Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
До XIX век - мук! :D

Интересно предавање.
Тантра има подолга историја од западната сексуална магика (две работи кои не се исти но може да се најдат слични атрибуции и да се прават паралели) бидејќи таму го немало христијанството со неговото наметнување на вина во однос на овие работи! Површно кажано, вели професорот. :)

Like, prof. Pasi - like :)

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Како што вели и Марко Паси, штета што го имавме тука (и сеуште го имаме за жал со послаб интензитет) наметнувањето на вина и грев од страна на христијанските философи. :)
Затоа секоја лична слобода тука се гледа како Содома и Гомора од ЕВРЕЈСКИТЕ сказни, посебно ако не може да се има она што се осудува :)

П.С. Мора да потенцирам дека се еврејски. И да, добар бенд. Повеќето песни им се инспирирани од Кроули и философијата на Телема, слушни ја To Mega Therion. Иако мислам дека се/беа поврзани со Dragon Rouge повеќе... :)
 
D

Drexel

Гостин

Незнам колку се функционални Dragon Rouge денес но и германциве прават иста добра музика :coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Незнам колку се функционални Dragon Rouge денес но и германциве прават иста добра музика :coffee:
Не знам да ти одговорам. Премногу мала да кажам организација, а и локална врзана со Шведска и дали воопшто имаат пробано да се рашират барем на југ.

П.С. Не слушам таква музика, не можам да кажам дали е добра или не. Само музика со текст може некако да се поврзе со езотериските струи познати денес - вака, само со сликици собрани - потешко. :)
 
Со сето срце се согласувам но има една две техно што не ми излагаат од глава.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Со сето срце се согласувам но има една две техно што не ми излагаат од глава.
Секој различно го привлекува кога е во прашање звук, мирис, вкус и боја :)
Така се градат и самите ритуали одсекогаш...

Секогаш сето тоа е поврзано со една централна идеја, закон...
 
H

Hyperion VI

Гостин
Некој нешто во врска со "Babalon working" дали има следено?
Ова
Иначе првиот е Џек Парсонс(ракетен физичар,наркотичар и поранешен мајстор на "Агапе" ложата О.Т.О.(Калифорнија).
Вториот е Л.Рон Хабард(писател на научнофантастични ова...она,алкос и основач на Скиентолошка Црква,ама...претходно бил член на О.Т.О.... негде до кај 3ти степен)

1608945712279.jpeg 1608945554177.jpeg
 
Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
Конечно нешто паметно да се прочита и од тебе Гурџи, за цитираново браво, само тоа пред цитатов, што го изоставив кажува дека суетата уште ти е проблем. Кога ќе намалиш со навреди и простачки однос, ќе имаш почит од мене.
Ипси бре...абе кој ти бара почит? Јас од вас телетабисите барам да имате почит спрема Христијанството , да не плукате по истото. Се додека тоа го правите ќе ве рендам. Исто како што вие профаните ги сматрате за стока,јас вас телетабисите ве сматрам за магариња. Значи ако магарето е добро ќе му дадам шаргарепа, ако почне да рика тогај игра стап.

Колку што можев да видам овие денови на форумов се појавиле дечки кои ве рендаат до гола кожа. Ботко во џеп те стави море, ти останува само да си купиш едно ќебе и да се покриеш преку глава, ако разбираш од срам.
Овој Хиперионот живи ве дере...свака му част на дечкото! Ко рак ...ве јаде живи од внатре.
Уште покажува некои слабости и има респект спрема вашата секта, али по мене тоа му е слабост. Дечкото на време се освестил за да види дека вашата секта нема цел, дека води во ќорсокак, сите религии нудат некоја цел, само кај вашата секта ја нема. Примерот што му го кажав го разбра персонално, а не беше наметет за него, него за вашата секта. Ќе го повторам.....ако целта ти е да идеш за Белград, тргнеш на пат, по патот ти е се мед и млеко,како што вели вашата секта, дека самиот пат е целта... и стигнеш во Берлин....не си ја постигнал целта, напротив си ја промашил. Промашен живот!!!
Абе ти провинцијалец си бил, па овие скопјаните такви тражат, доселени, за да тие се прават гратски.Жив ќе те јадат еј....
Видиш хепта, итро кроти, како желка се повлече во својот оклоп. Разбра дека Хиперионов е како ранет лав, се живо гази пред неговиот пат. Не го провоцира. не го контра, не смее да го изнервира, него кротко оди и не дига прав повеќе на форумов. Ако го испровоцира ќе го јади стапот....затоа мудро молчи.

Со љубоффффф....
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси бре...абе кој ти бара почит? Јас од вас телетабисите барам да имате почит спрема Христијанството , да не плукате по истото. Се додека тоа го правите ќе ве рендам. Исто како што вие профаните ги сматрате за стока,јас вас телетрабисите ве сматрам за магариња. Значи ако магарето е добро ќе му дадам шаргарепа, ако почне да рика тогај игра стап.

Колку што можев да видам овие денови на форумов се појавиле дечки кои ве рендаат до гола кожа. Ботко во џеп те стави море, ти останува само да си купиш едно ќебе и да се покриеш преку глава, ако разбираш од срам.
Овој Хиперионот живи ве дере...свака му част на дечкото! Ко рак ...ве јаде живи од внатре.
Уште покажува некои слабости и има респект спрема вашата секта, али по мене тоа му е слабост. Дечкото на време се освестил за да види дека вашата секта нема цел, дека води во ќорсокак, сите религии нудат некоја цел, само кај вашата секта ја нема. Примерот што му го кажав го разбра персонално, а не беше наметет за него, него за вашата секта. Ќе го повторам.....ако целта ти е да идеш за Белград, тргнеш на пат, по патот ти е се мед и млеко,како што вели вашата секта, дека самиот пат е целта... и стигнеш во Берлин....не си ја постигнал целта, напротив си ја промашил. Промашен живот!!!
Абе ти провинцијалец си бил, па овие скопјаните такви тражат, доселени, за да тие се прават гратски.Жив ќе те јадат еј....
Видиш хепта, итро кроти, како желка се повлече во својот оклоп. Разбра дека Хиперионов е како ранет лав, се живо гази пред неговиот пат. Не го провоцира. не го контра, не смее да го изнервира, него кротко оди и не дига прав повеќе на форумов. Ако го испровоцира ќе го јади стапот....затоа мудро молчи.

Со љубоффффф....
Да плукаш по нешто е на пример кога тврдиш дека некој има секс на гробишта или се дрогира на гробишта а знаеш дека истото е безброј пати демантирано. Да плукаш е кога некого наместо Телемит го нарекуваш телетабис. Кога го нарекуваш магаре, кога спомнуваш фамилија и слично. Тоа е плукање, јас никогаш не се занимавам со личноста, дискутирам за темата, образложувам зошто имам таков и таков став. Ако аргументите не ти одговараат и те навредуваат, тогаш тебе ти смета вистината а не плукањето. Ти не ни знаеш да објасниш зошто не ја сакаш Телемата, го верглаш тоа со гробиштата и дрогите како расипана плоча, омразата не ти дава да видиш кои се аргументите, полн си со заблуди и стереотипи. Да имаше непристрасен ум, ќе видеше кој е ,,изрендан" ама омразата не ти дава.... Пробај да дискутираш со факти па да видиме до каде ќе стигнеш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Вториот е Л.Рон Хабард(писател на научнофантастични ова...она,алкос и основач на Скиентолошка Црква,ама...претходно бил член на О.Т.О.... негде до кај 3ти степен)
Алкоси како што велиш дека бил Хабард, не може да напредуваат во О.Т.О., не може ниту во О.Т.О. - не оди тоа така! Може да си создаваат свои цркви, да си гледаат своите хирови - но не може туку така да напредуваат во О.Т.О. - тоа е факт.

Малку историја за О.Т.О. при крајот на животот на Кроули, да се научи нешто повеќе и да се заинтересира некој повеќе.

Џек Парсонс е познат лик... за него нема што да се зборува... има доволно инфо.

За вториот лик многу е дискутабилно дали бил воопшто во О.Т.О. не пак III степен. Не знам од каде информацијата дека воопшто бил инцииран во О.Т.О., уште помалку информацијата дека бил токму III степен.

Тоа што бил инволвиран со Парсосн не значи дека бил и во О.Т.О., сите имаме пријатели кои се инволвирани во нашите животи - тоа не значи дека се во О.Т.О.
Во тоа време О.H.O. сеуште е Кроули и е во директна врска со Парсонс... и има голема критика за тоа што правел Парсонс во врска со овој лик.
Во тоа време е напишано и писмото до МекМартри од Кроули и му дава авторитет да го преземе раководењето на О.Т.О. во Америка со вето само од Гермер, а една година подоцна и писмото од Кроули кое на Хименеус Алфа му дава авторитет со кој, 20 години подоцна, ќе успее да го воскресне Редот од пепелта како феникс.

Единствена информација што ја сретнав во врска со Хабард е дека август 45-та се среќаваат овие двајца (Парсонс vs Хабард) за да во 46-та изведуваат глупости како што пишува и Кроули во коренспонденцијата со Парсонс и другите :)

И по неколку месеци се разминуваат... сигурно не успеал за неколку месеци да биде III - Кроули не би дозволил такво нешто дури и ѓаволот да му ги нуди сите царства на Земјата! :D

П.С. Кроули го нарекува Хабард измамник иако никогаш не се сретнале во животот, сето тоа од преписките со другите членови.
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
Некој нешто во врска со "Babalon working" дали има следено?
Ова
Мене ме интересираше конкретно "Babalon Working".
Можеби и не требаше да пишувам C.V
за учесниците.
Алкоси како што велиш дека бил Хабард, не може да напредуваат во О.Т.О., не може ниту во О.Т.О. - не оди тоа така!
Да секако,само за тој податок не бев баш сигурен(се немам запивано со него),само на едно место имам прочитано,онака му лупнав етикета,
за да му парира на Парсонс :)
И по неколку месеци се разминуваат... сигурно не успеал за неколку месеци да биде III - Кроули не би дозволил такво нешто дури и ѓаволот да му ги нуди сите царства на Земјата! :D
Дека бил член на О.Т.О. ми е сигурен податок.
А иначе Кроули си фрлал степени од ракав,(секако на свои луѓе).
Не бил баш толку "етичен",како што го презентираш ти,
во поглед на поклонувањето степени.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Инает сега и ти терање, и пак старата форма „ќе зборуваме негативно за О.Т.О.“, фати научи историја малку има книги за тоа доволно...
Постојано зборување намерно напамет ствари колку да се зборува сешто :)

Кроули се расфрлал со степени мхм, уште малку па вистина :)
Кроули за едно погрешно размислување или натегање бркал од Редот и не ја размислувал многу. Авторитет е авторитет. Па ти си гледај понатаму чекорите низ животот.
Вакви ставови како степени се делеле онака колку да се делат се размисли и обид на дискредитирање и на Кроули и на Редовите со кои управувал од оние кои не ја поднесуваат Телема и истите Редови кои го прифатиле Законот.
Знаеме кои се тие... но не можеме да им помогнеме. :)

За ритуалите кои ги правеле Хабард и Парсонс се копија на оние кои ги правеле Нојбург и Кроули во Алжир кога излегува Liber 418, енохијанска магика мислам, само не знам дали модифицирани дали не... и како.
По тоа што имам читано коренспонденции на Парсонс и Кроули (првиот го информирал Кроули што правел) чудни ствари правеле и Кроули не бил задоволен што се „скокаат чекори“ во целиот магиски процес.
Знаел дека тоа не води кон добро - затоа и почнува со историските писма кои ги праќал за директна авторизација ако системот однеднаш заглави заради луѓе и нивните постапки - магиски или не.

Кроули не бил будала, само знаел дека Книгата на Законот му кажа дека каква карма ќе има и тоа е тоа... нема бегање.
 
D

Drexel

Гостин
Некој нешто во врска со "Babalon working" дали има следено?
Ова
Иначе првиот е Џек Парсонс(ракетен физичар,наркотичар и поранешен мајстор на "Агапе" ложата О.Т.О.(Калифорнија).
Вториот е Л.Рон Хабард(писател на научнофантастични ова...она,алкос и основач на Скиентолошка Црква,ама...претходно бил член на О.Т.О.... негде до кај 3ти степен)

Прегледај го приврзокот 278461Прегледај го приврзокот 278460
Обидот на парсонс до мое разбирање нели е дека преку физичкиот секс се создава чудото на животот тоест физичко дете. Каде преку самиот акт на секс на машко и женско оваа создавање на моќ и бесмртност се отсликува на сите нивоа а во овој свет резултира во создавање дете. И преку соединенување на машка и женска енергија преку физички секс но без намера да се создаде физичко дете, самиот build-up на енергија во специфичен ритуален сеттинг енергијата од сексуалниот чин е форсирана да тече на назад во двајцата партнери резултирајќи не во физичко, туку астрално “дете” дали тоа може да се нарече како такво бидејќи не постои но составните бесмртни елементи на тоа “астрално дете”постојат и овие се тие составни елементи што се реапсорбораат во двата партнери за постигнување на тој “Godhead” Каде богови и божици како претходни адепти на мистериите стануваат тоа што природата го овозможува, но опасноста во целиот процес лежи во губење на поентата на светоста на сексуалниот чин и запаѓање во не-света сексуалност тоест обично ебење, Ако се би се одвивало според книга тогаш би довело до внатрешен магичен развој кој исто би значел и надворешен магичен развој. А сето ова за (навистина се извинувам што го употребувам зборот и јас го нејќам :LOL:) неиницираните, им изгледа како абоминација а всушност не е бидејќи е сосема возможно во природни закони, кои за некои се природни а за други перверзни. Оти специфичен секс води до enlightenment и сопствен развој, ако некаде имам пропуштено нешто нека дополни некој или целосно ме поправи.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Обидот на парсонс до мое разбирање нели е дека преку физичкиот секс се создава чудото на животот тоест физичко дете.
Целата сказна ја има во романот на Кроули со наслов „Месечево дете“. Ја има на македонски јазик - може да ја прочиташ. :)

П.С. Ја има и на англиски по нетов и така може да ја прочиташ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom