Може ли некој од постарите колеги да ми каже нешто за предметот Банкарство кај Гоцков, никогаш до сега не сум имала предмет кај овој професор па ме интересира како му се колоквиумите, што од прилика бара и каков е предметот. И исто за оценувањео ме интересира, дали се фаќаат добри оценки, дали има некој услов како кај финансиски менаџмент пример, да мора презентација ( што знам дека дава, но дали поените се вметнати во оценката) и такви некои работи?
Ви благодарам однапред
Оди на прво предавање, он се ќе ви објасни за полагањето и како му оди оценувањето.
Во глобала, мораш да идеш на предавања, зашто фино објаснува, а и многу работи ќе научиш, него да го слушаш, е исто ко на нет вести за економија да читаш.
Прашањата на колоквиуми и испит му се логички, многу детални и наоѓа некои ситници, затоа поарно на предавања да фаќаш белешки, рака ќе ти падне од пишување. Али ќе ти биде многу полесно при учење после.
Презентации и се тоа е за плус поени, за присуство не дава поени.
Инаку, фин и коректен професор е, изгледа ко малце строг, али ок си е. Предметот е прилично интересен, впрочем ко и сите од 3та нагоре финансиски менаџмент, јас оттогаш почнав смерот да си го сакам.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)