Егземи!

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Вака...Уште како тримесечно бебе, по телото ми се појавиле како ранички, таканаречени, егземи. Имав на вратот, околу устата, од внатрешната страна на лактите и по нозете. Со растењето, егземите ми останаа на устата, во внатрешноста на лактите и нозете. Последниве години, кожата ми се подзачисти, и тие од устата и од нозете сосема исчезнаа. Тие што ги имав на внатрешната страна на лактите ми останаа и до ден денес...Оломнани бев на одмор на море, и скроз се исчистија. Таман се порадував, пак ми се појавија. Сум била на кожно милион пати, сум се мачкала со милион креми, ништо не ми помогна. Сега користам една крема, на билна основа. Резултатите беа задоволувачки. Откако се вратив од одмор оваа година...Местото на егземата ми остана неисунчано, раничките ги нема, но местото како да се проширува. Дали е можно егземите да одат во некоја друга крајност ? Ве молам за некој совет...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.199
Поени од реакции
34.432
Macedalien имаше пишано еден текст за егзема и псоријазата. Еве го.

Како едни од најразвиените дерматолошки психо-соматски болести, псоријазата и егземата можат да се јават кај секого и на секоја возраст. Најчеста причина за нивно јавување е долгорочен контакт со кортизон којшто е составен дел на некои масти и креми, психичка напнатост, голем стрес, нечистотии, неправилна исхрана. Сите овие фактори се најчесто во комбинација со што се намалува отпорноста на епидермот на чувствителните делови на кожата и доаѓа до сврб и до лупење на истата.

Псоријазата се дели на повеќе типови кои најчесто ги зафаќаат најчувствителните делови на кожата како лактите, колената, нозете (стапалата) и рацете. Најтешко поднослив тип на егзема, пак, е онаа којашто се јавува на лицето и лицето заболено од неа има впечаток дека носи една постојана маска. За да се решат таквите проблеми, парамедицината и медицината досега нудеа третмани на база на термални води и на вазелина но таквите беа со привремен ефект од две недели до неколку месеци.
Лабораториите Uriage неодамна развија систем за лечење на таквите болести коишто можат да опфатат во некои случаи и цел еден дел од нашето тело.


Третманот се состои од редовно пиење на новите ампули коишто го попречуваат размножувањето на егземичните ќелии при што истите изумираат со тек на третманот. При истиот, пациентот ги мачка заболените осетливи делови со крем на база на коламин којшто ги регенерира клетките на кожата. За неколку недели, чувството на печење на кожата и црвенилата исчезнуваат целосно како и трагите на вашата кожа којашто е обновена и исчистена со термалните води на изворите Uriage.

Во голем број на случаи, третманот е надополнет и со психотерапија при којашто психологот или психијатарот ги бара причините за стресот којшто довел до развивање на ваквите симптоми. Сепак, се работи за бенигни заболувања коишто не се драматично опасни по животот но, како и астмата, подобро е да се лечат отколку да се остават на милост на природата.

За подетални информации околу третманот посетете ја страницата на Uriage Laboratoires.

Сигурно ќе сака да се доискаже на темава.
 
T

trilobite

Гостин
JeCILaDy напиша:
Вака...Уште како тримесечно бебе, по телото ми се појавиле како ранички, таканаречени, егземи. Имав на вратот, околу устата, од внатрешната страна на лактите и по нозете. Со растењето, егземите ми останаа на устата, во внатрешноста на лактите и нозете. Последниве години, кожата ми се подзачисти, и тие од устата и од нозете сосема исчезнаа. Тие што ги имав на внатрешната страна на лактите ми останаа и до ден денес...Оломнани бев на одмор на море, и скроз се исчистија. Таман се порадував, пак ми се појавија. Сум била на кожно милион пати, сум се мачкала со милион креми, ништо не ми помогна. Сега користам една крема, на билна основа. Резултатите беа задоволувачки. Откако се вратив од одмор оваа година...Местото на егземата ми остана неисунчано, раничките ги нема, но местото како да се проширува. Дали е можно егземите да одат во некоја друга крајност ? Ве молам за некој совет...
Пробај со Sinoderm.(гел)
Го има во сите аптеки и е многу евтин.Околу 40 денари.
Мене ми се појавуваат од време на време али со гелов ги "решавам".
Сепак не е долгорочно решение ама во кризни ситуации помага.
Доколку истите ти се појавуваат на скалпот(на глава,под косата)мајката му е шампон од колекција на "Vichy" медицински тестиран против перут.
Ефикасен е страховито,само избегавај одредено време користење на гелови,пени и сл. хемикалии за коса пошто само ќе се повтори проблемот.Скап е.Околу 400 денари зависи од аптека...
За стручни консултации- на дерматолог.:toe:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
JeCILaDy одличен дерматолог познавам, ако сакаш помош - пиши ми пп и ќе се договориме. Само сега докторот е на одмор, па почеток на септември можеме да направиме нешто околу ова. Ти гарантирам!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Acid - точно. И јас патам од егзема и неодамна ја открив причината - преголемо лачење од тироидната жлезда ради пореметување по една стресна ситуација од 2001. Почнав и со лекување и тоа антибиотици (капсули) и крема којашто содржи мал процент на кортизон... Со текот на времето се намалија сите работи ама за егзема треба време. Морето, т.е. јодот, е добра работа за егземите ама понктуално е - сонцето и солта помагаат ама не го лечат главниот проблем којшто е хормонално пореметување на тироидната жлезда.

Во последно време, се повеќе пациенти се свртуваат кон алтернативната медицина или хомеопатија ама не сум убеден во ефикасноста оти бев подложен на 1000 третмани и ниту еден не даде резултат. Ќе пишам накнадно откако ќе ја завршам терапијата којашто моментално ја користам и којашто полека вродува со плод ама очекувам Злобница да напише нешто за темава оти би можела да ни даде ептен добри одговори околу причините за Егземата.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Лажен аларм..Бојата почна да ми се изедначува...Мислам дека конечно ќе ги снема...Сеуште ја користам маста на билна основа...Ми помогна многу.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Пак ја актуализирам темава. Може некој да ми даде некој совет? Има меѓу вас коишто патат или пателе од егзема? ДАј кажете како се лечите плззззззз...

Поздрав
 

ПојзонГрл

Оne in a Million
Член од
22 јули 2007
Мислења
264
Поени од реакции
1
Имам егзема уште од мала, од раѓање - прстите и образите ми беа црвени и нон-стоп ме чешаа.
Како мала ставав една крема, не ми ја препорача доктор ама као демек помагаше ....
После некое време отиднав кај дерматолог ми рече дека треба да прекинам со виршли, кечапи, шунки и сл. и да се хранам здраво и ми ја препорача Advantan кремата. За помагање помага навистина, ама сака упорност - бидејќи треба да се мачкаш секој ден по три пати...

Сега после година-две ми помина скроз, само кај лактовите ми излегува поретко и само се смирува.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
И јас имам егзема на рацете и понекогаш ептем знае да помине во крајност...Бев на дерматолог и ми рече дека најчеста причина е храната која содржи некои емулгатори кои предизвикуваат такво воспаление...и ми даде некоја маст која уопште не помага...
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Јас како мал имав многу проблеми со егземата, а докторите велеа дека со текот на времето (годините) можеби егземата ќе помине. До ден денес имам егзема ама ретко се случува тоа, за разлика кога бев бебе.
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Probaj hed end sholders za celo telo,toa neka ti bide osnovno sredstvo i edinstveno za tusiranje i za kosa. Pomaga na povekjeto koi probale ama ne garantiram.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
25
Поени од реакции
3
Егзема

Имам проблем со егзем што ми излага на рацете. Кожата ми е црвена на одредени места а понекогаш дури и ми тече крв од тие места. Бев на лекар ми даваа некој масти глупости, но тоа само делумно ми помогна. Дали има некој со слични проблеми или некој предлог како да го решам мојот проблем. Однапред благодарам
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Odi na specijalist za kozni bolesti.

Koj znae kakva egzema imas. Sto ti rekle doktorite na koi dosega si bil?

Koi masti ti gi dale?

P.S. da ne ti se sluci i tebe ona ko so Mujo?

Otisol Mujo na ocen lekar, mu go izvadil penisot i mu vika vidi be doktore, se nekoi korupki mi se javuvaat.
doktorot mu vika, a be Mujo ova ne e za kaj mene, za na urolog e.
mujo na toa mu vika, a be, kako ne e za na ocen, a gi kornam korupkive od glauckata, tolku mnogu solzi mi odat na oci, nisto ne gledam, daj nekoe care!

Razmisli, mozebi e poumno da poslusas doktori, specijalisti, otkolku forumdzii.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Незнем како се вика ама и мене ми излага на рацете, ама само во земскиот период, не сум бил на доктор ама од дома ми викаа да се мачкам со масти некој и треба да јадем витамини појче бидејќи тоа се случувало од немање доволни витамини...
- Ја боштум се мачкам со мастите и јадем појче витамини ама некако тешко проаѓа и све мислим дека е од времето, бидејќи исклучиво само во зима одреден прериод само а во другите ништо ко никат да немало, инаку ја имам само на прсите и тоа некоаш знае да биде и болно...
- Некој ако знае решение за овој проблем...:nesum:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
25
Поени од реакции
3



Еве одприлика како изгледа оваа болест. Иначе ми дадоа маст се викаше белогент и тој највеќе ми помогна за разлика од предходни други што ми ги препишуваше. поздрав










 

Kajgana Shop

На врв Bottom