Мислам дека ќе дојде тој дел од патот што го оди човештвото кога ќе мора да се престане со поделби на националности, национални цркви, религии кои исклучуваат други религии, да се престане со обвинување во однос на религиите и верувањата, клеветења итн итн...
Ќе испадне малцинство на луѓе кои сакаат „да се жртвуваат во името на религијата“ и тоа ќе го гледаат како големото искушение „пред крајот на светот“ - мислам, крајот на светот дојде за многумина... само не се свесни.
Бидејќи сето ова води кон војна и раздор - бесцелно зборување за љубов и разбирање и сешто, кога тоа го нема бидејќис е шират постојани исти проповеди и сржта на старите религии е тоа: моето и само моето, другото е лажно, погрешно, зло итн итн... ги знаеме проповедите кои доаѓаат прво од официјалните лица, а потоа се шират меѓу верниците кои и не се премногу заморуваат со религиите, доволно е нивното, не мора да се разбира другото...
А да се заморуваат со историјата, со разните учења, разните верувања и ритуали ќе имаат многу повеќе разбирање и околу боговите и околу човештвото
Како што реков и претходно неколкупати, секогаш е Еден.... тоа што некои додадоа 3 во едно, па исламот проба да поправи со стихови во коранот дека богот нема ниту син ниту претходни и е еден... така да, тргнете ги главите од една света книга и учете ги сите - дури и прво целта е за да научите за истите тие учења за да можете повеќе слатки да јадете, ако навистина ги проучувате, ќе најдете нешто повеќе...
Не е само христијанската библија света, заборавете на таа екслузивност. Доста ви е