држи си се до физиката..
добро ти иде, баш денес те оговараше професорот ми
))) Не сум тој... А и физиката може ќе дојде еден ден на ред
Инаку од уметничката бранша сум.
--- надополнето: 21 септември 2012 во 19:56 ---
Economics in One Lesson - Henry Hazlitt. Подобра почетничка книга од таа нема да најдеш.
А има македонски превод? На англиски побавно ми иде читањето...
--- надополнето: 21 септември 2012 во 20:12 ---
Чим сите те молат нешто ај и јас да те замолам
Фридрих Хајек -
The road to serfdom
,,,,,,,,,,,,.............- The constitution of Liberty
Милтон Фридман
- Capitalism and freedom
Frederic Bastiat
- The law
Ron Paul
- End the fed
Јас би почнал од Фридман ( дека најдобро ги објаснува генерално економските проблеми и од каде потекнуват а и го прави истото на доста едноставен начин за сите да разберат),па Ron Paul ( овој човек ме натера да почнам да читам на темата иако во живот не ме интересирала економија,ЕND THE FED многу убаво објаснува за ВИСТИНСКАТА улога на централните банки и како се најголемиот кривец за денешните економски проблеми) па Хајек ( нема што да кажам ако почнеш да ги читаш книгиве кога ќе стигнеш до него ќе си разбереш се сам) и за крај мојот омилен Бастиат ( генијалец )
Секако слободно читај и учебници од економски...
,само види го прво и ефектот на нивните кадри.
Ако сакаш повеќе информации пиши ми ПП.
.
Јас пак прочитав едни книгички што ги најдов на нет („Како је настао новац“-Иван Пернар, „Земјата плус 5%“-Лери Ханиган, „Финансиски сустав и новац“-Нострадурус Загребачки) и така се заинтересирав за темава. Главно поентата која ја разработуваа таму е тоа дека денешниов економски систем нема опција според која би можел да се придвижи на подобро и дека е конструиран така да во крајна цел дојде до целосна приватизација на сите државни добра (и тоа на глобален план) од страна на веќе крајно забогатената класа луѓе на чело со сопствениците на светските банки.Така да ова кое што ти ми предлагаш и те како ми изгледа интересно!!! Само, кажи те молам дали има нешто од ова кое наброја на македонски (не дека не разбирам солидно англиски, само ми е понапорно и побавно ми иде читањето...), и дали ги имаш во електронски вид книгиве или треба да ги барам да ги купам?
Инаку сакам да добијам некои познавања од „официјалната“ економија, со цел да проценам подобро дали и колку има вистина во овие, како што со понижување ги нарекуваат „теории на заговор“ (искрено се надевам дека се само теории, но за жал изгледа дека сепак има доста вистина во тоа).
Фала ти што ми даде совет и предлог, и ако имаш уште нешто интересно да споделиш, слободно!!!
Голем поздрав!
--- надополнето: 21 септември 2012 во 20:18 ---
Еве ти линкови за книгите кои ти ги наведов
-The Law
http://library.mises.org/books/Frederic Bastiat/The Law.pdf
-The Road to Serfdom
http://www.iea.org.uk/sites/default/files/publications/files/upldbook43pdf.pdf
- The Constitutional Freedom
http://www.iea.org.uk/sites/default/files/publications/files/Hayek's Constitution of Liberty.pdf
-Capitalism and Freedom
http://www.scribd.com/doc/22791641/Milton-Friedman-Capitalism-and-Freedom
И од Кајгана не мора да се грижат содржината на сите 4 книги е слобода за кој сака да ги чита.Можеш одма да си ги симнеш.
End the Fed за жал ја нема на интернет ( дека е прилично нова книга и авторот не ја објави сам туку е преку издавачка куќа која секако сака да направи профит па не е пуштена за слободна употреба, јас ја имам купено таа на старо.Во секој случај би ти препорачал книгиве да си ги испринташ ( повторно го имаш правото ) дека мене барем полесни ми се за читање така.
.
Аха, сега видов дека си ми ставил линкови. Ги симнувам одма
Ако имаш инфо за нешто од ова на мк, кажувај
--- надополнето: 21 септември 2012 во 20:20 ---
Sekako beneamata
Inaku nemam vreme sega , za Kiril ke napravam upload na Ekonomija od Samuelson( ke se obidam da najdam srpska verzija), inaku mnogu e golema pa ostanuva za utre.
Фала ADVISOR, кога ќе имаш време стави линк, сигурно освен јас и некој друг ќе сака да ја симне!
--- надополнето: 21 септември 2012 во 20:29 ---
Дали те интересира во врска со започнување сосптвен бизнис или читсто информативно да имаш познавања или да имаш професионални познавања?
Ова е важно за да ти дадам насока, посебно ако е првата причина. Затоа што економијата што се учи по факултетите е воглавно за работење за големи бизниси а не е толку фокусирана на тоа како да започнеш сопствен мал бизнис, има многу поважни елементи кога почнуваш сопствен бизнис како на пример психолошките елементи.
Не, не е поради започнување на бизнис, за тоа од дамна увидов дека не ме бива и сигурно тоа не се учи од книги, треба да се има и некаков „бизнис“ карактер
Јас сум од оние створени да бидат мафтани (од оние кои ги бива за применета економија
)), да им должат, да ги лажат и т.н. Али тоа е, сите сме потребни на светов, хехе
Ме заинтригираа неколку книгички кои пишуваа за непријатната иднина која ја очекува денешниот економски систем, доколку сериозно не се реформира (погоре ги набројав во одговорот за Ристо), па сакам да проучам колку можам за да проценам дали тие тврдења држат вода.
--- надополнето: 21 септември 2012 во 20:32 ---
Освен Сашо Арсов и Михаил, би ја додала и Монетарна Анализа од Љубе Трпевски да ја прочита. Преубав опис и лесно сфатлива. Ако сака да знае што е денар, девизни пазари, девалвација, и монетарни стратегии книгата од Горан Петрески Монетарна политика. Даноците најубаво ти се објаснети кај Живко Атанасовски Даночен систем во РМ, бидејќи он го конструираше ДДВ-то.
Но прво четиво дефинитивно Таки Фити, од кога него ќе го простудираш ќе одлучиш дали си за микро или макро економија. После види детално што те интересира.
Ууууу, ме спремаш ти за следен гувернер на НБ, или министер за економија
Се шалам, фала ти, мора нешто од ова да дојде на ред!