Економски факултет (reloaded)

Член од
26 март 2014
Мислења
29
Поени од реакции
1
:LOL::LOL: малку е долго :D

ТРИПС, за разлика од спогодбите ГАТТ и ГАТС не се залага за воспоставување на слободна трговија, туку се однесува на вметнување на измени во домашниот регулаторен и законски систем. Оваа спогодба има задача:
- да воспостави минимум стандарди за заштита на правата на интелектуална сопственост;
- да предложи процедури и средства за заштита на правата на интелектуална сопственост во системите на земјите-членки; и
- да ја прошири примената на принципите за недискриминација и транспарентност на новиот ГАТТ врз трговијата со правата на интелектуална сопственост.

Во современиот систем максимализацијата на профитот од учеството во меѓународната трговија може да се стекне и преку обезбедување на ексклузивитет во користењето на одреден назив за производот, заштита на трговскиот жиг или марка или преку заштита на географското потекло на производот. Проблемот на заштита на генеричките имиња на производите особено доаѓа до израз кај фармацевтските производи. Овој проблем принуди поголем број фармацевтски компании целосно да ја менуваат својата производна стратегија, а многу често и стратегијата за настап на странските пазари. Со цел да ги задржат производните линии на производи за кои заштитата не генеричкото име не е истечена, повеќето компании од оваа дејност мораа да побараат стратешки партнери што веќе го поседуваа патентот или лиценцата за конкретните видови производства. Со формирањето на СТО, а во рамките на ТРИПС, посебно внимание им е посветено на географските ознаки на производите. Кај некои видови производства се смета дека квалитетот на производот во голема мера зависи од регионот во кој тој е произведен. Таков е примерот со црвеното вино од регионот Бордо во Франција или примерот на француското сирење или примерот на пивото Трапист. Неовластеното користење на брендот или на географскиот белег на потеклото на производот подлежат на ригорозни мерки од страна на СТО што предвидуваат плаќање високи пенали за штетата што и е нанесена на земјата од која потекнуваат оригиналните производи

фала видов го објавиле истото на фб ама сепак не се падна а да не кажаа кога ке има резултати?
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Можно е на дополнителна математика Драге да го даде истиот тест? :)
 
Член од
5 јуни 2014
Мислења
13
Поени од реакции
0
Дали испитот Банкарство е на пишување?
 
Член од
5 јуни 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
дали некој знае нешто за применета економија на испит како е, лесно/тешко, ме интересира дали се е на пишување или има нешто и на заокружување и ако знаете некое прашање ќе ве молам да кажете :)
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
дали некој знае нешто за применета економија на испит како е, лесно/тешко, ме интересира дали се е на пишување или има нешто и на заокружување и ако знаете некое прашање ќе ве молам да кажете :)
Секогаш испитот е на пишување, има 5-6 прашања. Има едни прашања, и тие се паѓаат ама ги немам.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
182
Поени од реакции
38
Ако има резултати по Економетрија пишете...
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Момци математика сум на дополнителна... бев на увид ми даде 3 теми: низи и редови, изводи и интерграли и амортизација на кредит.

Се супер али овие се тие што најмалку сум ги учел... HELP?

ps. резултати Надворешна трговија кога?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.818
Поени од реакции
72.186
Момци математика сум на дополнителна... бев на увид ми даде 3 теми: низи и редови, изводи и интерграли и амортизација на кредит.

Се супер али овие се тие што најмалку сум ги учел... HELP?

ps. резултати Надворешна трговија кога?
Дојди си на часови и немаш гајле :icon_lol:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.144
Поени од реакции
16.066
Момци математика сум на дополнителна... бев на увид ми даде 3 теми: низи и редови, изводи и интерграли и амортизација на кредит.

Се супер али овие се тие што најмалку сум ги учел... HELP?
Научи ги. Оди на изводи/интеграли и амортизација. Низи и редови е лесна, не верувам дека ќе ти се падне таква задача. Или кои од овие три сакаш, две научи, со една решена скроз имаш 6ка.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
Момци математика сум на дополнителна... бев на увид ми даде 3 теми: низи и редови, изводи и интерграли и амортизација на кредит.

Се супер али овие се тие што најмалку сум ги учел... HELP?

ps. резултати Надворешна трговија кога?
Сигурно овие на испит не си ги решил. Ако да, сети се на задачите и извежбај ги, има шанса истите да ти ги даде, често го прави тоа. И земи часови ќе научиш нешто за да пишуваш нешто, празен тест не враќај.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Научи ги. Оди на изводи/интеграли и амортизација. Низи и редови е лесна, не верувам дека ќе ти се падне таква задача. Или кои од овие три сакаш, две научи, со една решена скроз имаш 6ка.
Он ми рече дека овие 3 теми ќе ми ги даде...? како нема да се падне низи и редови?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom