Ај ве молам кажете ми нешто за кејсовите
Основи на менаџмент.Вонреден сум па појма немам за што станува збор- каде се наоѓаат, како се решаваат,има ли негде точни одг и така..и технички како се одвива испитот(кол) колку време, колку прашања...Фалааа ви мнооогуу
Кејсовите или студија на случај по нашки или case study на англиски се текстови што се наоѓаат на крајот на секоја глава во учебникот.
Колоквиумот / испитот почнува со тоа што ти даваат прво лист со две прашања за две студии на случај, и двете се со повеќекратен избор. За тоа имаш 30 минути за решавање, со тоа што ја земаш книгата (мора да биде оригинал, не смее копија), го читаш текстот и одговараш во зависност од прашањата, а одговорите ги пренесуваш во шифрарникот (обично под прашање 1 и 2, но не мора да биде). Овие прашања обично носат најмногу поени, по 10 поена.
Потоа, книгите ги тргате настрана и ви го даваат остатокот од тестот, најчесто трае еден час овој дел. Го дополнуваш шифрарникот и тоа е тоа.
Отприлика има 40 прашања, може и повеќе.