Единаесет или дванаесет, прашање е сега

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
http://www.istocnik.com/cgi-local/biblija/biblija.cgi/461ko015l.html

Значи сепак постои спор на колку му се јавил

некои цркви велат дека се единаесет некои дека се дванаесет

Ако се дванаесет, тогаш и мртвиот Јуда бил меѓу апостолите на кои им се покажал воскреснатиот Исус.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Значи сепак постои спор на колку му се јавил

некои цркви велат дека се единаесет некои дека се дванаесет

Ако се дванаесет, тогаш и мртвиот Јуда бил меѓу апостолите на кои им се покажал воскреснатиот Исус.
Јуда??? Абе ајде Член ова е премногу...Мислам дека неможел да влезе..било забрането за предавници.:vozbud:
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Јуда??? Абе ајде Член ова е премногу...Мислам дека неможел да влезе..било забрането за предавници.:vozbud:

Тоа е целата поента. Павле кој го пишувал овој текст немал појма за предавството на Јуда. Всушност се поставува прашање дали навистина Јуда го предал и ако го предал зошто Павле тоа не го знаи? По евангелијата Јуда се обесил пред воскресението и не можел да биди кога Исус му се покажал на апостолите, но Павле пиши дека ете и тој бил (пошто со него биле дванаесет). Всушност кај Павлета нигде не се споменува Јуда тој не знае за него ништо. Затоа би било исправно да се единаесет а не дванаесет

Ако приметиш на погорните линкови (на Ксенија) има текстови каде се вели дека Исус му се покажал на дванасете апостоли

Е сега едно објаснение ако се можи :
Како Исус му се покажал на дванаесетте ако Јуда се обесил и биле единаесетт А (за да не пишат џабе) дванаесетиот апостол после е избран ОТКАКО иИсус се вознесе на небото (на се појавувал повеќе) Кој и како го донесе Јуда назат??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
некои цркви велат дека се единаесет некои дека се дванаесет
Раководителе, ако сакаме, јас, ти и уште 18 души (мислам дека толку беа потребни) можеме да се собереме и да регистрираме "црква" и да си напишеме нова Библија каде ќе напишеме дека Исус се јавил не на 12, туку на 112 :)
Доста се тегнеш околу ова, 12 стои во најраните ракописи на оригиналните јазици.

Ако се дванаесет, тогаш и мртвиот Јуда бил меѓу апостолите на кои им се покажал воскреснатиот Исус.
Не, туку Матиј бил со нив. Иако не бил сеуште избран за апостол, сепак бил присутен во собата. А текстот вели "дванаесетмината" и не условува нужно сите да биле во тој момент апостоли.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Член бев саркастичен. неможе мртов човек да присуствува на такво нешто, ниту пак некој друг да лаже за тоа.Никаде јас не го прочитав инето на Јуда во посланието.На Матеј да.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Не, туку Матиј бил со нив. Иако не бил сеуште избран за апостол, сепак бил присутен во собата. А текстот вели "дванаесетмината" и не условува
нужно сите да биле во тој момент апостоли.
Матеј е избран ПО ВОЗНЕСУВАЊЕТО НА ИСУС (повеќе не се јавувал) СО ЖДРЕПКА ОД ПРИСУТНИ НАД 120 МАЖИ

Не ти чини одговорот дека Матеј ете некако се мушнал со нив и бил во собата онака случајно па Исус им се покажал па после 50 дена кога го избрале (СО ЖДРЕПКА) за апостол, ретроактивно му го признале апостолскиот стаж уназат за да влези во дванаесетте...
Уфф оваква конструкција не била можна ни во време на сталин...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па што ако Матиј е избран по Вознесението на Исус?
Битно е дека тој бил во собата кога Исус им се јавил на дванаесетмината со што отпаѓа твојата теза дека биле 11, туку заедно со Матиј си биле 12.

Што има врска ако Матиј сеуште не бил апостол? Зарем текстот вели "а потоа им се јави на 12те апостоли"? НЕ! Текстот вели "а потоа им се јави на дванаесетмината" значи текстот не условува сите да биле апостоли (ха ха).
Колку и да се мачиш раководителе, контрадикција нема! :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Член не дека прочитав подетално и не дека многу сум запознает со материјата ама ми мирси ова не проблем од типот јајце-кокошка, само што тука не се базира врз основа на природни закони туку на тоа што некој некогаш го напишал.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Па што ако Матиј е избран по Вознесението на Исус?
Битно е дека тој бил во собата кога Исус им се јавил на дванаесетмината со што отпаѓа твојата теза дека биле 11, туку заедно со Матиј си биле 12.

Што има врска ако Матиј сеуште не бил апостол? Зарем текстот вели "а потоа им се јави на 12те апостоли"? НЕ! Текстот вели "а потоа им се јави на дванаесетмината" значи текстот не условува сите да биле апостоли (ха ха).
Колку и да се мачиш раководителе, контрадикција нема! :)

Во која бе црна соба Каде е опишана собата, кој бил внатре и дека се јавил Исус???

Се качиле во собата ОТКАКО ИСУС СЕ ВОЗНЕСЕ НА НЕБОТО
АМИН нема повеќе појавување на Исус... кој виде, виде, на кој му се појави се појави
ОТПОСЛЕ СЕ КАЧИЛЕ ВО СОБАТА и тоа неколку дена после и тогаш пак Матеј не беше апостол туку мнооогу подоцна е избран, кизнај уште колку пати и колку апостоли се качувале и слегувале во одајата до тогаш

А текстот условува и те како дека се работи за апостолите. Тие ги нарекуваа со бројка единаесетте и дванаесетте

(По твоја логика и за Исус не се зборува сегде ако е споменат само по име а не и како Исус Христос можеби е некој друг Исус??) ... нели

Член не дека прочитав подетално и не дека многу сум запознает со материјата ама ми мирси ова не проблем од типот јајце-кокошка, само што тука не се базира врз основа на природни закони туку на тоа што некој некогаш го напишал.
Математички проблемот е многу едноставен и лесно решлив, но догматски станува камен на сопнување меѓу црквите. 12-1 се 11 (математички) и математички можиш комотно на некој ученик кој ќе напише дека 12-1=12 да му стегниш кец, но во теологијата може да разврзеш прикаски до 101 и назат на темата и пак 12-1 = 12 и 12-1 = 11 и за двете да имаш некаков одговор.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Е сега комплетно ја замрси работава :)
Прво се противеше дека биле 11. Па се противеше како можел Исус да му се објави на мртвиот Јуда. Па откако ти објаснивме дека во тие дванаесетмина не се вбројува и Јуда, туку Матиј, сега си се фатил за тоа дека Матиј сеуште не бил избран за апостол. So what? Ме читаш ли ти мене што ти пишувам...не мораш мене да ме читаш, отвори 1Коринтајни 15:4 и ќе видиш дека таму зборот "апостоли" го нема, тукуи вели "дванаесетте"... значи тука си спаѓа и Матиј.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Е сега комплетно ја замрси работава :)
Прво се противеше дека биле 11. Па се противеше како можел Исус да му се објави на мртвиот Јуда. Па откако ти објаснивме дека во тие дванаесетмина не се вбројува и Јуда, туку Матиј, сега си се фатил за тоа дека Матиј сеуште не бил избран за апостол. So what? Ме читаш ли ти мене што ти пишувам...не мораш мене да ме читаш, отвори 1Коринтајни 15:4 и ќе видиш дека таму зборот "апостоли" го нема, тукуи вели "дванаесетте"... значи тука си спаѓа и Матиј.

Ај ќе пробам полека пошто гледам си се избунил и збркал.

Беа 12 апостоли
Еден од нив беше и Јуда Искариотски
Јуда Искариотски по евангелијата го предал Исуса и после поради тој грев се обесил а сребрениците ги фрлил во храмот
Останаа 11 апостоли (12-1=11)
Исус го распнаа и тој воскресна третиот ден (бројното стање на апостолите беше 11)
Исус му се јавува на апостолите на единаесетте и на други некои 50 дена
Потоа Исус се вознесува на небото и повеќе не се јавува
По неколку дена го избираат Матеј со ждрепка како апостол на местото на Јуда од можми 120 кандидати
Знач
и Матеј ни како Матеј ни како апостол не фигурира во целта прикаска на јавувањето Исусово.
Нигде не е наведено дека Матеј присуствѕвак некаде со другите 11 апостоли при јавувањето на Исус за да можеме да речиме дека ете биле 12



ПС
Дека за апостолите се користеше бројка
А кога настана ден ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет кои ги нарече И апостоли
Лука 6:13


Тогаш еден од дванаесетте по име Јуда Искариот отиде при првосвештениците
Матеј 26:14

Додека Он уште говореше ете, Јуда еден од дванаесетте дојде,....
Матеј 26:47

Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат
Марко 3:14

А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте....
Марко 4:10

И ги повика дванаесетте и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови
Марко 6:10

Па како седна ги повика дванасетте....
Марко 9:35

А откако Јуда се обеси вака стоји во писмата:

Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалем и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа со нив
Лука 24:33


И фрлија жреб за нив и жребот падна на Матиј и тој се вброи кон единаесетте апостоли
Дела 1:26

 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нигде не е наведено дека Матеј присуствѕвак некаде со другите 11 апостоли при јавувањето на Исус за да можеме да речиме дека ете биле 12
Ете кај лежел зајакоттт. Па ти цело време си го мешал Матеј со Матиј :)
Не бре мило... ако добро ме читаш јас и воопшто не го спомнав Матеј, туку цело време ти пишувам за Матиј. Гледаш ли што ни направи една пуста буква...да не се разбереме неколку страни на темава.

Читај сега малку Библија...

Дела Апостолски 1во поглавје:

20 Зашто, во свитокот на Псалмите е напишано: 'Неговиот имот да биде испустен и никој да не живее во него!' и 'Неговата служба да ја прими друг.'
21 И така, треба еден од луѓето, што беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде кај нас и си отиде од нас,
22 почнувајќи од Јовановото крштавање до денот кога се вознесе од нас(значи Исус му се јавил на Матиј пред вознесението), еден од нив треба да биде заедно со нас сведок на Неговото воскресение.”
23 И предложија двајца (не 120 души): Јосиф, наречен Барнаба (со прекар и Јуст), и Матиј.
24 И се помолија, велејќи: “Господи, Ти Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого го имаш избрано од овие двајца,
25 да земе дел во оваа служба и апостолство, од кое отпадна Јуда, за да појде на своето место!” 26 И фрлија жрепка за нив, а жрепката падна за Матиј (а не Матеј) па него го вброија во единаесетте апостоли.

Се надевам конечно се разбравме и дека на темава и дојде крајот.
Поздрав!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
од 120 души избраа двајца Косифи Матеј и фрлаа ждрепка кој ќе биди апостол, и ждрепката го избра Матеј

15.А во тие дни Петар стана меѓу учениците и рече

16 а беа се собрале околу сто и дваесет души, “Мажи браќа, требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што го фатија Исуса

17 зашто тој беше вброен кон нас и беше примил дел од ова служба..... за после да одберат двајца од тие 120 и со ждрепка да биди избран Матиј
Сето тоа се случува ПО вознесувањето на Исус и Матиј не беше апостол, што значи не беше “еден од дванаесетте“ како ги викаат апостолите во евангелијата. Тој апостолството си го доби откако Исус му се покажал на единаесетте (а по некои библии дванаесетте)
Во моментот на Исусуовата смрт воскресение и прикажување имало единаесет апостоли пошто Јуда беше мртов (згора и како предавник на Господа).
Нема нигде опис дека Матеја бил со единаесете апостоли кога се прикажал Исус па макар и како неапостол да ја дополни бројката до дванаесет.
Целата ова конфузија е поради фактот дека за предавството на Јуда ништо не се знаеше.... пошто и не постоеше. Дури накнадно е запишано во евангелијето таа прикаска за која нормално затоа и Павле не знаел и не го ни споменал.

Време е да отворам тема за Јуда Искариотски
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мило, го прочита ли мојот предходен пост? :) Се ти е објаснето. со боички...како за прваче.
Не би спамирал... ако те интересира прочитај си, а ако ти се тера инает..форумов ти е вистинско место за тоа ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom