Сега сфатив дека Ботко има најдено апокрифна Книга на Законот,којашто не е официјално прифатена од "Врховниот Совет" и "Ареопагус-от",а историски датира од Атлантида или Лемурија,значи Новиот Еон бил запечатен илјадници години,пред да биде прокламиран од Светиот Пророк Алистер Кроули?
Но "Советот на мудреци",намерно ја има осквернавено,па дури забранил и да се коментира,при што се прифатени само 3 од мноштвото "новоеонски" евангелија ?
П.С. Ако имаш скенирани папируси од апокрифните книги слободно постирај ги.
Не можам, тоа се строго забранети писанија кои Кроули ги напраи апокрифи у
А.'. А.'. Ќе ти кажам само нешто, изнад Тријадата на Хермитот има уште една Тријада, позади Трите Вела на Мистичното. Толкувањето на све таму оди според ова:
Stélé TúT е Правилото на Создавањето, изброј го добро името негово и за тебе ќе биде 718, 71.
Не можам да кажам повеќе.
Инаку, во поозбилна нота, заинтересиран сум да те прашам за мислења како некој што е упознаен со Телема и ја разбира подобро.
Моите замерки за О.Т.О. се различни од тие за Телема.
1. О.Т.О. како секоја социјална структура базирана на некои верувања се претвара у култ. И така испаѓало со сите верувања на крај. Колку и да се супер премисите на кои се темелат у основа, биваат сјебани. Култот не мора да го обожуе Кроули, во ред, ќе го убијат Буда по пут, ама пак ќе бидат социјална структура подложна на истите динамици што важат за сите структури. И тука глеам дека се слагаме.
Околу Телема. Телема, од друга страна, е религија која се базира на неколку недокажливи премиси:
1. Ајваз му го кажало Законот на Кроули, Кроули е медиум. Никој не знае дали Ајваз му кажало нешто на Кроули или он го смислил. Но ако ја земеме историјата на Кроули со будизам, кабала/Златна Зора, христијанство итн. очигледно е дека Законот и сѐ остало е сублимат од животните искуства на Кроули. Дали мислиш дека е возможно Кроули да не добивал инструкции од „Виша интелигенција", туку Законот да е сублимат на неговите размисли? Ако не, зошто?
2. „Волјата" е сумњив концепт. Тоа што Телемитите го викаат „Воља" и му даваат терансцендентални метафизички својства, психологијата го нарекуе личност. Природата на личноста не се менуе толку од социјалните околински фактори, детерминирана е од законите на генетиката во голема мера иако и ова е комплексна дебата у која не ми се навлага. Добро е секој да си ја спознае природата и да го праи тоа што му е Волја, совет што е тачен од страна на Кроули. Кога превземаш наметнати правила од други личности, со други инклинации, не биваш среќен. Но играта на природата е таква што, честопати, природата на многумина (психопати, луѓе што сакаат моќ итн.) е да им се мешаат на другите Волји. Телемитите ќе кажат дека тоа не е нивната природа/Волја избегнувајќи ги доказите што им го побиваат законот. Тоа се вика ад хок хипотеза и е Лажен Шкотланѓанец. Сите вери ги праат, јебига. Затоа се вери. Можда Духот на Хегел вклучува све, со све сентиментите и другите „неволеви" аспекти кои се структури на Умот и го градат духот како дел од Волјата. Никој не би знаел. Хегел троа подлабоко го глеа историцизмот што Кроули наивно си го замишља со братствата, на ниво на пантеистичко толкување на Светот. Проблемот е што Телемата не е ексклузива, туку се темели на идеи кои, рециклирани на милион начини у историјата, се аспект од метафизиката и онтологијата.
Која е твојата позиција по ова прашање?
Останатото е Кабала, гематрија и други нумерички игри што не кажуваат ништо за стварноста поише од решавање судоку според мене. Тие и гностичките искуства се дел од стварноста и кажуваат нешто за Свеста која е сегмент од Универзумот, но исто толку како и било кое религиозно искуство и математичка калкулација во Умот. Све се тоа аспекти у феноменологијата на Умот, значајни за одгатнување на Свеста на феноменолошко ниво. Самата наука е аспект од Свеста, све што е вербално/математичко/емотивно и секакво во Умот е квалитативна особина на истиот, а тоа можда кажуе нешто за некој панпсихистички/пантеистички сублимат на Бог. И можда сите ние сме аспекти од Брахманот или штокуридае. Можда се све ова илузии у нашите умови затворени во феноменолошкиот свет. Ја не знам. Дали мислиш дека гностичките искуства сами по себе со доказ за било што или можеби се само илузии?
Озбилно прашуем.
74, 368