Тргнувам од себеси прво. Едно дете на мама и тато
Искрено мислам дека пред се зависи како родителите ќе го воспитуваат тоа дете, без разлика дали расте во средина со брат/сестра или само тоа не менува многу.
Јас лично никогаш не сум ја почувствувла љубовта спрема брат/сестра а и не сум размислувала на таа тема многу. Супер ми е да сум сама. Знам дека ако имало некој друг ќе имало и караници и свашта.
Како мала бев скржава да, себична и разгалена никогаш не сум била, моите родители не дозволиле да станам таква. Се дружев со деца на моја возраст ама едно знам, секогаш сакав да бидам во центар на вниманието. За разлика од тогаш сега е сосема поинаку.
За детето можеби не е добро да расте само, ама во периодот кога сеуште е мало не го забележува тоа.
Сега искрено понекогаш ми фали човек на кој ќе можам да му кажам се и нема да ме изневери ( претпоставувам тоа би се очекувало од брат/сестра ), а вистинските другари се ретки, па и неможеш баш на нив да се потпираш.