Еден за сите, сите за еден!

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Лично себеси не се сметам ни за крајно либерална, ни за конзервативна личност, одлучувам по секое прашање (религии, хомосексуалност, проституција итн. итн.) колку ќе ги проширам или стеснам своите ставови и убедувања. Ама, сепак луѓе кои настапуваат со ,,јас сите ги сакам и со сите се дружам,, сметам или дека изрекле - ноторна лага, или дека - немаат никаков критериум, а и на двата случаи не гледам како на позитивна одлика.
Твое е да сметаш што сакаш и како сакаш, но ако алудираше на мене (а нема на кој друг нали), јас на самиот почеток од воведот кажав дека ги делам луѓето на добри и лоши, а според тоа, логично е да не ги сакам и дружам вторите. Туку добро, знам дека секој човек е склон кон тоа да чита, слуша и разбира само тоа што му одговара.

Ајде сега не се прави тупава со сила.
Поентата ми беше друга,ама кој како ја разбира.
Македонците не ја почнаа војната така ?!
Така.
Македонци не отидоа во Косово да си ги бараат своите “права“ по пат на конфликт така ?
Така.
Македонските војници само ја бранеа својата држава,а тие што го предизвикаа конфликтот се воделе по каузата наречена Голема Албанија,толку ли ти е тешко да разбереш што сакам да доловам со мојот пост ?
Така да нивните жени,мајк и синови ги боли кур за тие што загинале,за нив се “херои“ и борци за “човекови права“,имаат доживотна пензија од УЧК,имаат привилегии,а Македонците што се бореа на фронтот и загинаа на истиот денеска се оквалификувани како гомна,како предавници на сопствениот народ.
Немаат ниту малку привилегии како Албанците,оштетата пред некое време Владата мочана одлучи дека треба да ја вратат,немаат пари за леб,немаат работа повеќе од пола !!!
Повеќе од пола се со психички проблеми ако не си знаела.
Изгледа не знаеш,па затоа лупаш зелени.
не ми ставај facepalm икончиња,пошо јас се осеќам така кога те читам тебе.

Престани да ме цитираш без врска и оди изигравај Мајка Тереза на некое друго место,а не тука.
Ти ако немаш изгубено некој близок во војната,тогаш јас имам изгубено и знам колку е голема болката.
Не е сеедно да гледаш како твој близок роднина скапува во гроб оквалификуван како предавник.
Не е лесно да гледаш како твој близок роднина и ден денеска има психички проблеми и се прашува уште зошто со нас постапуваат како со стока,па не се боревме ли ние за Македонија ?

Биди ми поздравена и излези од стакленото звоно и утопијата.
Ај поздрав.
Мислиш дека се правам тупава, велиш дека тресам зелени, ме бркаш од просторот кај што можеш да ме прочиташ и прилично културно ме поздравуваш на крај? Имаше поента или општо интересно ти е да се понашаш како да не знаеш што сакаш да кажеш?
Иначе, правото за цитирање го има секој. Чим ме цитираш ти, ќе те цитирам и јас. Ако тоа ти смета, ај прекини ти како попаметен де? Но добро, мене искрено ми е жал за твојата загуба и не можам да кажам дека знам како е, затоа што не знам. Затоа ќе бидам на момент пак онаа личност што сака светов и нашава држава да се порозеви, и ќе се откажам од дискусија со тебе. Не би сакала никако поинаку да те навредам или повредам, чисто од сочуство поради тоа што си го доживеал.

Извини вака што ќе ти кажам, ама зошто вакви муабети ни тераш на нас Македонците? :facepalm:
Затоа што со вас се допишувам, за што друго би можело? Тука нема Албанци на кои би им се обратила, но ако имам шанса ќе им го кажам истото, како што им го кажувам кога имам шанси надвор од форумов. Зошто упорно сите ме обвинувате дека сум против Македонците? Ве нападнав некако, ве понижив, ви кажав дека ве мразам??? Ме исплукавте максимално, ме исповреѓавте како стигнавте, па и на крај ме бркате да пишувам на Албански форум, само затоа што не делиме исти мислења? Тоа извини бевте вие гостољубивите и добрите луѓе? Туѓо сакате, свое не поднесувате или како? Срам да ви е на сите на односот кој го имате кон мене тука. Ако отворив тема со некој за вас несфатлив став, не значи дека треба да ме обесите на плоштад. На страна тоа што како што гледам и не сте ме сфатиле убаво. Ми го извртувате мислењето како да зборувам за некакви утопистични бајки, а не е така. Всушност, секако не ме разбирате, па нема да се мачам повеќе да објаснувам. Фала ви на разбирањето и до тука, фала ви што се потрудивте на поцивилизиран начин да се разбереме... се надевам дадовте се` од себе.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699

Има Албанци, ете пробај со Dardan-ia сврзи го муабетов :)

Не гледам дека некој те изнавреѓал, тоа што не делиме исти ставови не треба да се свати како навреда. Само ти посочивме дека кај погрешна нација се обраќаш :)
Те пративме на Албански форум, пошто во моментов тоа е нацијата со која имаме проблеми во секојдневието, и фактите велат дека тие се тие на кои треба да им се обратиш за да им објасниш дека МОЖЕМЕ и ТРЕБА да живееме заедно, пошто Македонецот досега не покажал без причинска агресија (y)
Поздрав
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
Ирелевантно е дали го сметаш за детско или не.
Мене ми е тажно, без разлика на замислените другарчиња.
Уште потажно е што и семејствата на загинатите ги плаќаат убијците.
Но ако си ја сакаат државата ќе плаќаат даноци а ако власта која сами ја бирале така решила и пак дошла на власт...не гледам проблеми. Можеби има алтернатива која ќе дојде на власт...а можеби ќе се симне Курто да се качи Мурто.
Важна е љубовта.
Не знам, таквата потрага по некој кој ќе те владее за твое добро може да потрае, порано наводно Броз Ј. бил таков. Или беше царот Иван во руските прикаски.
Ако веќе одиме по “национална“ логика, тогаш прашањето е едноставно, зошто во овие 21 години не успеавте да изградите поправеден и ефикасен систем туку главен мотив ви е да се испокрадете меѓу себе!?
Ми се обраќаш на мене, како да сум партија (?) и како да сум владетел. Која е поентата да ми се обраќаш како на партија? Мојот став за партиите е јасен! Сите партии не ги поднесувам, од такт ме вадат, ама тие пак постојат, во моментов така е.
Слушај целово мислење ти е за никаде, си напишал 15 реда а што сакаш да кажеш? Последното прашање ти е на погрешно место, надвор од тема е, не е дозволено да се зборува за ова (велат..). Ти си ко детенце, така прашуваш, „зошто не УСПЕАВТЕ..„, па и ти тука живееш (претпоставувам), па истото сега да ти речам: ај зашто не направи ти? Без врска муабети.. што ти е целта? Да се уништи темава ли? Јас моето видување го кажав, ако имаш твое, да го слушнеме.
--- надополнето: 21 април 2012 во 01:42 ---
..Всушност, секако не ме разбирате, па нема да се мачам повеќе да објаснувам. Фала ви на разбирањето и до тука, фала ви што се потрудивте на поцивилизиран начин да се разбереме... се надевам дадовте се` од себе.
Еј, не е тоа ничија цел, да се чувствуваш како што (наводно) се чувствуваш, но самиот факт дека го пишуваш ова тука ствара веднаш револт на тие што (без..навреда!!!) подобро ги разбираат малку работите.. може не баш подобро, но пореално сигурно. Па ние немаме меморија како голем дел од народот, да заборави на се, во име на соживот, толеранција.. и други различни лаги (во кои не верува никој, ниту тој што ги создал самиот). Нема заборавање за масакри, нема такво нешто како амнестија, едноставно не постои. Сега, на сета таа мака, дојде и нас не направи „животни„ кои сакаат само да убиваат (да „колат„, според другиве твои подржувачи)... и после кога те прашаа „зашто тука, што не ги прашаш тие што ВЕЌЕ ГО НАПРАВИЈА ОВА што тврдиш дека ние САКАМЕ да го направиме„, велиш нема албанци тука.. каков ти е овој одговор? Како да земеме две деца, едното претепано до смрт, другото избегало и да го фатиме ова првото и да му збориме „еј, ти си право животно, ти не ги разбираш европските правила и вредности, ти изгледа си националист„..цело време, постојано, од прљави политичари до секакви „експерти„ кои би се продлале (не „би„, туку СЕ продадени) за некој денар...
Па мислам дека ваква реакција е сосема нормална.
Во обид на ширење на вакво мислење, очекувано беше да наидеш на поостра реакција, но твоето неразбирање е добронамерно (така личи, сега за сега).
Нема потреба за извинување на нешто кое не ни (ми) било цел.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Има Албанци, ете пробај со Dardan-ia сврзи го муабетов :)

Пробуем да ги замислим како ќе биде дивајн ќе му пишува за мир и соживот, а Dardan-ia ќе и вади некои бројки и статистики за тоа како се обесправени :pos: :pos:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Има Албанци, ете пробај со Dardan-ia сврзи го муабетов :)

Не гледам дека некој те изнавреѓал, тоа што не делиме исти ставови не треба да се свати како навреда. Само ти посочивме дека кај погрешна нација се обраќаш :)
Те пративме на Албански форум, пошто во моментов тоа е нацијата со која имаме проблеми во секојдневието, и фактите велат дека тие се тие на кои треба да им се обратиш за да им објасниш дека МОЖЕМЕ и ТРЕБА да живееме заедно, пошто Македонецот досега не покажал без причинска агресија (y)
Поздрав
Има Албанци, ама нема ниту една Албанка;)
Јас упорно ги прашувам на форумот каде се тие еманципирани, дотерани, хипи Албанки да дискутираат на форумот секс, љубов, анти-национализам, дека Мухамед е прање мозок, и милион други работи?Каде се Албанци анархисти, комуњари на форумот?Ги има ли, постојат ли или ќе си фарбаме мозок до утре со соживот?Упорно ги прашувам каде се тука на форумот, а сите бегаат како глушец од мачка да одговорат.
Можат да му перат мозок на некој што живее во Кина, а не на мене што секој втор ден се движам меѓу нив и ги знам како дишат од прв до последен.

ПС. Од кога ти почна да се заложуваш за соживот, мулти-културизам?:unsure:
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Мислиш дека се правам тупава, велиш дека тресам зелени, ме бркаш од просторот кај што можеш да ме прочиташ и прилично културно ме поздравуваш на крај? Имаше поента или општо интересно ти е да се понашаш како да не знаеш што сакаш да кажеш?
Иначе, правото за цитирање го има секој. Чим ме цитираш ти, ќе те цитирам и јас. Ако тоа ти смета, ај прекини ти како попаметен де? Но добро, мене искрено ми е жал за твојата загуба и не можам да кажам дека знам како е, затоа што не знам. Затоа ќе бидам на момент пак онаа личност што сака светов и нашава држава да се порозеви, и ќе се откажам од дискусија со тебе. Не би сакала никако поинаку да те навредам или повредам, чисто од сочуство поради тоа што си го доживеал.
Мразам кога некој се “откажува“ од дискусија колку и да ми е “глуп“ и “несфатен“ постот.

Види вака,ќе се обидам попросто да го пишам овој пост,се надевам ќе успеам.
Соживот значи МОЖЕ да се има,но не со Косовариве на кои им отворивме врата во 2008 година кога Србите ги чистеа куќа по куќа во Косово.
Со тие и да сакаме да имаме соживот не можеме да го имаме.
Прво,тоа ти е диво племе,дива хорда симната од планина само проблеми да прави.
Второ,немаат грам мозок,знаат само за пушка,војна и провокации.
Трето,ептен се глупи.
Соживот МОЖЕ да имаме со староседелците албанци.
Не дека го немаме,го имаме,но за разлика од порано не е таков каков што мислев дека ќе биде,од добар накај подобар.
Зошто ?
Од проста причина што кога дојдоа избеглиците,се населија баш меѓу нив,староседелците албанци,им начнаа приказни во главата од типот “ова ој ти Арбен ќе го правиме гољема аљбанија,а ти брату мој ќе го треба да се бориш за то,да го тепаш каури...со пола албанско пола српско зборење и акцент.
Се населија во Чаир,Сарај,Кондово,Сингелиќ и такви места каде што пред тоа беа мирни населби.
Денеска знаеш какви се,забранети зони за оние што не знаат збор албански.
Кривицата не ја барај кај нас,кривицата барај ја кај нив.
Ние соживот си имавме со секого пред да дојдат тие.
Еве кај мене на улица скоро пола улица ми е со староседелци албанци.
Луѓето се многу фини,т.е отсекогаш биле фини и можам да кажам дека многу убаво живееме со нив.
Имаме и Турци на улица,за нив немам зборови,соживот и пол накај два имаме.
Секој ден кафиња,чаеви благо солено кисело заедно јадеме во двор.
Ако не си знаела,уште ова да ти го кажам,посочам.
Дури и староседелците албанци ги мразат Косоварите и го проколнуваат денот кога Македонија ги отвори границите за нив за да ги спасиме од сигурна смрт и етничко чистење.
Истото и Турците го мислат за нив.

Па сега мислам дека треба да знаеш каде да ја бараш кривицата за овој “соживот“ што го сакаш,а го нема.

Во претходниот пост извини ако бев малку груб,но бев изнервиран од твојот пост,како да живееш во Англија и не знаеш што се случувало тука години и години назад,а и допрва пак ќе се случува.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
ПС. Од кога ти почна да се заложуваш за соживот, мулти-културизам?:unsure:
Далеку од тоа, ама немам ништо против дружби со поеманципирани ликови (пр неколку што ги знам од факс) , а не со тоа религиозните фанатици доселени од Косово. Таканаречените борци за права, со главна цел - територијални претензии.
Само со 5% од овие што сум ги сретнал во Скопје би можел да се дружам, а и повеќето од тие се од Албанија доселени...
Не ми пречат националности, ми пречат луѓе со задни намери, кои на некаков начин вршат неправди врз мене и моето блиско опкружување или на мојата земја.
Тогаш не одговарам за последиците:icon_mrgr:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Твое е да сметаш што сакаш и како сакаш, но ако алудираше на мене (а нема на кој друг нали), јас на самиот почеток од воведот кажав дека ги делам луѓето на добри и лоши, а според тоа, логично е да не ги сакам и дружам вторите. Туку добро, знам дека секој човек е склон кон тоа да чита, слуша и разбира само тоа што му одговара.
]
Јас верувам во дуализам т.е. дека луѓето не се целосно ни добри, ни лоши, туку се комбинација и бираат кон која страна ќе бидат понаклонети (секогаш постојат и екстремни т.е. претставници на ,,крајностите,, ама се најретки статистички) дали трајно или со варијации. Не те познавам доволно за да би те категоризирала, или уште полошо да се занимавам со евтини проекции на психолошки профил на виртуелен лик. Ама, знам дека често најголемиот дел од луѓето кои се самодекларирани како добри, не гледаат подалеку од својот нос, се прилично ограничени и крути, полни предрасуди, зад целата ентузијастична илузија со spreeeeeeeeed love пропагандата. Тргни од тоа, дека веднаш ги категоризираат како woши сите кои не го делат нивниот ,,идеал,,... така добрите ќе направат едно добро дело за некого, за да го заробат во вечен долг, ќе дадат 5 ден. на некое Циганче и цела виртуелна Македонија ќе разбере за истото итн. Признавам добрина само кога е прочистена од позерство, кога не бара ништо за возврат, не се коси со принципите и уверувањата на личноста и сл. ама ваквата е најдефицитарна.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Не сакам повеќе да пишувам на мрачни теми и да ја читам цела омраза...
А мислиш дека светот ќе се направи розев ако ти мижиш на проблемите што ги имаме. Како ќе му помогнеш на гладниот ако не го слушнеш неговиот крик. Неможеш да ги затвараш ушите пред крикот на својот близок, твојот комшија. Неможеш да ги затвараш ушите пред крикот на својот народ. И јас сакам да живеам во еден идеален свет, кадешто разликите ќе бидат тие што не прават поблиски, впроечем секој човек е една индивидуа, која се разликува од сите други луѓе. Тоа не смее да биде повод за јас да ги мразам луѓето. Но ете за жал е. И што треба ние тука да правиме? Да ќутиме пред омразата? Да го свртиме и другиот образ? Која е цената?

И да, зошто предрасуди, зошто добри и лоши луѓе? Ти збориш против поделби, а самата правиш поделби. Ако веќе ја тераш својата филозофија, терај ја до крај. Нема добри и лоши луѓе, туку само луѓе. Природата на човекот е таква да спрема околностите го гради својот психолошки профил. И тие луѓе што ти ги викаш лоши, поминале низ некоја мака во животот за да станат такви какви што се. Зарем во Африка не се регрутираат 8-9-10 годишни деца, кои подоцна стануваат безкрупулозни убијци? Тие не се родени „лоши“, тие се направени „лоши“. Го сватиле тоа како нормален начин на живот.

И не, нема да одберам да ќутам. Секогаш ќе кажам што имам да кажам. Ако некогаш некој одземе живот на некој без никаква причина, во моја близина, тогаш и јас се осеќам за загрозен и уплашен и испаничен и гневен и како човек имам право на тоа. И ако дознам дека е тоа направено поради етничка причина, тоа ќе ме направи уште погневен, зошто никогаш ништо не сум им направил на Албанците.

Еден за сите, сите за еден. Мене најдобро би ми било така, неморам да се селам од оваа прекрасна населба, каде што сум го поминал цел живот. Неморам да се пазам да не летне некој камен или недај боже куршум случајно кон мене. Едноставно сакам да си го живеам животот, не мислејќи на мојата безбедност и безбедноста на моето семејство, како што е случајот последните неколку месеци, а највеќе последната недела. Да не мислам дека кога ќе го пратам детето во школо да не ми се јават дека некој си таму им текнало да дојдат во школото и .....

Мислиш ние што го креваме гласот малце повисоко, бараме војна и навиваме за војна? Ние бараме мир највеќе од сите, ние се осеќаме највеќе загрозени од сето ова. Јас сум спремен ако ми кажат да се исселам сам, ако не сум пожелен овде(а искрено и не се осеќам пожелен). Само нека не ми ја чепкаат фамилијата.
 
Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Здраво :)

Се сеќавам едно време форумов беше многу разнобоен, беше поквалитетна дискусијата, имаше вистински жар. Сега некако еднострано ми се гледа. Дали тие бои се префарбаа, дали скроз се истераа или едноставно самите избледеа е сосем друг муабет којшто јас не би можел да го потврдам.

Како и да е, да се вратам на темава.

Секако дека идеално општество со толку голема измешаност каква што е тука (национално, верско, партиско, историско, литературно, половно и тнт...) е 99,9% невозможно, нели? Сите вие пишувате со примери за одредени случки и настани, потврдувате некои факти.

Јас како пример ке ја земам Амерошвацародубаитокијоманија.

Тоа е место во која живеат три нации со различно се`(од вера до нација), коишто едно време биле во три одделни држави. Со векови војувале меѓусебно за околу тоа кој ќе ги контролира природните богатства на земјата кои се наоѓале во тромеѓето на овие земји. Еден ден дошол некој "копиљак" кој им праел политка на сите три народи, ги лажел цело време на сите посебно дека ако се соединат баш тој народ ќе е главен и ќе раководи со сите државни работи, доколку тие се согласеле тој да ги соедини под една држава. Тие му поверувале и така се соединиле.

Да не должам многу, тој копиљот исполнал само едно ситно ветување од сите тие "празни" муабети што им ги направил. Имено, тој им го кренал стандардот до тој степен што секој граѓанин на таа држава имал многу повеќе пари одколку што му требале. Со тек на времето имало одредени усијани глади коишто се сеќавале на празните ветувања на тој копиљот, но многу малку наоѓале одзив во народот бидејќи нив едноставно нашски речено "не ги болел стап" за било кое празно ветување бидејќи џепот им бил полн.

Извинете ако малку ви го отупив муабетот, морав убаво да ја елаборирам мојата фасцинација со оваа прекрасна држава звана: Амерошвацародубаитокијоманија.

Значи лекот го знаеме, ни фали тој "копиљот".
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Најбоље ми се тие попалените со реалноста демек попаметни се од тие што сакаат мирно да биде. Фраери.

Иначе немам што да пишам на темава, воведниот пост се кажува што мислам јас. Браво за Дивајн, царица!

И не ја терајте темава, каде што си знаете, политичари низаедни.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Јас верувам во дуализам т.е. дека луѓето не се целосно ни добри, ни лоши, туку се комбинација и бираат кон која страна ќе бидат понаклонети (секогаш постојат и екстремни т.е. претставници на ,,крајностите,, ама се најретки статистички) дали трајно или со варијации. Не те познавам доволно за да би те категоризирала, или уште полошо да се занимавам со евтини проекции на психолошки профил на виртуелен лик. Ама, знам дека често најголемиот дел од луѓето кои се самодекларирани како добри, не гледаат подалеку од својот нос, се прилично ограничени и крути, полни предрасуди, зад целата ентузијастична илузија со spreeeeeeeeed love пропагандата. Тргни од тоа, дека веднаш ги категоризираат како woши сите кои не го делат нивниот ,,идеал,,... така добрите ќе направат едно добро дело за некого, за да го заробат во вечен долг, ќе дадат 5 ден. на некое Циганче и цела виртуелна Македонија ќе разбере за истото итн. Признавам добрина само кога е прочистена од позерство, кога не бара ништо за возврат, не се коси со принципите и уверувањата на личноста и сл. ама ваквата е најдефицитарна.
Повистинито здравје.

Dark King брат,не е работата дали сакаме или не да имаме мир,просперитет итн нормално дека сакаме,мислам кој не би сакал,ама работата е што никој не сака да гледа низ призмата на розевите наочари.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.999
Епа супер, ние ќе глеаме низ призма на мирот, а они ќе не ебат кај ќе стигнат.
Ако вие таканаречени пацифисти, стварно бевте такви за какви што се издавате - либерали, космополити и слично, и јас ќе бев на ваша страна.
Но, фактите зборуваат дека вие не сте ништо друго освен безрбетни, инертни хедонисти. Да бевте тоа за што се преставувате, немаше да имате двојни аршини. Немаше да ги затворате очите пред злосторствата, туку први ќе станевте кога ќе му беше на некој нарушен интегритетот и личната слобода, само затоа што се родил ваков или онаков. Што се криви еден куп луѓе што се каури?
Зошто упорно ги затворате очите пред флагрантните прекршувања на човековите права?
Па уште се рекламирате во таа мизерна состојба... Као демек ОК и напредно да ти било тоа....

Лицемерието сведочи за вашето лажно претставување. Не ми е јасно како некој со грам совест и личен дигнитет би можел постојано да го препорачува, како задолжителна пракса, клекнувањето пред џелатовиот трупец?
 
,
Па ете добро би било, тие што пропагираат ќутење на сето што се праи, да бидат доброволци, самите да се жртвуваат во интерес на мирот. Нека шетаат по улици како глинени голуби, означени на раката со некој знак, како што биле Евреите со Давидова ѕвезда. И барем да се знае каде ќе иде теророт и ќе биде така мир и просперитет за нас останатите, кои неќеме да трпиме и да ќутиме пред терор.

Подобро решение од ова здравје.

Еве еден доброволец:
Најбоље ми се тие попалените со реалноста демек попаметни се од тие што сакаат мирно да биде. Фраери.

Иначе немам што да пишам на темава, воведниот пост се кажува што мислам јас. Браво за Дивајн, царица!

И не ја терајте темава, каде што си знаете, политичари низаедни.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Темата е промовирана на почетната страна на Кајгана.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom