Точно многумина тврдат дека во турција проблемите допрва ќе дојдат(а се смета и на војна за вода(наредниве 50 години)...
И тоа што ќе прави извозни варијанти зборува за самиот квалитет....едноставно Турција не може да го произведува системот за навигација и комуникација,понатаму други критични делови...ниту пак Радарот....овде америте како решаваат Така ќе биде-а извозните ќе бидат за.....ПРОФИТ,но мислам дека нема да успее,ПАК ФА ако сега појде на пазар гарант ќе има купувачи....па и во 2015...да поентата е Праксата...додека америте не градат по пракса туку првен моделираат,па компјутерски скен им прават со посебен софтвер кој симулира време,невреме ЕМ-мерки...но како и да е еден фактор овде изостанува....ВРЕМЕ и ЧАСОВИ ЛЕТАЊЕ-не ИГРИ!!!.
Neznam koja zemja ima da e zavisna,koga bez Turcija nemoze energetskata politika da funkcionira,, samo da ve potsetam
Со овој договор ќе се намали гасната зависност од Русија за Европа
По тој повод денес во Турција ќе допатуваат претставниците на земјите потписнички на договорот. Домаќин на свечениот чин на потпишување на меѓувладиниот договор е Анкара. Заедно со Турција претставниците на четири земји низ кои ќе помине гасоводот ќе го потпишат договорот. На тој начин ќе се фрли првиот и најзначаен чекор за остварување на договорот. На свеченото потпишување на меѓувладиниот договор во Анкара ќе учествуваат претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, грузискиот претседател Михаил Саакашвили, четири премиери и девет министри. Унгарија, Австрија, Романија и Бугарија заедно со Турција на чинот на свеченото потпишување на договорот ќе бидат застапени на ниво на премиери. По потпишувањето на договорот, во рамките на меѓувладиниот договор, претставниците на компаниите кои го сочинуваат Набуко се предвидува во рок од шест месеци да потпишат посебни договори со земјите учеснички. На чинот на свеченото потпишување на договорот беа поканети Русија и Ирак, но овие земји нема да учествуваат на манифестацијата. Иран не беше поканет на свеченото потпишување на договорот во Анкара. Проектот Набуко беше развиен со цел да се диверсифицираат новите извори на гас за потребите на Европа. Целта на проектот е гасот на Азербејџан, Каспискиот басен и Блискиот Исток да се пренесува во Европа. На тој начин ќе се намали гасната зависност од Русија и ќе се обезбеди разноликост во понудувачката. Со таа цел во 2004 година во Австрија беше формирана компанија од пет партнери. Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Германија и Турција имаат еднакви удели во проектот. Уделот на секоја земја во проектот изнесува 16.67 отсто. Остварувањето на проектот ќе чини 7.9 милијарди Евра. Изградбата на проектот ќе започне идната година.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=67c82ae3-21d2-4d9e-8898-01b5f9943305
Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа
Европа се обезбеди со енергија
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека потпишувањето на Меѓувладиниот договор за соработка во областа на испораката на природен гас преку гасоводот „Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа.
Тој на отворањето на свеченоста по повод потпишувањето на договорот нагласи дека проектот „Набуко“ е важен за пријателството и мирот.
„Проектот „Набуко“ покажува дека Турција треба да стане членка на ЕУ поради снабдувањето со енергетски ресурси“, истакна турскиот премиер.
Истовремено, Ердоган нагласи дека Турција би сакала ирански гас да се испорачува преку гасоводот, изразувајќи надеж дека со тек на времето преку него ќе се транспортира и руски гас.
Договорот е потпишан меѓу претставници на Бугарија, Романија, Австрија, Унгарија и Турција.
Специјалниот пратеник на САД за енергетските прашања во Евроазија, Ричард Морнингстар, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс, исто така, присуствуваа на чинот на потпишувањето.
„САД не се противат Русија да се вклучат во проектот Набуко, но Иран не треба да учествува во него се додека не ги подобри односите со Западот“, истакна Морнингстар, додавајќи дека САД се обидуваат да ја ангажираат Русија во енергетските прашања.
Русија, според него, во проектот може да учествува или како клиент или како снабдувач на гас.
Проектот „Набуко“ предвидува да се изгради гасовод за пренос на природен гас од Централна Азија кон ЕУ, преку Турција и Југоисточна Европа. Обемот на транспортираниот гас се предвидува да изнесува 31 милијарда кубни метри годишно.
„Тајмс“: Гасоводот Набуко“ го елиминира монополот на „Гаспром“
Новиот европски гасовод „Набуко“ го елиминира монополот на рускиот „Гаспром“ во снабдувањето на Европа со гас, пишува „Тајмс“, поздравувајќи го потпишувањето на договорот за неговата изградба меѓу Турција, преку чија територија ќе минува и ЕУ.
Гасоводот како што јави дописникот на МИА од Лондон, се смета дека е еден од најамбициозните проекти на Европската Унија. Преку него од наоѓалиштата во Азербејџан, во Каспиското море и на Блискиот Исток до европските корисници ќе се префрлаат 31 милијарда кубни метри. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.
Сега Русија обезбедува околу 35 отсто од европските потреби, па лондонскиот весник смета дека најважното во овој проект е што „Набуко“ ги заобиколува руската и украинската територија. Тоа значи дека нема повеќе да се случува, среде зима, како што тоа беше годинава, Русија да го затвори протокот на својот гас за луѓето во Европа, затоа што е во кавга со Украина, забележува овој весник.
Според „Тајмс“, политичарите и стратезите во Москва, како во времето на комунизмот, така и во услови на авторитативната власт на Владимир Путин, размислуваат на посебен свој начин, така што секоја погодност за руските соседи, се смета како непогода за Русија. Затоа на Европа и е тешко да воспостави поволен однос со Москва, кога станува збир за снабдувањето со енергетски суровини, па во такви услови изградбата на нафтовод кој ја заобиколува Русија, е толку многу атрактивен проект, заклучува лондонскиот весник.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361
После проектот НАБУКО ќе функционира и гасоводот Јужен тек преку Турција Вчера погледите на светот повторно беа свртени кон Анкара
Турција и Русија потпишаа протоколи за соработка во 20 области
Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин фрлија потписи на мошне значајни договори помеѓу двете земји, додека на церемонијата на питпишување на договорите присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Согласно питпишаните договори кои ги засегаат одблизу светските енергетски рамнотежи, Турција и Русија влегуваат во еден нов период во мултидимензионалното партнерство во енергијата.
Во тие рамки, главна точка на дневниот ред на средбата Ердоган-Путин беше енергијата.
Двајцата лидери разговараа близу три часа, по што кон разговорите се приклучи и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
За време на вчерашната посета на рускиот премиер Владимир Путин на Анкара, помеѓу Турција и Русија беа потпишани протоколи за соработка во 20 сфери.
Така според постигнатиот договор помеѓу двете земји, Турција од гасоводот Син Проток ќе може да продава гас на трети земји.
Руската страна ќе доставува нафта на нафтоводот Самсун-Џејхан, додека Турција ќе го продолжи договорот за купување на гас од Русија кој истекува во 2011-та година.
Друго значајно прашање за кое беше постигнат договор беше дозволата Русија да ги користи турските територијални води за истражувања посветени на проектот Јужен проток-2.
Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин одржаа заедничка прес-конференција, по што Ердоган го покани и италијанскиот премиер Силвио Берлускони и премиерите на трите земји се ракуваа и фотографираа. Рускиот премиер Владимир Путин потоа во вечерните часови во претседателскиот дворец во Чанкаја беше примен кај претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=b7632de2-6dcb-4652-aaeb-414576b3aec2
Русија и Турција го потпишаа договорот за Јужен тек
Премиерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара потпишаа договор со кој се овозможува минување на гасоводот Јужен тек низ турски територијални води.
На потпишувањето на договорот, како што пренесува Макфакс, присуствувал и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Русија со ова обезбеди изградба на дел од Јужен тек во турските територијални води во Црно Море.
Овој гасовод треба да ги поврзе Русија и Бугарија од каде ќе се расчленува во две насоки, кон Австрија и кон Грција и Италија.
Италијанската компанија Ени е главен партнер на рускиот гигант Гаспром за проектот Јужен тек.
Овој договор, според оценките на медиумите, ќе претставува значаен успех за Москва во напорите да ја задржи доминацијата во областа на снабдувањето на Европа со енергенси.
Европјаните, од друга страна, ја планираат изградбата на гасоводот Набуко, кој ќе ја заобиколи Русија, со цел Европа што помалку да зависи од рускиот гас.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112304
:pos2:
Викаш Набуко а? :pos2: Е ај кажи што знаеш за Набуко???
Сигурно ја знаеш цената за тој гасовод и проблемите со кои се соочува?!
Лимитиран, да, ама границите до бескрај...уствари ти то не разбираш...
А Турција....е дете Турција е далеку... во заостанатост..... Уствари секогаш Турција ја шетале како сакаат големите...
Добро види, веќе кога признаваш дека Русија е светлосни години пред Турција, не мора да се вадиш со Америка.....и тие доста учат од Русите.....
Ekonomski Rusija ne e napredna od Turciaj vo nikoj slucaj:nenene:
Zatoa sto mnogu rusinki vo Turcija za 5 evra se dupet,,prostitucijata naj mnogu funcionira od Rusija
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Zatoa sto e mnogu bogata:pos2:
Dete Turcija e po napredna ekonomski od Rusija,, sporedi gi BDP to na Turcija pa ke vidis,,, ama i ruskiot gas ke mine preku Turcija za EU
taka da Turcija i so NABUCOO i so Juzen Potok e vo kar
Атина вознемирена од „Јужен тек“
Атина е вознемирена од договорот за гасоводот „Јужен тек“, кој завчера во Анкара го потпишаа премиерите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, во присуство на нивниот италијански колега, Силвио Берлускони
Грчката влада стравува дека гасоводот, кој треба да минува низ турски територијални води, може да се одрази врз енергетската соработка меѓу Грција и Русија, пишува „Катимерини“.
Функционер во Владата на Костас Караманлис нагласил дека отворањето на Путин кон Анкара е очигледно и вознемирувачко. „Катимерини“ оценува дека Турција се наметнала како важен партнер на Русија и дека Атина во иднина може енергетски да биде зависна од Анкара. Но весникот нагласува дека стравувањата на Атина сепак повеќе се политички, бидејќи изминатите пет години била воспоставена врска на приоритетно партнерство меѓу Грција и Русија, која сега е доведена во прашање.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=889102408&id=11&prilog=0&setIzdanie=21758
Турција се стекнува со улога на клучна земја во енергетскиот сектор
Историските потписи кои што беа фрлени во последниот месец придонесоа Турција да се стекне со улога на клучна земја во енергетскиот сектоp
Турција како земја која се подготвува да стане значајна транспортна земја за ЕУ и Русија, ќе продава енергија на соседните земји. Претстојните денови започнува продажбата на електрична струја и гас на Сирија а потоа гас на Нахчиван. Најпрвин беа фрлени потписи на проектот Набуко. Веднаш потоа беше постигната историска соработка со Русија. Потписите фрлени во последниот месец го зајакна стратешкото значење на Турција. Турција преку цевоводите станува значајна транспортна земја а истовремено се стекнува со карактер на земја терминал. Значи Турција веќе не е само земја потрошувач туку напредува на патот да стане земја која продава енергија. Вложените напори почнаа да ги даваат првите плодови. Турција на Сирија ќе и продава електрична струја и гас, а на Нахчиван гас. Со Сирија беше потпишан петгодишниот договор за годишна продажба гас во износ од една милијарда метри кубни гас, и 250 мегавати електрична струја. Договорот свечено ќе биде потпишан претстојните денови во Дамаск со учество на министрите за енергетика на двете земји. Турција меѓудругото преку Игдир на Нахчиван ќе му продава гас чиј годишен износ ќе изнесува околу 500 милиони метри кубни. Од друга страна пак потписите фрлени на енергетските договори се очекува да придонесат кон развојот на односите со ЕУ.
http://www.trtmacedonian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=ba20ac50-bc9c-46ca-aa6e-f93cf28f1466