S
Sith_Lord
Гостин
Каква врска има жалењето со емпатијата?
Апсолутно никаква. Емпатијата не подразбира само соживување со туѓите негативни, туку и позитивни емоции. Таа е основа за здравиот меѓучовечки контакт и разбирање.
Растечките нивоа на отуѓеност помеѓу луѓето во светот како директна последица на се позабрзаното темпо на живеење и безглавата трка по парче од консумеристичкиот колач ја гушат човечката емпатија и ја внесуваат апатијата на голема врата. Целата глобална култура денес се сведува на величање на амбалажата, па природно од тоа произлегува посматрањето на твојот сограѓанин како нешто завиткано во извесна привлечна или непривлечна амбалажа, чија благосостојба или страдање се апсолутно неважни во твојата сопствена "потрага по среќа". Дали е навистина така?
Еве, да видиме-
Човекот е општествено битие. Сакал-нејќел, тој е приморан да функционира во рамките на една човечка заедница каде стапува во интеракции со извесен број на други човечки суштества. Природата на тие интеракции во голема мерка зависи и од емоционалната состојба на тие човечки суштества. Кога ја игнорираме таа нивна состојба, игнорираме еден важен мотив за нивното дејствување, и неретко не сме во состојба да ги разбереме нивните дела. Од недоразбирањата произлегуваат конфликти, конфликтите поттикнуваат натпревар наместо соработка, од натпреварот произлегуваат и жртви на истиот и како резултат имаме општество кое функционира на law of the jungle принципот. Општество без емпатија. Без меѓусебно разбирање.
Емпатијата е нужен предуслов за солидарноста, а солидарноста е темел на секоја соработка. Сите луѓе имаат некои основни потреби и желби кои ги обединуваат. Имаат избор да го согледаат тоа, или пак да продолжат да се прават слепи со сила и да го продлабочуваат јазот помеѓу нив и останатите припадници на нивниот род.
Имам надеж, и покрај големиот број на докази за спротивното, дека човештвото некогаш ќе успее да ја разбере неопходноста на емпатијата за опстанок на целата човечка раса. Се надевам дека тоа разбирање нема да дојде предоцна. Времето ќе покаже.

Sith