R
Rigel Kent
Гостин
Samuelson e tatkoto na modernata ekonomija
Не си ме разбрал правилно. Ако јас не се сомневав во тие така наречени заговори, немаше ни да барам учебници од факултет. Но откако ќе почнам да ги гледам нештата по бистро (сега сеуште многу нешта ми се целосно непознати), сигурно ќе можам по правилно да преценувам што и колку е логично од сето тоа.Овде сите сериозни книги препорачуваат а тебе ти било онака за заебанција лол....
Не ти треба книги за тоа има цел куп видеа да јутуб. Колку и да изгледа возможно дека има некоја теорија на заговор реалноста е сосема друга. Во камено време секое племе било своја држава во античко време биле град држави, подоцна држави во иднина федерации и континенти за на крај или да се истапаме или да бидеме една нација. Може колку сакате да зборите за некој фамилии кој демек го контролираат светот последниве 100 години ама во индните 200 години кина ќе биде главна а сите тие еден по еден ќе ги снемува. Затоа и нема ништо од тие заговори едноставно тоа се само приказни за луге кој направиле многу пари користејќи го системот во кој живееле и работеле до максимум.
Ја заборави Ayn Rand. Кога веќе ги споменуваш Хајек и Фридман не ја заборавај и Ранд.Чим сите те молат нешто ај и јас да те замолам
Фридрих Хајек - The road to serfdom
,,,,,,,,,,,,.............- The constitution of Liberty
Милтон Фридман - Capitalism and freedom
Frederic Bastiat - The law
Ron Paul - End the fed
Јас би почнал од Фридман ( дека најдобро ги објаснува генерално економските проблеми и од каде потекнуват а и го прави истото на доста едноставен начин за сите да разберат),па Ron Paul ( овој човек ме натера да почнам да читам на темата иако во живот не ме интересирала економија,ЕND THE FED многу убаво објаснува за ВИСТИНСКАТА улога на централните банки и како се најголемиот кривец за денешните економски проблеми) па Хајек ( нема што да кажам ако почнеш да ги читаш книгиве кога ќе стигнеш до него ќе си разбереш се сам) и за крај мојот омилен Бастиат ( генијалец )
Секако слободно читај и учебници од економски...,само види го прво и ефектот на нивните кадри.
Ако сакаш повеќе информации пиши ми ПП.
.
Многу ми е жал што така размислуаш, сепак тоа се твои мислење немам мотив да ги сменам ама сакам да ти кажам дека од моја гледна точка реалноста е сосема спротивното од тоа што го тврдиш.Не, не е поради започнување на бизнис, за тоа од дамна увидов дека не ме бива и сигурно тоа не се учи од книги, треба да се има и некаков „бизнис“ карактер Јас сум од оние створени да бидат мафтани (од оние кои ги бива за применета економија)), да им должат, да ги лажат и т.н. Али тоа е, сите сме потребни на светов, хехе
Ме заинтригираа неколку книгички кои пишуваа за непријатната иднина која ја очекува денешниот економски систем, доколку сериозно не се реформира (погоре ги набројав во одговорот за Ристо), па сакам да проучам колку можам за да проценам дали тие тврдења држат вода.
--- надополнето: 21 септември 2012 во 20:32 ---
Ууууу, ме спремаш ти за следен гувернер на НБ, или министер за економија Се шалам, фала ти, мора нешто од ова да дојде на ред!
Многу ми е жал што така размислуаш, сепак тоа се твои мислење немам мотив да ги сменам ама сакам да ти кажам дека од моја гледна точка реалноста е сосема спротивното од тоа што го тврдиш.
Точно е дека одредени карактерни карактеристики се потребни за бизнис, но не е точно дека ако во моментов ги немаш дека не можеш да ги стекнеш ако се потрудиш. Ако мислиш дека имаш недостаток од социјални способности постојат многу психолошки книги и ментори кој користат најразлични техники за нивно стекнување. Затоа ти реков дека има книги кој ги покриваат ПСИХОЛОШКИТЕ елементи за бизнисот, што во овој случај се твојте лимитирани-верувања дека ги немаш потребните каратерни особини и способности и дека не можеш да ги стекнеш. Има голем број само-направени мулти-милионери кој некогаш биле тие кој не можеле да се адаптираат и имале недостаток од социјални споспбности, баш тоа за нив било поттик. Ова би било 100% подобро подрачје за апицирање на интелектот! Како и да е секој си има свои размислувања и носи одлуку за својот живот, поздрав.
Дури во моментов тоа да е така, таква група луѓе да не постои, иако „теоретичарите на заговор“ тврдат дека веќе постои (таа сепак не е толку мала но во споредба со останатата популација е екстремно мала) и контролираат огромен дел од светското богатство (може би не се ни 100-ина корпорации кои се распространети, поседуваат и управуваат со скоро сите бизнис полиња, а тие корпорации некои луѓе ги поседуваат, а банките, печатењето на пари и светскиот долг не се исклучок), економскиот систем има тенденција да ги создаде. Таа група дури и сега сеуште да се менува, нејзината променливост ќе се намалува како што ќе се спроведува глобализацијата, а нејзината сигурност се повеќе ќе се зголемува. Интересите до некаде им се косат, но кога елитата ќе се оформи на глобален план, тогаш и тоа косење ќе се намали од причина што тие кои ги имаат позициите ќе сакаат по секоја цена да ги задржат, а групата ќе станува се позатворена и претпоставувам наследна (како што и денес постојат фамилии кои со генерации се на врвот на светот, од економска перспектива). Системот функционира така што води до крајна концентрација на моќ, кое нешто мене лично не ми се допаѓа.Убаво те разбрав.
Ти кажувам дека не постои таен заговор на група луѓе затоа што таа група често се менува и скоро секогаш се косат нечии интереси за да биде стабилна. Ако до скоро британци/амери и по некој европеец беа главните фаци сега се повеќе има кинези, индијци, руси, мексиканци а допрва ќе им се придружуваат бразилци, индонезијци итн. Не е баш се така просто ама дефинивно е полесно да се контролира светот со централизација на моќта така да глобализацијата им иде во прилог, мада тоа им иде во прилог на сите и на обичните смртници.
Многу ми е жал што така размислуаш, сепак тоа се твои мислење немам мотив да ги сменам ама сакам да ти кажам дека од моја гледна точка реалноста е сосема спротивното од тоа што го тврдиш.
Точно е дека одредени карактерни карактеристики се потребни за бизнис, но не е точно дека ако во моментов ги немаш дека не можеш да ги стекнеш ако се потрудиш. Ако мислиш дека имаш недостаток од социјални способности постојат многу психолошки книги и ментори кој користат најразлични техники за нивно стекнување. Затоа ти реков дека има книги кој ги покриваат ПСИХОЛОШКИТЕ елементи за бизнисот, што во овој случај се твојте лимитирани-верувања дека ги немаш потребните каратерни особини и способности и дека не можеш да ги стекнеш. Има голем број само-направени мулти-милионери кој некогаш биле тие кој не можеле да се адаптираат и имале недостаток од социјални споспбности, баш тоа за нив било поттик. Како и да е секој си има свои размислувања и носи одлуку за својот живот, поздрав.
--- надополнето: 22 септември 2012 во 02:04 ---