Одлично напишано!
Нека стои уште еднаш вака посебно цитирано, можеби ќе му влезе на некого во црпката.
Кога ќе напишат луѓево, сме немале менталитет.
Пример за немање менталитет е екипа составена од Хансен, Лазаров, Карабатич, Дувњак, Штербик итн. да губи константно од екипа од рангот на нашата репрезентација.
Не може доколку Леванте изгуби од Реал Мадрид, да кажат дека проблемот бил во менталитетот. Не, баш напротив толкав е квалитетот.
Не знам дали се свесни тие што пишуваат за менталитетот дека без Лазаров Македонија беше по квалитет убедливо најслаба репрезентација во втората група. Не другари, тука не е проблемот во менталитетот, туку во просечниот ни тим.