Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
ako sugestijata e realna sila da prasam nesto
zasto ima nepravdi na svetov
zar samite luge sakale da im bide loso
primer siluvani deca paganje na avioni...
po taa logika site imale losa misla?!
Не е поентата што сакаш, туку што мислиш дека е неизбежно..дека е реално! Пример за тоа е хипнозата, кога хипнотизерот му сугерира на хипнотизираниот дека има нешто врело на раката, хипнотизираниот чуствува болка и многу често има дури и физиолошка промена - изгореница! Тоа незначи дека хипнотизираниот сакал да има врел предмет во раката, туку преку сугестијата бил убеден во тоа!
Се надевам ти објаснив! Поздрав:helou:
 
Г

Господ

Гостин

Ако не се лажам ова со изгореницава е поради тоа што кога си под хипноза,момакот што те хипнотизира ти го активира третото око и тоа работи на принцип mind over matter уствари материјализира се што ќе замислиш.
Бар така мислам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ти short1, ако веруваш во карма, како еден од најочигледните одрази на as above so below, тогаш оваа ставка од wiki * Eschatological beliefs, resulting to salvation for some and to damnation for others * (барем мене ми личи) треба да ти биде одговорена со Да. Реченицава не треба да се интерпретира како суво значење: на рај за лошите и пекол за злобните, туку повеќе како што си посеал, тоа ќе жнееш, на крајот од денот.
Би прашал нешто во врска со кармата што не ми е логично! Ако целта на кармата е правда преку казнување за лошите и наградување за добрите постапки, тогаш каде е логиката да го казниш или наградиш некој одкако ќе се реинкарнира и ќе биде друга личност или друго суштество? Казната и наградата имаат смисол само доколку тој што ги восприема е свесен за причината поради која тие се добиваат!
Имаше еден добар пример со Хитлер, кога се реинкарнира во невино девојче, кое нема искуства ниту сеќавање за постапките на Хитлер, а сепак ги чуствува последиците кој тој би требало да ги сноси! Јас барем негледам логика, ниту праведност во еден вака поставен систем!
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.667
Поени од реакции
11.699

Како ќе ти биде полесно/потешко, ако знаеш зошто си во затвор или ако си "неправедно" (во наводници) пикнат таму. Ако се родиш во семејство на психопати и малтретирачи и знаеш зошто баш кај нив си се родил, поради кармички причини или цел живот да се измачуваш прашувајќи се зошто "на правдина" (во наводници) баш тебе ти се случило тоа?
 
Не е поентата дали ќе ти биде полесно или потешко! Според мене казната и наградата имаат смисла само ако ја знаеш причината поради која се доделени! Зошто инаку во судски процес кога некого осудуваат го прашуваат дали го РАЗБИРА обвинението?
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.667
Поени од реакции
11.699
Не е поентата дали ќе ти биде полесно или потешко! Според мене казната и наградата имаат смисла само ако ја знаеш причината поради која се доделени! Зошто инаку во судски процес кога некого осудуваат го прашуваат дали го РАЗБИРА обвинението?
Епа ова не е судски процес, овде се работи за природен закон а лекцијата ќе ја разбереш т.е почувствуваш милум или силум, под притисок има да се дисциплинираш и однесуваш баш согласно со тежината на ситуацијата...ако пак не ја разбереш во овај или следниот живот има време и простор за учење колку сакаш... :toe:
 
А нема ли да биде пологично да се сеќаваш на се на претходниот живот и така полесно да разбереш зошто ти се случуваат лоши работи во овој?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
Би прашал нешто во врска со кармата што не ми е логично! Ако целта на кармата е правда преку казнување за лошите и наградување за добрите постапки, тогаш каде е логиката да го казниш или наградиш некој одкако ќе се реинкарнира и ќе биде друга личност или друго суштество? Казната и наградата имаат смисол само доколку тој што ги восприема е свесен за причината поради која тие се добиваат!
Имаше еден добар пример со Хитлер, кога се реинкарнира во невино девојче, кое нема искуства ниту сеќавање за постапките на Хитлер, а сепак ги чуствува последиците кој тој би требало да ги сноси! Јас барем негледам логика, ниту праведност во еден вака поставен систем!
Ако веруваш во карма и реинкарнација, тогаш грубо гледано, дискутабилно е твоето тврдење дека станува збор за друго суштество или личност (освен нели, во материјален смисол).
Сепак, упростено, твоето прашање би било: зошто не се сеќаваме на минатите животи ?.
Искрено, не знам.
Сум прочитал неколку објаснувања од разни автори, но не би можел да кажам дека ме задоволија, а некои и не ги разбрав баш.
Тоа што го знам, е дека не баш сите не се сеќаваат на минатите животи. Постојат прилично добро документирани случаи на помнење на минатите животи. Или пак случаи кога на субјектот му се помага да се сети, па со тоа и му се разјаснуваат некои моменти од овој живот.
Глобално, причините за инкарнирање ги знаеме сите: лично унапредување, се до достигање на целта (а тоа е "да се биде едно со Бог"). Па некој иде два напред, еден назад и така натаму.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.667
Поени од реакции
11.699
А нема ли да биде пологично да се сеќаваш на се на претходниот живот и така полесно да разбереш зошто ти се случуваат лоши работи во овој?
Полесно ќе биде, би сакал да беше така, ама обично внатрешната промена, душевната за жал се учи на потешкиот начин, уствари таа не се учи туку се чувствува, доаѓа до комплетна промена на личноста, карактерот...тестирањето е успешно единствено без знаење на студентот, така нема да има простор за итрошчини и превари, убедување и залажување...како што вика рекламата - или си или не си ЛАВ :)

--- надополнето ---

Ако веруваш во карма и реинкарнација, тогаш грубо гледано, дискутабилно е твоето тврдење дека станува збор за друго суштество или личност (освен нели, во материјален смисол).
Сепак, упростено, твоето прашање би било: зошто не се сеќаваме на минатите животи ?.
Искрено, не знам.
Сум прочитал неколку објаснувања од разни автори, но не би можел да кажам дека ме задоволија, а некои и не ги разбрав баш.
Тоа што го знам, е дека не баш сите не се сеќаваат на минатите животи. Постојат прилично добро документирани случаи на помнење на минатите животи. Или пак случаи кога на субјектот му се помага да се сети, па со тоа и му се разјаснуваат некои моменти од овој живот.
Глобално, причините за инкарнирање ги знаеме сите: лично унапредување, се до достигање на целта (а тоа е "да се биде едно со Бог"). Па некој иде два напред, еден назад и така натаму.
Некаде имам сретнто дека присеќањето на минати животи знае да биде и опасно затоа што можат да се вратат навики, фрустрации и проблеми што тогаш си ги поседувал...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Епа ова не е судски процес, овде се работи за природен закон а лекцијата ќе ја разбереш т.е почувствуваш милум или силум, под притисок има да се дисциплинираш и однесуваш баш согласно со тежината на ситуацијата...ако пак не ја разбереш во овај или следниот живот има време и простор за учење колку сакаш... :toe:
Како се вклопува слободната воља во оваа слика тогаш? Некако многу ми личи на концептот на монотеизмот! Апсолут кој ја наметнува својата воља и пат, при тоа давајќи слободна воља но наградува само ако се одбере одредена работа! хмм..
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.667
Поени од реакции
11.699
Како се вклопува слободната воља во оваа слика тогаш? Некако многу ми личи на концептот на монотеизмот! Апсолут кој ја наметнува својата воља и пат, при тоа давајќи слободна воља но наградува само ако се одбере одредена работа! хмм..
Па по слободна волја јас го претепувам некој или станувам премиер и крадам на велико ама потоа ќе си ги сносам последиците...акција и реакција, ако не во овај живот во наредниот, тука нема никакво наметнување на волја, исто како што нема ниту пекол нити рај...заебанцијата е тоа што ќе се најдеш во иста ситуација каква што си создал, можеби и тројно полоша/добра. Како што викаатквантните научници - ние сме креаторите и живееме согласно креацијата :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Лева/десна патека е многу неегзактна тема за разговор.
Бидејќи дефинициите се менуваат, со времето и просторот.
Поимите кои потекнуваат од Индија, во нивното изворно тантричко значење можат да се доведат во некаква корелација со модерното западно-окултистичко значење. Но сепак во изворна смисла немаат морално-етичка одредница.
Ова што си го земала од wiki е еден од објаснувањата на LHP и RHP според западната традиција.
Поимите на запад ги донесе Блаватцка и тоа е знак прашање колку ги пренесе изворно, а потоа им беа додавани или одземани разни нешта од разни еминентни и не толку емнентни автори. За на крај да стигнеме до црна-бела магија.
Да се разбереме, точно е да се зборува за црна магија=LHP и бела=RHP. Иако и поимите црна и бела можат да се релативизираат до бескрај. Но не е само тоа.
Можат и други одредници за LHP и RHP, да се дадат (скоро толку, колку што има автори). Ние можеме само да ја фатиме суштината. Според мене,таа сепак се поклопува (на најбитните места) со она значење кое го имаме во главите за црна и бела магија.

Јас мислам дека не постојат сиви магии (можеби во суштина не постојат ни црни, ни бели, ама тоа е друг муабет).
Повеќе системи не препорачуваат пружање помош, доколку таа не е побарана. Но исто така го прескокнуваат ова правило, во разни случаи. На пример доклку не може да ти биде побарана (се работи за мало дете или човек во бесосзнание), или пак може но од сосема други причини не е сторено тоа.
А тој муабет за интерференција во туѓиот кармички долг и со тоа евентуално менување на сопствениот, тоа остави го на сопствената интуиција и немај гајле, затоа што двигателот на твојата акција е алтруизам, давање, не можеш да си наштетиш. Во крајна линија не ли ти се чини дека доколку личноста треба да одработи кармички долг, секако дека ќе го одработи. А исто така, не ли ти се чини дека ти е пружена шанса, во склад со сопствената карма, да помогнеш некому.
А можеш и вака да гледаш на работите.
Не си му помогнала на некој кога ти била пружена шанса да помогнеш. Која е кармичката штета тука?
Во другиот случај, си покажала сочуство кон некој кој го носи својот тежок кармички товар. Има ли кармичка штета тука?
Плус, ако си спремна да практицираш а немаш духовна и ментална подготвеност, тешко тебе (да не навлегувам во ова сега). А ако имаш, тогаш големи се шансите да не погрешиш во тоа кога и кому да помогнеш.

Знам, дека овие духовни работи не се егзактни и можат да се релативизираат до бескрај.

Ти short1, ако веруваш во карма, како еден од најочигледните одрази на as above so below, тогаш оваа ставка од wiki * Eschatological beliefs, resulting to salvation for some and to damnation for others * (барем мене ми личи) треба да ти биде одговорена со Да. Реченицава не треба да се интерпретира како суво значење: на рај за лошите и пекол за злобните, туку повеќе како што си посеал, тоа ќе жнееш, на крајот од денот.
Точно дека овие патеки и магии не можат фино во категорија да се стават....во секој случај, се е релативно :toe:

Обично традициите не ти дозволуваат да помогнеш додека не те замолат за помош. Јас не смеам да испратам Реики на кого јас мислам дека му треба - затоа што тоа ја крши човековата слободна воља. Има само еден исклучок - ако болниот е во кома или ако е бебе (мало дете) во прашање.

Како сееш, така жнееш - да. Ама јас ја сфатив таа реченица као да ќе бидеш казнет за цела вечност. Тоа не го верувам. И не го гледам тоа буквално како казна - душата сама одбира на што ќе работи во наредниот живот....барем по мое сфаќање.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.667
Поени од реакции
11.699
Како сееш, така жнееш - да. Ама јас ја сфатив таа реченица као да ќе бидеш казнет за цела вечност. Тоа не го верувам. И не го гледам тоа буквално како казна - душата сама одбира на што ќе работи во наредниот живот....барем по мое сфаќање.
Душата сама бира само ако си пиостигнал одреден степен на будност, просветленост...уствари зависи за која душа зборуваме :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Па по слободна волја јас го претепувам некој или станувам премиер и крадам на велико ама потоа ќе си ги сносам последиците...акција и реакција, ако не во овај живот во наредниот, тука нема никакво наметнување на волја, исто како што нема ниту пекол нити рај...заебанцијата е тоа што ќе се најдеш во иста ситуација каква што си создал, можеби и тројно полоша/добра. Како што викаатквантните научници - ние сме креаторите и живееме согласно креацијата :)
Различни гледишта имаме, али и тоа е ок! Не сакам да бидам сватен погрешно, не дека јас би претепал некого без причина или нешто слично, но не е ли малку наивно целата таа "праведност" која и е припишана на кармата да биде чисто од човечки и алтруистички аспект? Еве да ппретпоставиме хипотетички дека некоја апокалипса го збришува човештвото, што автоматски значи дека реинкарнациите во човечка форма веќе се невозможни! Останатите живи ентитети кој останале во универзумот, немаат алтруизам и кармата ја сваќаат поинаку, без човечката перспектива за "праведност"! Како ќе докажеме дека нашиот поглед на работите е исправен а не нивниот!
Втора работа која некако не ми се совпаѓа е бројноста на ентитетите во универзумот! Таа бројка никогаш не е константна, некогаш е помала некогаш поголема! Од каде доаѓаат "екстра" душите ако сите се реинкарнираме?
 
Тоа не е праведност и неправда, тоа е само урамнотежување...
А тоа за екстра душите интересна работа, можеби не се инкарнираат сите на Земјата, можда и на други планети...немам сретнато нешто слично да читнам, ако навлеземе во тоа ќе заминеме во квантна физика и нивните претпоставки за паралелни универзуми. Интересна тема за размислување. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom