по што се разликува ТРИПС од другите спогодби? Објасни ги проблемите со генерички имиња и географски области.Mоже некој да ми го каже одговорот на ова прашање по меѓународна?
малку е долго
ТРИПС, за разлика од спогодбите ГАТТ и ГАТС не се залага за воспоставување на слободна трговија, туку се однесува на вметнување на измени во домашниот регулаторен и законски систем. Оваа спогодба има задача:
- да воспостави минимум стандарди за заштита на правата на интелектуална сопственост;
- да предложи процедури и средства за заштита на правата на интелектуална сопственост во системите на земјите-членки; и
- да ја прошири примената на принципите за недискриминација и транспарентност на новиот ГАТТ врз трговијата со правата на интелектуална сопственост.
Во современиот систем максимализацијата на профитот од учеството во меѓународната трговија може да се стекне и преку обезбедување на ексклузивитет во користењето на одреден назив за производот, заштита на трговскиот жиг или марка или преку заштита на географското потекло на производот. Проблемот на заштита на генеричките имиња на производите особено доаѓа до израз кај фармацевтските производи. Овој проблем принуди поголем број фармацевтски компании целосно да ја менуваат својата производна стратегија, а многу често и стратегијата за настап на странските пазари. Со цел да ги задржат производните линии на производи за кои заштитата не генеричкото име не е истечена, повеќето компании од оваа дејност мораа да побараат стратешки партнери што веќе го поседуваа патентот или лиценцата за конкретните видови производства. Со формирањето на СТО, а во рамките на ТРИПС, посебно внимание им е посветено на географските ознаки на производите. Кај некои видови производства се смета дека квалитетот на производот во голема мера зависи од регионот во кој тој е произведен. Таков е примерот со црвеното вино од регионот Бордо во Франција или примерот на француското сирење или примерот на пивото Трапист. Неовластеното користење на брендот или на географскиот белег на потеклото на производот подлежат на ригорозни мерки од страна на СТО што предвидуваат плаќање високи пенали за штетата што и е нанесена на земјата од која потекнуваат оригиналните производи