Единаесет години од бомбардирањето на Југославија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.767
Ma kako ti Rusija breee:tapp: Vie ovdeka so zelbi i so emocii diskutirate a ne so fakti:tapp: A Human ti nemas aber od zivotot
Кој дискутира бе со емоции? Кој се заблагодарува постојано? :tapp:

Ајде сите овде смартасови и хумани , едно прашање,
Дали муницијата со осиромашен ураниум е забранета со меѓународни конвенции ???
Како и многу други оружја, како на пример касетните бомби, но некои пак ги користат.:toe:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Како и многу други оружја, како на пример касетните бомби, но некои пак ги користат.:toe:
Ниту муницијата со осиромашен ураниум ниту касетните бомби не се забранети со било која меѓународна конвенција или договор (за сега).

Во 2008 година покрената иницијатива за забрана на касетни бомби, која ќе стапи на сила во август оваа (2010) година. До сега ја ратификоваа 30 држави. Колку што ми е позната не ја ратификуваа ниту САД ниту Русија ниту Кина ниту Индија. Меѓу земјите кои ја ратификуваа се, Македонија, Сан Марино, Уругвај, Замбија, Малта, Бурунди, Буркина Фасо, Австрија, Лаос, Мексико, Словенија, Шпанија, Сиера Леоне....

Интервенцијата во Србија беше во 1999 година.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Ova e od 2009,no vredi da se cita,zaradi nekoi prazni glavi na forumov

Новата архитектура на Балканот веќе ја оформуваат Америка, Русија, Турција

ЗАПАДЕН БАЛКАН: НОВИ ИГРИ СТАРИ ИГРАЧИ

Перспективата на овој дел од светот ќе биде резултанта на судирот на интересите на повеќе фактори

Пишува: Ивор Мицковски

Балкане, Балкане, Балкане мој, биди ми добар и остани свој.... Лошата е вест е што Балканот се' помалку е добар и се' помалку е свој. Добрата вест е што Балканот не е сам, напротив, во скоро време ризикува да стане сечија сопственост.

Новата архитектура на Балканот веќе ја оформуваат Америка, Русија, Турција и секако, да не ги заборавиме, доаѓаат и Kинезите. Овие земји проектираат една нова реалност во југоисточна Европа, која Брисел сега е приморена да ја следи, наместо да биде еден од креаторите на истата.

Очигледно, на Америка и' е здосадено од европското тетеравење на Балканот и свесна дека нејзинот присуство е фрагментирано низ регионот, Вашингтон го прифаќа прагматичниот принцип дека секој вакум на моќта мора да биде исполнет. Но, за разлика од повеќето кои мислат дека овој регион ќе биде идниот бастион на Русија или на некоја друга регионална сила, и овој пат мислам дека Вашингтон е тој кој стои зад сите потези и очекува реакција од страна на Брисел. Прашањето е следното, дали за такво нешто е едноставно предоцна. Но, опасноста не е само по Европа, мора да сме свесни, дека во големите игри опасноста е најголема по малите играчи.

Ми се допадна ставот на една мошне интересна фигура и денес актуелен министер по надворешни работи на Турција, Ахмет Довутоглу: „Доколку имате регион со три карактеристики- геополитичка тампон зона, геокултурна интеракција и геоекономска интеракција- тогаш имате две судбини во историјата. Едната е дека ќе бидете во центарот на светската историја, а втората, дека ќе бидета жртва на светското надметнување или територија на некоја друга сила“. Професорот Довудоглу ја решава дубиозата. Каква и да е природата на нашиот карактер, какви и да се нашите емоции, како и да ни се наклонети ѕвездите, тоа што секогаш ќе превладее се реалноста и интересот..

Опасноста по Балканот е следната, да се претвори во еден вид на геополитички мелтинг пот, тектонска плоча која сите можни сили ќе ја преминуваат и потресуваат кога и ќе посакаат. Овој регион е првата и едиствена точка, толку блиска до интересите на светскиот хегемон, географски врзана, но не и политички, до една од најголемите економски сили, каде сепак, други регионални, економски и светски сили ќе можат да го имаат својот удел, влијание, право на бизнис и експлоатација или, пак, на политичка доминација.

ТУРЦИЈА Да почнеме од најновиот играч или земјата која покажува една нова енергија и одлучност на Балканот и сосема нова и независна надворешна политика. Тоа е Турција на Ердоган, земја економски витализирана, за која во последните недели се' повеќе се зборува. Анкара на врвот на надврошнополитичка агенда го стави принципот на нулта проблеми со соседите, нешто што Европа и САД длабоко го ценат. Турција е воедно корисна за Ирак, помалку за Иран и е земја од која лесно може да зависи стабилноста на Кавкзот. Тоа Американците го знаат и го поддржуваат. Затоа и мислам дека и новиот прогрес на Турција кон Балканот е нивно дело и инструмент за намалување или контролирање на рускиот продор во регионот. Русија помалку наивно, откако економски се зближи со Турција, се одлучи Анкара да биде главниот енергетски посредник на Москва за проекти кои излегуваат надвор или ја обиколуваат руската територија. Наместо обичен транзитен играч, Анкара преку ноќ се претвори во енергетски центар на гасоводи корисни за повеќе интереси и повеќе региони.

Со тоа и порасна влијанието на Турција и на Балканот. Или подобро кажано, на регионално поле, Турција нема ривали. Треба да сме наивни и да не помислиме дека со отворениот влез кој Анкара го има кон Балканот, дека нема да врши притисок врз Европа и нејзините досегашни позиции кон Турција. Анкара смета и секогаш сметала дека е дел од европската историја, а сега планира да биде дел од нејзината секојдневна реалност. Како што кажа и самиот Давутоглу, Босна е наше внатрешно прашање – „ние имаме повеќе Босанци, отколку самата Босна, повеќе Албанци од Албанија, токму поради овие историски врски, мораме да грижиме за земјите кои имаат одредени очекувања од нас“. Политичкото влијание на Турција драматично расте и кај нас, во Косово и во Санџак. Угледниот професот и автор Давутоглу, го дефинираше Балканот како центар на Афро-Евро-Азија и истакна дека Турција се залага за нов балкански регион, кој ќе се темели на политички вредности, економска меѓузависност и соработка и културолошка хармонија. Ова е единствениот играч кој нам може да ни биде од корист, но уште повеќе од корист за нашата мулсиманска популација.

РУСИЈА Најдобро познатиот, но најмалку докажаниот и оној на кога најмалку треба да му се верува од влезот на Балканот е Русија. Не дека Москва не е искрена или конкретна, туку затоа што е најголемиот играч, за кого е најлесно своите клиенти да ги остави кога интересот така ќе и наметне, односно кога ќе мора да го жртвува поради повисоки интереси. Посетата на Медведев во Белград се' уште е свежа и испрати силна порака до остатокот од светот околу стратетиското пријателство со Србија. Тоа што овој пат позитивно изненади од страна на Русија е што Медведев дојде во Белград поради бизнис, а не поради емотивни екскурзии, нешто што во минатото изобилуваше. Москва направи од Србија регионален енергетски центар и, што е поважно, доби од Белград поддршка за својот нов концепт на европска безбедност. Србија си доби награда во форма од една милијарда евра, потпиша договор за отварање на една дубиозна хуманитарна база кај Ниш и најверојатно во иднина ќе одобри поставување на руски ракети на својата територија. Се' на се', впечатлив продор на Русија во срцето на Балканот. Оној кој има контрола над српската инфарструктура има контрола врз еден од најважните енергетски коридори за европска трговија и транспорт, смета ескпертот за Русија при Никсон центарот во Вашингтон, Николас Гвоздев. Тој смета дека доколку Русија успее целосно да завладее со енергетскиот имот на Србија, дека тоа конкретно ќе го загрози проектот „Набуко“, со кој плин би се транспортирал преку Турција и Балканот кон Европа, заобиколувајќи ја Русија. Заклучокот е дека Русија сака прво енергетски, а потоа и политички да завладее со Европа. Само откако Медведев одлета од Белград, Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој ги одобрија кредитите за Коридорот 10 со скромната подршка од 100 милиони евра во касите на Белград.

Црна Гора е речиси подеднакво атрактивна за Русија и со својот излез на море има силен удел во планот на Кремљ за нова европска безбедност. Подгорица е јужниот крак на православната вертикала. Токму затоа таму често се појавува Сергеј Шојгу, рускиот министер за надворешни работи. На рускиот морков кон Подгорица, НАТО одговори со посетата на генералниот секретар Андерс фон Расмусен.

Македонија за вакви вниманија може само да сонува. Веднаш по посетата на Медведев се покажа колку нашата влада нема разбирање за надворешната политика и за анализирање на состојбите. Смешни беа изјавите на Груевски и на некои новинари, како Македонија ќе тргнела по патот на Србија во односите со Москва. Не би додавал повеќе, ризикувам да го избанализирам веќе баналното.

Дека за се' постои баланс и дека главниот арбитер на сите овие геополитички и економско-финанскиски игри е невидливата рака на Америка, ќе се потврди и од тоа што следува. Токму поради сенката на Америка и нејзината вмешаност, сметав дека воопшто не е потребен посебен дел каде би се зборувало за нејзинаа инволвираност во регионот, тоа е повеќе од евидетно. Секој што го оспорува тоа застапува опасни перспективи, не е реален и греши.

ЕВРОПА Сега прашањето е кој концептот на Европа за Европа, односно за сопствениот двор наречен Балкан? ЕУ мора да разбере дека геополитиката или поточно геоекономијата, е посилна од идеологијата. Исто така, мора да разбере дека идиотизмот и манипулациите на одредени политичари и лидери се посилни од нејзините вредности или од нејзината економска привлечна сила. Идејата на Европа да не стави во група, Западен Балкан, па сите заедно да гниеме, наместо да напредуваме, беше „генијална“. Не ставија во кошничка и не оставија да зрееме, но наместо неколку години, процесот се претвори во неколку децении. Како што луцидно забележува новинарот Мустафа Цанка, за евротехнократите бевме постконфликтно, а не развојно подрачје. Таквите региони треба да се изолираат и затворат за самите да станат успешни приказни, да се држат зауздани и со успивачки бајки да им се кажува дека наскоро ќе станат членки на „заедницата на успешните“.

Како поинаку да ја разбереме подршката на Европа кон националистите и автократи како Коштуница, Ѓуканович или Груевск? Луѓе кои ја користат Европа против сопствениот народ и против самата ЕУ, луѓе кои сметаат дека единствена должност на Европа е да ги чести, а тие за возврат да плукаат по нејзината историја или демократски капацитети. Да беше ЕУ политичка сила, немаше да ги поддржува овие ситни и ископлексирани диктаторчиња, туку ќе ги осудеше пред целата европска јавност. Денес сме сведоци дека покрај тоа што Европа ни ги одржуваше диктаторчињата, сега на некои од нив им се нудат плус алтернативи од други регионални или светски сили.

Токму двојните стандарди, кратковидната политика на ЕУ го создадоа и еден Груевски, му дадоа легитимитет и сила во односите со Грција. Констатното обесхрабрување на проевропските сили, генерирањето евроскептицизам и растечкиот национализам ја добија својата форма и својот лик во нашиот премиер. Европа потфрли, во Босна, во Косово и што е најтрагично, потфрли во најуспешната приказна на Балканот, Македонија, за која немам срам да кажам дека благодарение на политката на власта стана гнила и непрепознатлива.

Американците остануваат нашата единствена заедничка надеж. Агенцијата Стратфор проценува дека Европа е конечно подготвена да ја плати потребната цена, која би била прилично висока и да ги избрка Русија и Турција од мешање во регионот. Но, Европа прво мора да си признае дека управувала технократски и без стратегиска визија со регионот, дека долго време ја немало, за ако така продолжи да направи црна дупка од целото подрачје. Германскиот неделник „Ди цајт„ не' спореди со Авганистан и се заложи за нова преговарачка рамка и нови цели. Во последно време една конкретна идеја се повеќе зема на замав. До први август 2014 година сите балкански земји да станат дел од ЕУ. Историскиот датум, односно стотте години од почетокот на Првата светска војна ја има неопходната симболика. Само да не заборавиме дека војната која требаше да стави крај на сите војни се протвори во мир кој го уништи мирот. Предизвикот не е мал, за помалку од пет години треба да се направи тоа што не се направи за 20 години, односно дебалканизацијата на Балканот и неговото враќање дома, во Европа.

Зад ова позитивно сценарио беше ставен големиот непријател на нашиот премиер, Грција на Папандреу, за зад нив пак стои печатот на Америка. Вашингтон е решен преку православна Грција, членка на НАТО и ЕУ да го интегрира целиот регион во Европа. Но постојат два услови за кои нема да се преговара. Земјите ќе мора за ова кратко време да направат суштински реформи, да ги решат отворените прашања и нормално, да се исчистат корумпираните или нациналистички настроени лидери.
 
S

smart ass

Гостин
Само едно си помисли-дали Турциja е зависна от увоц на енергиjни ресурси, а дали е зависна Русиja? Без енергиja... сека држава оган да ja гори....
Точно многумина тврдат дека во турција проблемите допрва ќе дојдат(а се смета и на војна за вода(наредниве 50 години)...

И тоа што ќе прави извозни варијанти зборува за самиот квалитет....едноставно Турција не може да го произведува системот за навигација и комуникација,понатаму други критични делови...ниту пак Радарот....овде америте како решаваат Така ќе биде-а извозните ќе бидат за.....ПРОФИТ,но мислам дека нема да успее,ПАК ФА ако сега појде на пазар гарант ќе има купувачи....па и во 2015...да поентата е Праксата...додека америте не градат по пракса туку првен моделираат,па компјутерски скен им прават со посебен софтвер кој симулира време,невреме ЕМ-мерки...но како и да е еден фактор овде изостанува....ВРЕМЕ и ЧАСОВИ ЛЕТАЊЕ-не ИГРИ!!!.
 
B

Borg_Drone

Гостин

За краља и отаџбину; за 12 000 српска жандрамерија од кои 8000 стационирани во Македонија; за неограничено вршење терор врз македонското население; за добивање на поклон цели села за нашите браќа четници во и околу Велес; за подигање на статуа на Бени Хил во Велес, Фродо, Смигл (my precious) како и Алиса од земјата на чудата, и воскреснување на Елвис Присли заедно со Исус Христос.

Il padre spirito santo. Amen!
 
S

smart ass

Гостин
Smart ass дали србите имат право да ги тужат американците германците и турците?????????? Заради Осиромашениот ураниум........

Јас да бев Србија ќе ги тужев:toe:
Ама незнам дали имаат право???

Море Косово ќе ги тужи,инаку ова според меѓународните конвенции е ЗАБРАНЕТО Посебно за Урбани средини....тоа е ЗЛОСТОР!!!!!!

Имаат право да тужат иако-го немаат Косово,а во 12 44 се вели друго.како аргумент по таа резолуција сепак Косово е Србија(или ООН ќе се побие себеси..

Ајде сите овде смартасови и хумани , едно прашање,
Дали муницијата со осиромашен ураниум е забранета со меѓународни конвенции ???
Па ти кажав...ЗАбранета е!!!!

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3452326&postcount=143
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Не е забранета.
Се уште муницијата со осиромашен ураниум НЕ Е ЗАБРАНЕТА по меѓународни конвенции и закони и секако не беше забранета и во 1999 година. Тоа е ЛЕГАЛНА муниција за ОН.
Постојат иницијативи и мислења дека таква муниција е опасна и треба да се забрани но тоа се само МИСЛЕЊА. Нема ниту заеднички став на здравствените организации во светот дека таквата муниција е нехумана. Смартас ти се базираш на рекла казала муабети, јас на податоци.

http://www.bandepleteduranium.org/en/a/144.html

во 2007 е покрената иницијатива во ОН да се испита влијанието на таквата муниција, и се уште се чакаат резултати.
Во 1999 година (како и денес) по меѓународните воени права и обочаи на војување такбвата муниција е сосема легална.

Можеби треба да ја тужат и франција (по твојата логика) пошто во време на наполеоновите војни французите користеа муниција од олово (кугли) без метална кушулка која денес е забранета??!!!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.767
ТУРЦИЈА Да почнеме од најновиот играч или земјата која покажува една нова енергија и одлучност на Балканот и сосема нова и независна надворешна политика. Тоа е Турција на Ердоган, земја економски витализирана, за која во последните недели се' повеќе се зборува. Анкара на врвот на надврошнополитичка агенда го стави принципот на нулта проблеми со соседите, нешто што Европа и САД длабоко го ценат. Турција е воедно корисна за Ирак, помалку за Иран и е земја од која лесно може да зависи стабилноста на Кавкзот. Тоа Американците го знаат и го поддржуваат. Затоа и мислам дека и новиот прогрес на Турција кон Балканот е нивно дело и инструмент за намалување или контролирање на рускиот продор во регионот. Русија помалку наивно, откако економски се зближи со Турција, се одлучи Анкара да биде главниот енергетски посредник на Москва за проекти кои излегуваат надвор или ја обиколуваат руската територија. Наместо обичен транзитен играч, Анкара преку ноќ се претвори во енергетски центар на гасоводи корисни за повеќе интереси и повеќе региони.
Не можат Турците да се прават фактор, кога зависат од други, а тоа многу добро го знаат сите. Како прво имаат огромен проблем со Курдите, а како и да го решат тој проблем губат.
Второ, Турците во многу блиска иднина ќе имаат недостиг од енергија, ама и од питка вода. За решавање на тие проблеми, треба да ја истегнат малку кичмата :)pos2:). А погодете кој ќе профитира од тоа???

И уште нешто, Турција е далеку од фактор...
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Abe Human oooooo limitiran mozok,,pa i rusite imat problemi so cecencite,,ti si glup more covek sto sakas da ja favoriziras Rusija,,,:tapp: Amerika od Rusija e so svetlosni godini po napredna zemja.. A kako vtoro glupson,Ruski gas ke mine preku turska teritorija za EU:tapp: Ocigledno nisto ne znaes od zivotot,bez Turcija nitu Juzen Potok nitu pak NABUCOO nema da postoi,,, A i uste nesto, Turcija za balkanot e visa sila,odnosno AMERICA e i za Bugarina,i za Grcija i za Srbija i Za Makedonija i za Albanija taka da ne jadi lajna so taja skrbava usta..:tapp:
 
:pos2:

Викаш Набуко а? :pos2: Е ај кажи што знаеш за Набуко???
Сигурно ја знаеш цената за тој гасовод и проблемите со кои се соочува?!

Лимитиран, да, ама границите до бескрај...уствари ти то не разбираш...

А Турција....е дете Турција е далеку... во заостанатост..... Уствари секогаш Турција ја шетале како сакаат големите...
Добро види, веќе кога признаваш дека Русија е светлосни години пред Турција, не мора да се вадиш со Америка.....и тие доста учат од Русите.....
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Точно многумина тврдат дека во турција проблемите допрва ќе дојдат(а се смета и на војна за вода(наредниве 50 години)...

И тоа што ќе прави извозни варијанти зборува за самиот квалитет....едноставно Турција не може да го произведува системот за навигација и комуникација,понатаму други критични делови...ниту пак Радарот....овде америте како решаваат Така ќе биде-а извозните ќе бидат за.....ПРОФИТ,но мислам дека нема да успее,ПАК ФА ако сега појде на пазар гарант ќе има купувачи....па и во 2015...да поентата е Праксата...додека америте не градат по пракса туку првен моделираат,па компјутерски скен им прават со посебен софтвер кој симулира време,невреме ЕМ-мерки...но како и да е еден фактор овде изостанува....ВРЕМЕ и ЧАСОВИ ЛЕТАЊЕ-не ИГРИ!!!.

Neznam koja zemja ima da e zavisna,koga bez Turcija nemoze energetskata politika da funkcionira,, samo da ve potsetam

Со овој договор ќе се намали гасната зависност од Русија за Европа

По тој повод денес во Турција ќе допатуваат претставниците на земјите потписнички на договорот. Домаќин на свечениот чин на потпишување на меѓувладиниот договор е Анкара. Заедно со Турција претставниците на четири земји низ кои ќе помине гасоводот ќе го потпишат договорот. На тој начин ќе се фрли првиот и најзначаен чекор за остварување на договорот. На свеченото потпишување на меѓувладиниот договор во Анкара ќе учествуваат претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, грузискиот претседател Михаил Саакашвили, четири премиери и девет министри. Унгарија, Австрија, Романија и Бугарија заедно со Турција на чинот на свеченото потпишување на договорот ќе бидат застапени на ниво на премиери. По потпишувањето на договорот, во рамките на меѓувладиниот договор, претставниците на компаниите кои го сочинуваат Набуко се предвидува во рок од шест месеци да потпишат посебни договори со земјите учеснички. На чинот на свеченото потпишување на договорот беа поканети Русија и Ирак, но овие земји нема да учествуваат на манифестацијата. Иран не беше поканет на свеченото потпишување на договорот во Анкара. Проектот Набуко беше развиен со цел да се диверсифицираат новите извори на гас за потребите на Европа. Целта на проектот е гасот на Азербејџан, Каспискиот басен и Блискиот Исток да се пренесува во Европа. На тој начин ќе се намали гасната зависност од Русија и ќе се обезбеди разноликост во понудувачката. Со таа цел во 2004 година во Австрија беше формирана компанија од пет партнери. Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Германија и Турција имаат еднакви удели во проектот. Уделот на секоја земја во проектот изнесува 16.67 отсто. Остварувањето на проектот ќе чини 7.9 милијарди Евра. Изградбата на проектот ќе започне идната година.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305

Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа
Европа се обезбеди со енергија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека потпишувањето на Меѓувладиниот договор за соработка во областа на испораката на природен гас преку гасоводот „Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа.
Тој на отворањето на свеченоста по повод потпишувањето на договорот нагласи дека проектот „Набуко“ е важен за пријателството и мирот.
„Проектот „Набуко“ покажува дека Турција треба да стане членка на ЕУ поради снабдувањето со енергетски ресурси“, истакна турскиот премиер.
Истовремено, Ердоган нагласи дека Турција би сакала ирански гас да се испорачува преку гасоводот, изразувајќи надеж дека со тек на времето преку него ќе се транспортира и руски гас.
Договорот е потпишан меѓу претставници на Бугарија, Романија, Австрија, Унгарија и Турција.
Специјалниот пратеник на САД за енергетските прашања во Евроазија, Ричард Морнингстар, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс, исто така, присуствуваа на чинот на потпишувањето.
„САД не се противат Русија да се вклучат во проектот Набуко, но Иран не треба да учествува во него се додека не ги подобри односите со Западот“, истакна Морнингстар, додавајќи дека САД се обидуваат да ја ангажираат Русија во енергетските прашања.
Русија, според него, во проектот може да учествува или како клиент или како снабдувач на гас.
Проектот „Набуко“ предвидува да се изгради гасовод за пренос на природен гас од Централна Азија кон ЕУ, преку Турција и Југоисточна Европа. Обемот на транспортираниот гас се предвидува да изнесува 31 милијарда кубни метри годишно.
„Тајмс“: Гасоводот Набуко“ го елиминира монополот на „Гаспром“
Новиот европски гасовод „Набуко“ го елиминира монополот на рускиот „Гаспром“ во снабдувањето на Европа со гас, пишува „Тајмс“, поздравувајќи го потпишувањето на договорот за неговата изградба меѓу Турција, преку чија територија ќе минува и ЕУ.
Гасоводот како што јави дописникот на МИА од Лондон, се смета дека е еден од најамбициозните проекти на Европската Унија. Преку него од наоѓалиштата во Азербејџан, во Каспиското море и на Блискиот Исток до европските корисници ќе се префрлаат 31 милијарда кубни метри. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.
Сега Русија обезбедува околу 35 отсто од европските потреби, па лондонскиот весник смета дека најважното во овој проект е што „Набуко“ ги заобиколува руската и украинската територија. Тоа значи дека нема повеќе да се случува, среде зима, како што тоа беше годинава, Русија да го затвори протокот на својот гас за луѓето во Европа, затоа што е во кавга со Украина, забележува овој весник.
Според „Тајмс“, политичарите и стратезите во Москва, како во времето на комунизмот, така и во услови на авторитативната власт на Владимир Путин, размислуваат на посебен свој начин, така што секоја погодност за руските соседи, се смета како непогода за Русија. Затоа на Европа и е тешко да воспостави поволен однос со Москва, кога станува збир за снабдувањето со енергетски суровини, па во такви услови изградбата на нафтовод кој ја заобиколува Русија, е толку многу атрактивен проект, заклучува лондонскиот весник.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361

После проектот НАБУКО ќе функционира и гасоводот Јужен тек преку Турција Вчера погледите на светот повторно беа свртени кон Анкара

Турција и Русија потпишаа протоколи за соработка во 20 области

Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин фрлија потписи на мошне значајни договори помеѓу двете земји, додека на церемонијата на питпишување на договорите присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Согласно питпишаните договори кои ги засегаат одблизу светските енергетски рамнотежи, Турција и Русија влегуваат во еден нов период во мултидимензионалното партнерство во енергијата.
Во тие рамки, главна точка на дневниот ред на средбата Ердоган-Путин беше енергијата.
Двајцата лидери разговараа близу три часа, по што кон разговорите се приклучи и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
За време на вчерашната посета на рускиот премиер Владимир Путин на Анкара, помеѓу Турција и Русија беа потпишани протоколи за соработка во 20 сфери.
Така според постигнатиот договор помеѓу двете земји, Турција од гасоводот Син Проток ќе може да продава гас на трети земји.
Руската страна ќе доставува нафта на нафтоводот Самсун-Џејхан, додека Турција ќе го продолжи договорот за купување на гас од Русија кој истекува во 2011-та година.
Друго значајно прашање за кое беше постигнат договор беше дозволата Русија да ги користи турските територијални води за истражувања посветени на проектот Јужен проток-2.
Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин одржаа заедничка прес-конференција, по што Ердоган го покани и италијанскиот премиер Силвио Берлускони и премиерите на трите земји се ракуваа и фотографираа. Рускиот премиер Владимир Путин потоа во вечерните часови во претседателскиот дворец во Чанкаја беше примен кај претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=b7632de2-6dcb-4652-aaeb-414576b3aec2

Русија и Турција го потпишаа договорот за Јужен тек

Премиерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара потпишаа договор со кој се овозможува минување на гасоводот Јужен тек низ турски територијални води.
На потпишувањето на договорот, како што пренесува Макфакс, присуствувал и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Русија со ова обезбеди изградба на дел од Јужен тек во турските територијални води во Црно Море.
Овој гасовод треба да ги поврзе Русија и Бугарија од каде ќе се расчленува во две насоки, кон Австрија и кон Грција и Италија.
Италијанската компанија Ени е главен партнер на рускиот гигант Гаспром за проектот Јужен тек.
Овој договор, според оценките на медиумите, ќе претставува значаен успех за Москва во напорите да ја задржи доминацијата во областа на снабдувањето на Европа со енергенси.
Европјаните, од друга страна, ја планираат изградбата на гасоводот Набуко, кој ќе ја заобиколи Русија, со цел Европа што помалку да зависи од рускиот гас.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112304

:pos2:

Викаш Набуко а? :pos2: Е ај кажи што знаеш за Набуко???
Сигурно ја знаеш цената за тој гасовод и проблемите со кои се соочува?!

Лимитиран, да, ама границите до бескрај...уствари ти то не разбираш...

А Турција....е дете Турција е далеку... во заостанатост..... Уствари секогаш Турција ја шетале како сакаат големите...
Добро види, веќе кога признаваш дека Русија е светлосни години пред Турција, не мора да се вадиш со Америка.....и тие доста учат од Русите.....

Ekonomski Rusija ne e napredna od Turciaj vo nikoj slucaj:nenene:
Zatoa sto mnogu rusinki vo Turcija za 5 evra se dupet,,prostitucijata naj mnogu funcionira od Rusija:tapp: Zatoa sto e mnogu bogata:pos2:

Dete Turcija e po napredna ekonomski od Rusija,, sporedi gi BDP to na Turcija pa ke vidis,,, ama i ruskiot gas ke mine preku Turcija za EU:tapp:
taka da Turcija i so NABUCOO i so Juzen Potok e vo kar:toe:

Атина вознемирена од „Јужен тек“

Атина е вознемирена од договорот за гасоводот „Јужен тек“, кој завчера во Анкара го потпишаа премиерите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, во присуство на нивниот италијански колега, Силвио Берлускони

Грчката влада стравува дека гасоводот, кој треба да минува низ турски територијални води, може да се одрази врз енергетската соработка меѓу Грција и Русија, пишува „Катимерини“.

Функционер во Владата на Костас Караманлис нагласил дека отворањето на Путин кон Анкара е очигледно и вознемирувачко. „Катимерини“ оценува дека Турција се наметнала како важен партнер на Русија и дека Атина во иднина може енергетски да биде зависна од Анкара. Но весникот нагласува дека стравувањата на Атина сепак повеќе се политички, бидејќи изминатите пет години била воспоставена врска на приоритетно партнерство меѓу Грција и Русија, која сега е доведена во прашање. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=889102408&id=11&prilog=0&setIzdanie=21758

Турција се стекнува со улога на клучна земја во енергетскиот сектор

Историските потписи кои што беа фрлени во последниот месец придонесоа Турција да се стекне со улога на клучна земја во енергетскиот сектоp
Турција како земја која се подготвува да стане значајна транспортна земја за ЕУ и Русија, ќе продава енергија на соседните земји. Претстојните денови започнува продажбата на електрична струја и гас на Сирија а потоа гас на Нахчиван. Најпрвин беа фрлени потписи на проектот Набуко. Веднаш потоа беше постигната историска соработка со Русија. Потписите фрлени во последниот месец го зајакна стратешкото значење на Турција. Турција преку цевоводите станува значајна транспортна земја а истовремено се стекнува со карактер на земја терминал. Значи Турција веќе не е само земја потрошувач туку напредува на патот да стане земја која продава енергија. Вложените напори почнаа да ги даваат првите плодови. Турција на Сирија ќе и продава електрична струја и гас, а на Нахчиван гас. Со Сирија беше потпишан петгодишниот договор за годишна продажба гас во износ од една милијарда метри кубни гас, и 250 мегавати електрична струја. Договорот свечено ќе биде потпишан претстојните денови во Дамаск со учество на министрите за енергетика на двете земји. Турција меѓудругото преку Игдир на Нахчиван ќе му продава гас чиј годишен износ ќе изнесува околу 500 милиони метри кубни. Од друга страна пак потписите фрлени на енергетските договори се очекува да придонесат кон развојот на односите со ЕУ.

http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=ba20ac50-bc9c-46ca-aa6e-f93cf28f1466
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Fakticki od seto ova,isto kako eksperite sto rekoja, energetskata politika na EU,SAD,i Rusija ke zavisat od Turcija,zatoa sto i evropskiot gas nabucoo i ruskiot gas juzen tek ke mine preku turska teritorija za EU,, a Turcija ako saka mojt da recit deka ne sakam gasovodnite cevki da minat preku moja teritorija:toe: A so ova avtomatski mozat da se zaebat i EU i Rusija:toe:
Sega duri razbrav zosto Putin mu se umilkuvase na Ergodan:pos2: a vo edo barase turski investicii vo Rusija:tv: I posle nekoj ovdeka ke kazi Rusija vaka Rusija taka,abre ajde begajte tamu,so konzervativni idei nikade nemoze da se odi:tapp::tv:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

А заборавивте гасовода Дружба?:toe: От каj иде рускиот гас сега за ЕУ? А заборавивте дека Русиja и Германиja градат горе гасовод?
Русиja не е зависна со ништо от Турциja..... :toe:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.767
Со овој договор ќе се намали гасната зависност од Русија за Европа

По тој повод денес во Турција ќе допатуваат претставниците на земјите потписнички на договорот. Домаќин на свечениот чин на потпишување на меѓувладиниот договор е Анкара. Заедно со Турција претставниците на четири земји низ кои ќе помине гасоводот ќе го потпишат договорот. На тој начин ќе се фрли првиот и најзначаен чекор за остварување на договорот. На свеченото потпишување на меѓувладиниот договор во Анкара ќе учествуваат претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, грузискиот претседател Михаил Саакашвили, четири премиери и девет министри. Унгарија, Австрија, Романија и Бугарија заедно со Турција на чинот на свеченото потпишување на договорот ќе бидат застапени на ниво на премиери. По потпишувањето на договорот, во рамките на меѓувладиниот договор, претставниците на компаниите кои го сочинуваат Набуко се предвидува во рок од шест месеци да потпишат посебни договори со земјите учеснички. На чинот на свеченото потпишување на договорот беа поканети Русија и Ирак, но овие земји нема да учествуваат на манифестацијата. Иран не беше поканет на свеченото потпишување на договорот во Анкара. Проектот Набуко беше развиен со цел да се диверсифицираат новите извори на гас за потребите на Европа. Целта на проектот е гасот на Азербејџан, Каспискиот басен и Блискиот Исток да се пренесува во Европа. На тој начин ќе се намали гасната зависност од Русија и ќе се обезбеди разноликост во понудувачката. Со таа цел во 2004 година во Австрија беше формирана компанија од пет партнери. Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Германија и Турција имаат еднакви удели во проектот. Уделот на секоја земја во проектот изнесува 16.67 отсто. Остварувањето на проектот ќе чини 7.9 милијарди Евра. Изградбата на проектот ќе започне идната година.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305

Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа
Европа се обезбеди со енергија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека потпишувањето на Меѓувладиниот договор за соработка во областа на испораката на природен гас преку гасоводот „Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа.
Тој на отворањето на свеченоста по повод потпишувањето на договорот нагласи дека проектот „Набуко“ е важен за пријателството и мирот.
„Проектот „Набуко“ покажува дека Турција треба да стане членка на ЕУ поради снабдувањето со енергетски ресурси“, истакна турскиот премиер.
Истовремено, Ердоган нагласи дека Турција би сакала ирански гас да се испорачува преку гасоводот, изразувајќи надеж дека со тек на времето преку него ќе се транспортира и руски гас.
Договорот е потпишан меѓу претставници на Бугарија, Романија, Австрија, Унгарија и Турција.
Специјалниот пратеник на САД за енергетските прашања во Евроазија, Ричард Морнингстар, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс, исто така, присуствуваа на чинот на потпишувањето.
„САД не се противат Русија да се вклучат во проектот Набуко, но Иран не треба да учествува во него се додека не ги подобри односите со Западот“, истакна Морнингстар, додавајќи дека САД се обидуваат да ја ангажираат Русија во енергетските прашања.
Русија, според него, во проектот може да учествува или како клиент или како снабдувач на гас.
Проектот „Набуко“ предвидува да се изгради гасовод за пренос на природен гас од Централна Азија кон ЕУ, преку Турција и Југоисточна Европа. Обемот на транспортираниот гас се предвидува да изнесува 31 милијарда кубни метри годишно.
„Тајмс“: Гасоводот Набуко“ го елиминира монополот на „Гаспром“
Новиот европски гасовод „Набуко“ го елиминира монополот на рускиот „Гаспром“ во снабдувањето на Европа со гас, пишува „Тајмс“, поздравувајќи го потпишувањето на договорот за неговата изградба меѓу Турција, преку чија територија ќе минува и ЕУ.
Гасоводот како што јави дописникот на МИА од Лондон, се смета дека е еден од најамбициозните проекти на Европската Унија. Преку него од наоѓалиштата во Азербејџан, во Каспиското море и на Блискиот Исток до европските корисници ќе се префрлаат 31 милијарда кубни метри. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.
Сега Русија обезбедува околу 35 отсто од европските потреби, па лондонскиот весник смета дека најважното во овој проект е што „Набуко“ ги заобиколува руската и украинската територија. Тоа значи дека нема повеќе да се случува, среде зима, како што тоа беше годинава, Русија да го затвори протокот на својот гас за луѓето во Европа, затоа што е во кавга со Украина, забележува овој весник.
Според „Тајмс“, политичарите и стратезите во Москва, како во времето на комунизмот, така и во услови на авторитативната власт на Владимир Путин, размислуваат на посебен свој начин, така што секоја погодност за руските соседи, се смета како непогода за Русија. Затоа на Европа и е тешко да воспостави поволен однос со Москва, кога станува збир за снабдувањето со енергетски суровини, па во такви услови изградбата на нафтовод кој ја заобиколува Русија, е толку многу атрактивен проект, заклучува лондонскиот весник.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361

После проектот НАБУКО ќе функционира и гасоводот Јужен тек преку Турција Вчера погледите на светот повторно беа свртени кон Анкара
Fakticki od seto ova,isto kako eksperite sto rekoja, energetskata politika na EU,SAD,i Rusija ke zavisat od Turcija,zatoa sto i evropskiot gas nabucoo i ruskiot gas juzen tek ke mine preku turska teritorija za EU,, a Turcija ako saka mojt da recit deka ne sakam gasovodnite cevki da minat preku moja teritorija:toe: A so ova avtomatski mozat da se zaebat i EU i Rusija:toe:
Sega duri razbrav zosto Putin mu se umilkuvase na Ergodan:pos2: a vo edo barase turski investicii vo Rusija:tv: I posle nekoj ovdeka ke kazi Rusija vaka Rusija taka,abre ajde begajte tamu,so konzervativni idei nikade nemoze da se odi:tapp::tv:

Тоа погоре на мапата е Набуко. Дали воопшто знаеш со какви проблеми се соочува Набуко, или Европските медиуми добро ве исперија?!

Прв проблем: Од каде ќе носи гас? Иран? Сирија? Азербејџан? Ниту еден извор засега не е сигурен. А и прилично сум сигурен дека Русите тука ќе замешаат прсти, Газпром и сл.
Втор проблем: Рутата. Набуко ќе поминува низ доста небезбедна линија, т.е. ќе има голема можност да биде напаѓан од терористи, особено Курдски.
Трет проблем: Цената. Ќе чини околу 6 милијарди долари, од кои ниту долар не е обезбеден.
Четвтр проблем. Цената на гасот. Сигурно нема да биде поефтин од Рускиот.
Петти проблем: Гасоводот Јужен поток. Со тој гасовод Русите се обидуваат да го анулираат Набуко. И ќе им успее. Цената за овој гасовод кој ќе ја заобиколува Украина ќе биде многу помала, и ќе биде изграден пред Набуко.

Мислам дека Набуко ќе биде еден промашен проект на ЕУ.

A so ova avtomatski mozat da se zaebat i EU i Rusija:toe:
Sega duri razbrav zosto Putin mu se umilkuvase na Ergodan:pos2: a vo edo barase turski investicii vo Rusija:tv: I posle nekoj ovdeka ke kazi Rusija vaka Rusija taka,abre ajde begajte tamu,so konzervativni idei nikade nemoze da se odi:tapp::tv:
:pos2::pos2::pos2: :classic::classic::classic:

Друже, Русија го има монополот за гас за во Европа. Сега брзо Руска компанија ќе гради гасовод од Нигерија за Европа. Пак Русите ги вртат Европејците.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom