Извини вака што ќе ти кажам, ама зошто вакви муабети ни тераш на нас Македонците?
Божем ние сееме омраза, божем ние сме тие што рушиме соживот
Искрено незнам во кој свет живееш, дали си во државава или некаде далеку одовде а се водиш по вести пишувани во странски медиуми.
Самата си имаш зацртано во главата дека Македонците биле националисти, дека ги мрзеле сите итн.
Знаеш што е националист?
Човек што ги мрази другите националности!
Дали Македонците имаат проблеми со странците кои доаѓаат овде? Ете дошле навивачи на пример, на многу држави. Сите се фалат на гостопримството во Македонија, никој не се пожалил дека бил нападнат од националисти на улица.
Кои ти се овие филмови жити се, ги направи луѓево, божем во Скопје има 10 банди националисти и тепаат се што не е македонско.
Зар се водиш по некои запалени копиљаци од по 10 години, кои ставиле слики од специјалци и само пишуваат СМРТ ЗА Албанци/ГРЦИ/СРБИ/ТАТАРИ итн...?
Во Македонија воопшто не постојат такви групации, какви што има на пример во соседните држави.
Па таму малцинството да направи некоја тепачка, мнозинството ќе има ОДВРЗАНИ раце да ги скапе од ќотек и никој да не одговара за тоа.
Дај ја Грција за пример. Македонско здружение не може да одржи ни пресконференција таму, бидејќи одма се појавуваат такви групи. Кога има протести владее тотална анархија.
Во Србија, кога доаѓаат странски навивачи секогаш се тепани. Земи го убиениот Французин на пример, или истепаните Италијанци од пред една недела.
Во Македонија такви работи НИКОГАШ не се случувале, некој да биде напаѓан само затоа што не е од мнозинството.
Ондак каде ја гледаш таа група на националисти, група која шири омраза?
Или судиш према тоа што се пее на навивачки утакмици на пример
Стварно не сваќам во кој свет живеете. Македонците се едни од најмирните и најгостопримливите народи, тоа е докажано милион пати.
Странец како што може тука да си помине, нигде на друго место нема таков рај да осети
Гледаш со самиот пост алудираш на состојбата со Албанците.
Девојко зар ние сме тие што шират омраза и тепаат на недолжни граѓани на улици?
Прочитај го убаво постот од Ultra boy
Многу убаво ти има објаснето.
Одиш цело врерме со главата во ѕид, го напаѓаш сопствениот народ а не ги согледуваш фактите.
Кој излезе на марш на мирот?
Дали АЛбанците излегоа?
Еден инцидент имаше од Македонска страна, 50 од нивна, дедовци, деца и девојчиња беа крвнички тепани само заради различна националност
Да ти кажам зошто се случи тепачката во Кисела Вода?
Пошто знам дека ќе речеш и ние сме исти.
ЗОШТО ПОЛИЦИЈАТА ДРЕМЕШЕ ОТКАКО БЕШЕ АПЕЛИРАНО ДЕКА ТИЕ ТЕПАНИТЕ, ПРЕТХОДНО ПОСТОЈАНО ГО МАЛТРЕТИРАЛЕ ЕДЕН ОД ТЕПАЧИТЕ.
Ете така функционира оваа држава, дури не се случи сериозно никој не рагира.
Нештатата треба да се спречат, а не да се лечат.
Зашто се случи убиството во Смилковци?
Ради неконтролираното ширење на омраза од страна на Албанските медиуми и нивните политичари и непрекинатото барање ПРАВА ПРАВА ПРАВА ПРАВА.
Затоа што при ниеден напад на Македонец, медиумите не излегоа со слика ниту со репортажа од тепаните, ниту со сензационални наслови, а на другата страна имаш медиуми кои нагласуваат дека АЛБАНЦИ СЕ ТЕПАНИ ОД МАКЕДОНЦИ и ставаат слики одб тепаните со што директно влијаат на подгревање на страстите.
Зошто Албанците еднаш не повикаа на смирување на страстите?
Го читаше форумов во тоа време?
Само повикуваа на одмазди, кажуваа дека Македонците повеќе немало да бидат сигурни итн.
Па дури и случајот во Гостивар е спореден со ова крвничко убиство.
Господата во Гостивар не беа убиени затоа што така сакал таткото и дека се различна анционалност, туку дека имало ПРИЧИНА.
Ќе се докаже дека децата во Смилковци се убиени без причина, од Албанска страна, убиства какви што сме виделе и години уназад (детето во тетово на игралиштето, чичкото во Арачиново кој беше последен македонец таму итн) и пак нема да признаете дека се цели кон етничко чистење.
Епа извини ама ако се правиш слепа пред фактите, ако замижуваш пред неправдата врз твојот народ, има некои кои нема да наведнат глава.
Тоа што тебе никој не те закачал, незначи дека тоа не се случува во другите градови.
Колку што знам веќе имаш над 25 години, па негледам зошто некој би те закачал тебе.
Прашај ги децата како е да налеташ на групи Албанци кои искочиле само за да истепаат некој РАЗЛИЧЕН.
Нема да набројувамслучаи, пошто цела страна ќе напишам.
Им дадовме милион шанси за соживот, ниедна не искористија.
Кој се за соживот имаат другари/ки Македонци. Оние кои се затуцани ќе си останат затуцани.
Македонецот е отворен за сите, тоа МИЛИОН пати сме го докажале.
Колку другите се расположени за ширење пријателство оцени си од ситуацијата во државата.
Срамота е овој мирен народ да го нагрдуваш со некои епитети.
Овој пост да го пишеш на Албански форум, а не на ова место.