Законот на Телема

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Дел од претходниот пост:
„...Авторот се нарече себеси Аиваз (Aiwass) и тврдеше дека е "пратеник на Хоор-Паар-Краат", т.е. пратеник на силите кои што сега владеат со земјата...„

А ова е од Христа:
„...Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет (лукавиот) и во Мене тој нема ништо...„ (Јован, 14.30)
Библијата не е напишана од Исус, може е напишана од истиот што го цитираш („Кнезот на овој свет“).
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Библијата не е напишана од Исус, може е напишана од истиот што го цитираш („Кнезот на овој свет“).
Па ако он ја напишал сме го ебале ежот.
Мада не верувам он си има свое дело: сатанистичката билблија кое е многу добро четиво за сите што поштујат добро запален оган пред Божиќ.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Па ако он ја напишал сме го ебале ежот.
Мада не верувам он си има свое дело: сатанистичката билблија кое е многу добро четиво за сите што поштујат добро запален оган пред Божиќ.
Сатанистичката библија колку што знам е од Anton Lavey :)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Филозофија или Религија?
Временски определена или безвременска(what after the Eon of Horus)?
Will or whim? :)
Иницијација во одредени кругови за здобивање титула "Телемит" или слободно себепрогласување за таков?
Должност кон Законот(Liber Al) или апсолутна слобода на Волјата?
Дали Законот е за сите?И дали секој може да ја осознае сопствената врховна Волја?(Не би сакал да се сведеме на христијанскиот дебилизам дека немите луѓе ќе одат во пеколот затоа што неможат да се исповедаат)

SUKON...will you be kind?

93
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Филозофија или Религија?
Временски определена или безвременска(what after the Eon of Horus)?
Will or whim? :)
Иницијација во одредени кругови за здобивање титула "Телемит" или слободно себепрогласување за таков?
Должност кон Законот(Liber Al) или апсолутна слобода на Волјата?
Дали Законот е за сите?И дали секој може да ја осознае сопствената врховна Волја?(Не би сакал да се сведеме на христијанскиот дебилизам дека немите луѓе ќе одат во пеколот затоа што неможат да се исповедаат)

SUKON...will you be kind?

93
Не ќе се сведеме на дебилизмот на Алистер Кроли.
Со него под рака и се ќе ни биде поубаво.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Практично.
Со намален фонт од ова би си направила тефтерче и би си читала по воз.
Just like smart quotes about life.
Во некој пост поназад а може и се лажам прочитав дека книгата има дејство...re he he ealy? :)
Ја имам прочитано,назад во времето кога всушност посакав да се заинтересирам за ова дело.Иако,наоѓам сврзни точки и со сциентологизмот(неемојте одма со напаѓања јас така гледам,ѕвезди космос бла бла :)).
Можеби не сум избраник,ама чувството после прочитаново дело ми беше како да сум земала да читам речник. :)ОСвен тоа што хеј,има добар стар англиски.
Јунг гравче го направи Crowley со неговата психолошка гледна точка кон делото.

Ted Nu! (gent)
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Филозофија или Религија?
Временски определена или безвременска(what after the Eon of Horus)?
Will or whim? :)
Иницијација во одредени кругови за здобивање титула "Телемит" или слободно себепрогласување за таков?
Должност кон Законот(Liber Al) или апсолутна слобода на Волјата?
Дали Законот е за сите?И дали секој може да ја осознае сопствената врховна Волја?(Не би сакал да се сведеме на христијанскиот дебилизам дека немите луѓе ќе одат во пеколот затоа што неможат да се исповедаат)

SUKON...will you be kind?

93
После Еонот на Хорус, Хрумакис ќе го заземе неговото место (за неговиот Еон не можам ниту се осмелувам ништо да претпоставам, ваков каков што сум неук...

Постојат луѓе кои никогаш не чуле за Кроули, ниту за Телемата а уште помалку за Книгата на Законот а живеат потелемитски и од некои иницијанти(значи никаква титула тебе нема да ти помогне ако си со главата во песокот, песокот на Озирисовиот Еон и упорно не ја подигаш главата(или Еонот на умирачките богови)

Законот всушност и ја прокламира Апсолутната слобода на Волјата.

Да! Законот е за сите и секој може да ја спознае сопствената врховна Волја (прочитај го мојот потпис)...секој може да постигне степен на "Божественост"...Ако Исус би бил (ова хипотетички на квадрат) член на О.Т.О. отприлика би бил 7 степен...значи во секој од нас има латентен потенцијал за изведување на Големото Дело...Тоа низ вековите биле најстрого чувани тајни кои се пренесувале низ херметички редови на тесен круг на луѓе, но Кроули им рекол(само парафразирам(поздрав до Братот Б)): Кој ве ебе вас и вашите тајни, еве ги сите разоткриени.

Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел закон

Уште некои прашања со одговори:

Каков е односот меѓу Ordo Templi Orientis и Wicca?
О.Т.О. не е Wicca-нска ниту Паганска организација. Сепак, членството во О.Т.О. не е неспоиво со Wicca или Паганизмот. Џералд Гарднер, кој општо се смета како заслужен за воспоставувањето на модерното Wicca и кој го сковал тој термин, бил под длабоко влијание на Кроулиевото дело и бил иницијант на О.Т.О. Бројни членови на О.Т.О. исто така се сметаат себеси за Wiccani.

Каков е односот меѓу О.Т.О. и Слободното Ѕидарство?
О.Т.О. на почеток беше асоциран со одредени европски ритуали на Слободното Ѕидарство, но одамна е одвоен од самото Масонство. Членството во О.Т.О. е компатибилно со членството во повеќето Масонски организации.

Дали О.Т.О. е религија?
Не, О.Т.О. е религиозна организација и магиско братство кое работи во рамките на поширокиот контекст на спиритуалната филозофија позната под името Телема, која технички може да се смета за религија.

Јас сум Будист/Wiccan/Католик/Баптист/Друид и т.н. Дали можам да останам таков и да се зачленам во О.Т.О.?
О.Т.О. не наметнува ограничувања на верувањата од своите членови или на низните здружувања со други организации кои не се обидуваат да ги прекршуваат правилата и дејствувањето на О.Т.О. Сепак од членовите со висок ранг се очекува да избегнуваат учество во други групи кои би му го одзеле времето и енергијата што треба да ја посветат за исполнување на обврските од О.Т.О.

Дали Алистер Кроули беше сатанист?
Алистер Кроули беше систематски и научен истражувач на религиозните практики, техники и доктрини. Како таков тој изведуваше посветени вежби на Сатаната исто како и на Исус Христос, Девица Марија, на разни божества од Египетските и хиндуистичкиот пантеон, на Јехова како и на Алах. Во едно време или еден друг Кроули беше Атеист, Политеист, Монотеист, Будист и Паган. Во 1904 год. тој стана Пророк на Новиот Еон и основач на религиозното, магиско и филозофско движење наречено Телема, преку примањето на Либер АЛ вел Легис, Книгата на Законот.

Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел закон

П.С. на коментарите во смисла дебилизам, гравче или стар англиски не планирам да реплицирам, ако на некого не му се допаѓа темава, слободно нека ја заобиколи.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Слободната воља е најголемиот дар, што ни е даден. Колку и да сме успешни во нејзиното спознавање, па потоа спроведување, - таа е сепак резултат на наша лична резолуција. Доколку таа одлука не е во склад со правилата врз кои почива овој свет, ќе трпиме последици.
"Нашата воља е и божја воља" - ова не е секогаш точно, токму поради фактот што нашата воља е слободна воља. Тоа е всушност најбитниот "божји дел" кој како луѓе ни е даден - слободата да одлучуваме, но во склад со законитостите околу нас. Односно нашата одлука е дали ќе одиме против нив или во склад со нив. Нашата слободна воља лежи и во фактот што тоа свесно го правиме, односно можеме да ги спознаеме божјите законитости и да избереме свесно да дејствуваме во склад или не, со нив.
Бидејќи ние не сме совршени, не секогаш се манифестираме во правец на носечките законитости. Финтата е во текот на постоењето што "побрзо да се приближиме до изворот".
Ако подлабоко се разгледа учењето базирано врз "Прави што ти е воља" и врвната поставка врз која е се создадено и врз која се функционира (а тоа е: "Како што е горе така е и доле"), тогаш приметувам дека "Прави што ти е воља" доаѓа во судир со другото и за мене не би можело да биде исправниот пат.

Во секој случај ова е само мое мислење и секој сам треба преку сопствено искуство да дојде до исправни заклучоци (па ако треба и преку донесување на погрешни заклучоци).

1307 напиша:
...Ако подлабоко се разгледа учењето базирано врз "Прави што ти е воља" и врвната поставка врз која е се создадено и врз која се функционира (а тоа е: "Како што е горе така е и доле"), тогаш приметувам дека доаѓа во судир со другото и за мене не би можело да биде исправниот пат...
Moрам малку да појаснам:
Ништо не може да дојде во судир со "Како што е горе така е и доле".
"Како што е горе така е и доле" е всушност реалноста. Така стојат работите.
Туку, доколку дејствуваш според "Прави што ти е воља" (така како што е дадено во учењето на Кроули), кога тогаш ќе добиеш фидбек кој нема да ти биде по воља. Затоа што не сме Господ, а сме луѓе со слободна воља.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ништо не може да дојде во судир со "Како што е горе така е и доле".
"Како што е горе така е и доле" е всушност реалноста. Така стојат работите.
Туку, доколку дејствуваш според "Прави што ти е воља" (така како што е дадено во учењето на Кроули), кога тогаш ќе добиеш фидбек кој нема да ти биде по воља. Затоа што не сме Господ, а сме луѓе со слободна воља.
Она што паметните уживаат да го употребуваат, ignorance is bliss, е токму она кое ги враќа на самиот почеток и ги прави нив игнорантни. Можеш да веруваш и да се надеваш на што сакаш, практиката и билијардите примери покажале дека никој не може да избега од судот.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Како и дали Кроули ја спроведувал сопствената волја?
Можат да се најдат многу податоци за низа негови активности од секаков тип. Не навлегувам во вистинитоста, но и половината од тоа да е вистина, многу е. Кога сите би размислувале на сличен начин (а денес многумина го прават тоа) не би останало место за повеќе традиционални вредности. Од друга страна, барем не бил лицемер.
Уметничката вредност на неговите книги ми е сомнителна, преценета. Сепак посредното влијание на типот е неверојатно големо, па Алестер Кроули се наметнува како крупна фигура во западниот езотеризам, популарната култура...
Во неговите дела согледувам бунтовност (сепак родителите му биле верски фанатици) и еден речиси нечеовски отпор кон христијанството
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Прави што ти е Волја и тое нека биде цел Закон

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] Алистер Кроули е роден во Leamington, Warwickshire, на 12 Октомври 1875 како единствен син на богат пивар. Имаше сестра која умре набрзо по раѓањето и неговата единствена врска со деца на негова возраст беше со неговиот братучед. Младиот Кроули беше одгледан во строг Христијански дом. Неговиот татко Едвард беше проповедник во сектата позната како Плимутски Браќа (Plymouth Brethren.) Во 1881 фамилијата се пресели во The Grange, Redhill, Surrey и во 1884 Кроули беше пратен во евангелистичко школо Св. Леонард, за да биде префрлен во школо во Кембриџ само по една година. Неговиот татко умира во 1887 и младиот Кроули беше отстранет од школо две години подоцна. Тие две години подоцна ги опиша како "години на невидено измачување". Толку бил сурово малтретиран што неговото здравје сериозно било нарушено. Од психолошка гледна точка човек може да замисли дека во овие години се формирало Кроулиевото антихристијанство. Сепак, приказната не е така едноставна.
Кроули беше преместуван во разни школи. По смртта на татко му неговата фамилија беше водена од мајка му Емили Берта и чичко му Том Бонд Бишоп. Овој период Кроули го спомнува како време на присилување и хипокризија. Неговиот презир особено е насочен на овој период и тогаш ги формира своите ставови за т.н. Христијанство кое речиси го убило, го измачувало во неговите младешки години и го држело настрана од природната љубопитност. Во детството нему му било дозволено само да ја чита Библијата дома. После повеќе години поминати во разни школи тој ги завршил студиите по хемија на Кралскиот Колеџ во Лондон за да влезе во Тринити Колеџот на Кембриџ следниот семестар.
Кроули планирал да стане хемичар и имал некоја неодредена идеја за дипломатска кариера, но никогаш не дипломирал на Кембриџ. Наскоро започнал да се интересира за религиозни студии и пројавил особен интерес кон Алхемијата. Во текот на планинарска експедиција на Алпите налетал на еден Англичанец во барот, кој откако го слушнал Кроули кај што дрдори за Алхемија, му ветил дека ќе го запознае со човек кој имал слични интереси. Ова бил почетокот од Кроулиевата авантура во Магиката. Дома во Англија бил запознат со Херметичниот Ред на Златна Зора, на кој му се придружил во 1898 и го зел мотото PERDURABO - "Ќе истрајам до крајот".
Потоа се здружил со членот од Редот Алан Бенет, инженер кој исто така бил присвоен син на парот Матерс и со него Кроули имал пријателски врски повеќе години. Матерс Мек Грегор бил водач на Златна Зора.
Бенет станал ментор на Кроули и го тренирал во основите на ритуалната магика. Бенет бил магичар со извонредни способности, а Кроули многу бил приврзан кон него и му се восхитувал. Во апартман во Chancery Lane во Лондон Кроули ги извел некои од неговите први експерименти во ритуална магика под водство на Бенет и еден друг негов ментор George Cecil Jones. Џонс подоцна ќе стане со-основач на A.'.A.'., додека Бенет, кој страдал од астма, се преселил во Цејлон (денес Шри Ланка) и станал будистички монах. Подоцна тие се среќаваат во Цејлон, каде Бенет го тренирал Кроули во Будизмот, јогата и медитацијата. Бенет умрел во 1923 после мисионерската посета на Западот со цел да го донесе Будизмот во Европа. Во последните години од животот на Бенет неговите контакти со Кроули значително се намалиле.
Еден аспект од Кроулиевата необична репутација е поврзан со неговата магиска кариера, а друг со неговиот поглед на сексот и сексуалниот израз. Кроули на рана возраст ги имал своите сексуални искуства со жени, но наскоро открил дека е бисексуалец со присутни тонови од садомазохистичка природа. Во времето на Кроули хомосексуалноста од секој тип била забранета со закон и без сомнение Викторијанските ставови за сексот, кој се уште владееле во претходниот век, немале никакво разбирање за било какво експериментално сексуално изразување. Кроули за време на неговите студентски денови играл шах и пишувал поезија, исто тогаш го сретнал и Jerome Pollitt. Кроули имал неколку сексуални авантури со Pollitt, и иако Кроули не бил изразен хомосексуалец, неговите бисексуални одлики го зголемиле необичниот гламур кој Кроули го имал тогаш и после неговата смрт. Во тие години и подоцна во неговиот живот тој напишал особено нагласена порнографска поезија и проза, од која голем дел бил запленет и уништен од царината на Нејзиното Височество. Многу од нив се особено комични. Други бил наменети за приватни цели, без намера да бидат печатени. Неколку копии од неговите дела преживеале, а некои од нив се наново издадени. Кроулиевите разновидни дела се издадени во поново време и има доста во печат.
[/FONT]
Љубовта е закон, љубов под Волја
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
"Do what thou wilt shall be the whole of the Law."
"There is no law beyond Do what thou wilt."
"...thou hast no right but to do thy will. Do that and no other shall say nay. For pure will, unassuaged of purpose, delivered from the lust of result, is every way perfect."


-Обврска кон себеси

1. Find yourself to be the centre of your own Universe
-"јас сум пламенот во срцето на секој човек и с'ржта на секоја ѕвезда"

2. Explore the Nature and Powers of your own Being.
-"Овде спаѓаат сите оние работи кои се,или можат да ти припаѓаат тебе.Мораш да прифатиш се' онакво какво што е самото по себе,бидејќи само така,преку инкорпорирање на нивната суштина,не форма,ќе дојдеш до пронаоѓањето на "Вистинскиот јас"(True Self).

3. Develop in due harmony and proportion every faculty which you possess.
-"Мудроста вели:биди силен"
-"Надминувај!Надминувај!"
-"Имај сила,Човеку,Страст.Уживај во сите околни дразби и возвишенија без страв дека некаков Бог ќе ти ги одземе"

4. Contemplate your own Nature.
-"За секој сопствен елемент размислувај,и посебно,и во склад со другите,за да добиеш точна проценка за хармонијата на себеси и смислата на твоето Битие."

5. Find the formula of this purpose, or "True Will", in an expression as simple as possible.
-"Научи како да ги манипулираш оние енергии кои се под твоја контрола,за да ги добиеш најдобрите резултати и патоказот од тие енергии до оние на оној дел од Универзумот кој ти сеуште не го познаваш"

6. Extend the dominion of your consciousness, and its control of all forces alien to it, to the utmost.
-"Направи поголемо доближување на твоите познавања до почистата перцепција,до степенот на исполнетост,убавина и хармонија еквивалентни со Универзумот надвор од себе."


7. Never permit the thought or will of any other Being to interfere with your own.
-"Биди секогаш Буден за екстерната омраза и подготвен за отпор со незгасива страст и одлучност на секој упад на друго Битие и негов обид за влијание контрибуирајќи нови факти во вашата перцепција за Универзумот или преку сугестивно водење до повисоката Вистина преку фузија."



8. Do not repress or restrict any true instinct of your Nature; but devote all in perfection to the sole service of your one True Will.
-"Рестрикцијата е грев.
Човеку!Ти немаш право да не правиш што волјата ти налага.Чистата Волја,водена од желбата,полна страст за изгледот на крајот,е во секоја форма перфектна"



9. Rejoice!
-"Запомни дека самото постоење е Благодет,и дека тагата е сенка-минува."
-"Гозба за Огнот и Гозба за Водата.Гозба за Животот и уште поголема за Смртта.Гозба секој ден во вашите срца е радоста на Возвишението.Да!Пијте,радувајте се.Радувајте се за животот и смртта.вашата смрт ќе биде прекрасна.Оние кои ќе ја видат нека се радуваат,оти тоа е печатот на една вонвременска љубов,прекрасна еклипса на една Радост."

Б:Обврски кон другите индивидуални Битиа
1.Love is the Law,Love under Will
-"Соедини се страствено со секоја друга форма на свест,со тоа уништувајќи го чуството на поделеност од Целината создавајќи нова теорија за Универзумот по која ќе се мери".

2.As brothers fight ye
-"Ако тој е Крал,не можеш да го повредиш"
-"За да ја добиеш позитивната разлика меѓу две точки на гледање,мора нив да ги мериш преку Целината.Борбата ја стимулира креативната енергија,и,исто како и љубовта,го возбудува умот и му дозволува излегување од рационалната здодевност."

3.Abstain from all interferences with other Wills.
-"Внимавај и избегнувај го конфликтот.
Крал против Крал.
-"Во љубовта и војната имаме спорт,каде едниот почитува и учи од другиот,но никако не смее да му се вмешува,надвор од зададената игра.Обидот за доминација или влијание врз другиот,значи и негова деформација и уништување,а со тоа и на главната алка во неговиот Универзум,на неговата суштина."

4.Worhip all!
-"Every man and every woman is a star"
-"Mercy let be off,damn those who pity"
-
"We have nothing with the outcast and the unfit: let them die in their misery: For they feel not. Compassion is the vice of kings: stamp down the wretched and the weak: this is the law of the strong: this is our law and the joy of the world. Think not, o king, upon that lie: That Thou Must Die: verily thou shalt not die, but live! Now let it be understood if the body of the King dissolve, he shall remain in pure ecstacy for ever. Nuit Hadit Ra-Hoor-Khuit. The Sun, Strength and Sight, Light these are fo r the servants of the Star & the Snake."
Each being is, exactly as you are, the sole centre of a Universe in no wise identical with, or even assimilable to, your own. The impersonal Universe of "Nature" is only an abstraction, approximately true , of the factors which it is convenient to regard as common to all. The Universe of another is therefore necessarily unknown to, and unknowable by, you; but it induces currents of energy in yours by determining in part your reactions. Use men and women, therefore, with the absolute re spect due to inviolable standards of measurement; verify your own observations by comparison with similar judgements made by them; and, studying the methods which determine their failure or success, acquire for yourself the wit and skill required to cope with your own problems.


"Love is the law, love under will."


 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел закон

За Кроулиевата Магика

Дефиниција:
Магика е Науката и Уметноста на предизвикување Промена во склад со Волјата.

Постулат:
СЕКОЈА посакувана Промена може да се активира со примената на соодветен вид и степен на Сила на соодветен начин преку соодветен медиум на соодветен предмет.

Теореми:
1. Секој намерен (Волјев) акт е Магиски акт.

2. Секој успешен акт е во склад со постулатот.

3. Секој неуспех докажува дека едно или повеќе од барањата во постулатот не се исполнети.

4. Основното барање за предизвикување каква и да е промена е квалитативно и квантитативно разбирање на состојбата.

5. Второто барање за предизвикување промени е практичната способност за поставување на неопходните сили во вистинска насока.

6. „Секој маж и секоја жена е ѕвезда." Т.е. секое човечко суштество е во суштина независна индивидуа со сопствен соодветен карактер и соодветно движење.

7. Секој маж и секоја жена имаат патека, зависејќи делумно од нив самите, а делумно од средината која е природна и неопходна за секој. Секој што е присилен да излезе од патеката, дали не разбирајќи се себе си или преку надворешни сили, доаѓа во директен конфликт со поредокот во Универзумот и соодветно страда.

8. Човекот чија свесна волја е спротивна на неговата Вистинска Волја си ја троши силата. Не може ни да помисли на ефикасно влијаење на својата околина.

9. Човек што ја извршува својата Вистинска Волја ја има инерцијата на Универзумот на располагање.

10. Природата е непрекинат феномен, оттука не знаеме како работите се поврзани во сите случаи.

11. Науката ни овозможува да ја искористиме предноста на континуитетот на Природата преку емпириска примена на одредени принципи, чие заемно дејство вклучува во себе различни видови на идеи, кои се поврзани една со друга на начин што е надвор од нашето сегашно сфаќање.

12. Човекот е неук за природата на сопственото битие и моќи. Дури и неговите идеи за ограничувањата се засновани на минато искуство, а секој чекор во неговиот напредок само ја проширува неговата империја. Затоа нема причина да се припишуваат теоретски ограничувања на она што може да биде или стори.

13. Секој човек е помалку или повеќе свесен дека неговата индивидуалност опфаќа неколку редови на постоење, дури и кога тврди дека неговите суптилни принципи се само одлика на промените во неговото физичко тело. Може да се претпостави дека сличен поредок важи за целата природа.

14. Човекот е способен да биде и користи се што перцепира; бидејќи се што перцепира е, на некој начин, дел од неговото битие. Следствено, може да го потчини целиот Универзум, за кој што е свесен, под неговата индивидуална Волја.

15. Секоја сила во Универзумот е способна да биде трансформирана во секој друг вид сила преку соодветни мерки. Па така има неисцрпно многу сила од каков и да ни треба вид.

16. Апликацијата на која и да е дадена сила влијае на сите редови на постоење во објектот каде што е аплицирана, без разлика кој од тие редови е директно погоден.

17. Човекот може да научи да ја користи која и да е сила за која и да е цел со помош на горенаведените теореми.

Љубовта е закон љубов под Волја
 

Kajgana Shop

На врв Bottom