Економија за почетници

Член од
17 септември 2012
Мислења
18
Поени од реакции
15
Немам завршено економија а образованието и струката ми се далечни на оваа наука, но поради определени причини сакам да започнам со нејзино проучување. Би бил благодарен ако оние поупатените дадат свое мислење, како еден лаик како мене најдобро би можел да навлезе во еваа тематика. Молам, според ваш избор, да препорачате наслови на книги, линкови или било каков друг материјал, преку кои сите оние со намера економски да се образоваат надвор од факултетите би можеле да стекнат базични знаења за основните принципи на микро и макро економијата (парите, банкарскиот систем, берзите, светските кризи, и т.н.) и сето она што сметате дека е важно човек да го знае за да не биде економска тутурутка :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
држи си се до физиката..
добро ти иде, баш денес те оговараше професорот ми ;)
 
П

Паган-др

Гостин
Можеш да пробаш со учебниците шо се за 4та година гимназиско. Економијата е на Лила Дамеска, а Бизнис учебникот на Таки Фити и Верица Хаџи Василева - Марковска. Овде ти е основата, имаш и менаџмент, зависи дали сакаш само општо, или повеќе делови да опфатиш.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.410
Поени од реакции
16.666
И јас би ти ја препорачал Основи на економија од Таки Фити :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Основи на економија од Таки Фити не е лоша........можеш мислам ископирана да ја најдеш.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Основи на Економиjа од Таки Фити, напишана е на прост jазик со многу примери коj секоj би можел да ги сфати. Сите книги на Таки Фити се user-friendly, во 4та средно имав учебник Бизнис и претприемништво исто од Таки Фити и одлично jа разбрав материjата. Учебникот е со зелена корица
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Јас би ти препорачал да не учиш економија. Економијата е само теорија и воопшто нема да ти биде интересна и нема да научиш тоа што сакаш. Барај литература за финансии. Ти препорачувам финански менаџмент од Сашо Арсов.
Прво прочитај ја Финансски пазари и институции од Михаил Петковски.

А пак ако веќе си запнал да учиш баш економија и да се потковаш со теорија за тоа како работи пазарот тогаш Економија од Таќи Фити.. мислам нема подобра..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Немам завршено економија а образованието и струката ми се далечни на оваа наука, но поради определени причини сакам да започнам со нејзино проучување. Би бил благодарен ако оние поупатените дадат свое мислење, како еден лаик како мене најдобро би можел да навлезе во еваа тематика. Молам, според ваш избор, да препорачате наслови на книги, линкови или било каков друг материјал, преку кои сите оние со намера економски да се образоваат надвор од факултетите би можеле да стекнат базични знаења за основните принципи на микро и макро економијата (парите, банкарскиот систем, берзите, светските кризи, и т.н.) и сето она што сметате дека е важно човек да го знае за да не биде економска тутурутка :)
Чим сите те молат нешто ај и јас да те замолам

Фридрих Хајек - The road to serfdom
,,,,,,,,,,,,.............- The constitution of Liberty

Милтон Фридман - Capitalism and freedom

Frederic Bastiat - The law

Ron Paul - End the fed


Јас би почнал од Фридман ( дека најдобро ги објаснува генерално економските проблеми и од каде потекнуват а и го прави истото на доста едноставен начин за сите да разберат),па Ron Paul ( овој човек ме натера да почнам да читам на темата иако во живот не ме интересирала економија,ЕND THE FED многу убаво објаснува за ВИСТИНСКАТА улога на централните банки и како се најголемиот кривец за денешните економски проблеми) па Хајек ( нема што да кажам ако почнеш да ги читаш книгиве кога ќе стигнеш до него ќе си разбереш се сам) и за крај мојот омилен Бастиат ( генијалец )



Секако слободно читај и учебници од економски...:noze:,само види го прво и ефектот на нивните кадри.


Ако сакаш повеќе информации пиши ми ПП.




.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Јас би ти препорачал да не учиш економија. Економијата е само теорија и воопшто нема да ти биде интересна и нема да научиш тоа што сакаш. Барај литература за финансии. Ти препорачувам финански менаџмент од Сашо Арсов.
Прво прочитај ја Финансски пазари и институции од Михаил Петковски.

А пак ако веќе си запнал да учиш баш економија и да се потковаш со теорија за тоа како работи пазарот тогаш Економија од Таќи Фити.. мислам нема подобра..
Мислам дека треба да го послушаш овој пост. Исто имаш и книга Финансиски пазари и институции од проектот 1000 книги во Читалната во ГТЦ која можеш да ја прочиташ.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Јас би ти препорачал да не учиш економија. Економијата е само теорија и воопшто нема да ти биде интересна и нема да научиш тоа што сакаш. Барај литература за финансии. Ти препорачувам финански менаџмент од Сашо Арсов.
Прво прочитај ја Финансски пазари и институции од Михаил Петковски.

А пак ако веќе си запнал да учиш баш економија и да се потковаш со теорија за тоа како работи пазарот тогаш Економија од Таќи Фити.. мислам нема подобра..
Kako moze da razbere finansiski menadzment i finansiski pazari i institucii ako nema osnova za ekonomija?

I jas ja preporacuvam Osnovi na ekonomijata od Taki Fiti.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Kako moze da razbere finansiski menadzment i finansiski pazari i institucii ako nema osnova za ekonomija?

I jas ja preporacuvam Osnovi na ekonomijata od Taki Fiti.
Не му треба. Што ќе му криви на понуда и побарувачка кога човекот го интересираат фјучерси и опции.Едното со другото има многу танка врска... Финанскски менаџмент е вистина потешка.. Бара основи од сметководство... ама совладлива е .. Сигурно најдобрата книга во цел факутлет ми беше Финансиски Менаџмент од сашо арсов.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Моја препорака е да не губиш премногу време на проучување на економијата, туку само енциклопедиски да прочиташ за значењето на основните термини. Економија е, да така кажам, помодна наука , затоа повеќе време посвети на проучување на стопанското право и историјата на економските односи
 
R

Rigel Kent

Гостин
Не му треба. Што ќе му криви на понуда и побарувачка кога човекот го интересираат фјучерси и опции.Едното со другото има многу танка врска... Финанскски менаџмент е вистина потешка.. Бара основи од сметководство... ама совладлива е .. Сигурно најдобрата книга во цел факутлет ми беше Финансиски Менаџмент од сашо арсов.
Ne go interesiraat fjucersi , opcii , hartii od vrednost , evrodolarski depozit itn .Bazicni znaenja go interesiraat :)


Немам завршено економија а образованието и струката ми се далечни на оваа наука, но поради определени причини сакам да започнам со нејзино проучување. Би бил благодарен ако оние поупатените дадат свое мислење, како еден лаик како мене најдобро би можел да навлезе во еваа тематика. Молам, според ваш избор, да препорачате наслови на книги, линкови или било каков друг материјал, преку кои сите оние со намера економски да се образоваат надвор од факултетите би можеле да стекнат базични знаења за основните принципи на микро и макро економијата (парите, банкарскиот систем, берзите, светските кризи, и т.н.) и сето она што сметате дека е важно човек да го знае за да не биде економска тутурутка :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom