Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Форумов не дозволува политика, но морам, морам да те прашам само ова. Мислиш дека политичарите не ни ги прават сите лоши сценарија? Озбилно? Или мислиш затоа што Гордана стресената ќе каже да се смириме, затоа сме се смириле? Озбилно?Јазикот го земав само како пример. Што е со да речеме рамковните вработувања? А тоа што викаш главуч, тука е таа вечна дебата дали политичарите наметнуваат мислења и поттикнуваат конфликт или смируваат? Некогаш е едното некогаш е другото. На пример еве види го овој случај сега, да не се ангажираа политичарите да смируваат 10 пати поопасна ќе беше реакцијата од граѓаните. Не знам вие правете како сакате јас за себе си знам, природно ми е да се дружам со тој што сум израснал со некој што колку толку дели мои вредности и сега да не прејдам у поезија делиме "иста" крв. Што се однесува до другите нив сум спремен да ги толерирам (во границите на нормалата), тоа е тоа што ќе го добијат од мене, мислам дека сум фер ;-)
За јазикот, те сфатив дека ти е пример, па и јас на тоа се задржав за да не навлегуваме во нешто што не ми е намера тука. Сите други работи кои ти сметаат, пак ќе кажам, ти ги сервирале други помоќни луѓе со поголеми интереси, а не јас или било кој друг обичен граѓанин тука. Глупаво е да се буниме против рамковниот на пример. Знаеш колку години поминаа, да? Сега тие што можат си го користат. И ти да си, и ти ќе искористиш што можеш, или не? Секој има право да бара што сака, но прашање е колку тоа ќе му се дозволи. Главно и најважно е дека многу работи и закони важат подеднакво исто за сите во државава. Не се сите Македонци моќни или скроз запоставени, а исти се и Албанците и Ромите итн итн... Тие што имаат имаат се` и баш ги боли газот за другите, а тие што немаат ништо ќе продолжат вечно да се бунат кај што и за што не треба. Тоа е тоа...