зграбуваат својата жртва и не ја пуштаат се додека не ја исцицаат и последната капка енергија.
ВЕЧНИ ЖРТВИ:
Ќе ве хипнотизира со својата беспомошност. Вашите обиди да им помогнете ќе бидат безуспешни зошто тие толку многу навикнале на болката што немаат намера да се одречат од неа. Сепак уживаат во тоа другите да ги сожалуваат.
ЗАВОДЛИВИ ПАРАЗИТИ:
Намамуваат со внимание, ласкање и комплименти. Ја црпат силата од туѓиот ентузијазам, идеа и креативност. Со безброј прашања навлегуваат во вашиот живот и се обидуваат да ви го украдат.
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ?
Најчесто енергетските вампири не се свесни за своето однесување. Најдобро е да ги игнорирате или пак да поставите граници. Проверете што е тоа што ве спречува да ја прекинете комуникацијата со тоа лице.
Некаде прочитав дека најдобро е да се скрстат рацете и нозете кога има вакви лица во близина.
Ако случајно сте се препознале како еден од овие енергетски вампири според наведените карактеристики- не се загрижувајте, зошто во секој од нас има по нешто од нив, но не сме како нив. Самиот факт што сте можеле да препознаете некои мани кај себе, говори дека не сте вампир. Енергетскиот вампир не може, и никогаш нема да ги признае негативните карактеристики што другите ги препознаваат кај него.