Европско првенство 2018 Хрватска- Општа тема

Каков стил на ракомет очекувате да се игра на првенството


  • Вкупно гласачи
    85
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.553
Само запрашајте се што би ни се случило нас да доживееме вакво израмнување, на напад зицер за три гола предност да промаршиш и да ти дојдат на еден предност, и ќе добиете одговор кога ќе играме завршница на првенство :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
иначе најмногу ми е криво за Норвешка... најубав ракомет и најразновидна игра прикажаа на првенствово
Како мислиш криво ти е? Едноставно не заслужија да одат понатаму, не покажаа доволно и тоа е тоа. И мене ми се омилена репка нели освен што си навивам за нашиве, ама факт е дека малце ги преценуваме овде на форумов. Имаат криминална одбрана и тоа ги кошташе многу на ова првенство. Нема збор дека се силна репрезентација, дека имаат страшни играчи, Бјорнсен е едно од надобрите десни крила, Сагосен е веројатно најдобриот ракометар во светот моментално, или ајде топ 3, тука е Тонесен, исто така пекол играч, искусниот Бјарте Мирхол на пикерската позиција, едино на голман се чорба, мене не ми се допаѓа како брани Бергеруд, ваљда му го погодив презимето да му ебам ситно жито. Но, претежно млада репка се, имаат доста простор за напредок и мислам дека во иднина ќе бидат спремни за големи нешта на чело со Сагосен.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.950
Кога ќе имаме индивидуалци као Лауге, Паличка, Захрисон, Годфридсон... тогаш ќе можеме да се фалиме дека имаме ракомет и дека целиме високо. Каква утакмица! :cuc:
Квалитетен голман кога ќе имаме на голот тогаш ќе можеме да се надеваме
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Nashite golmani vaka nemale braneto ushte 2012 god, problemot e sho imame kratka klupa, slaba odbrana, i normalno FYROM mentalitet.
Чешка по откажувањето на Јиха ја отпишаа од ракомет, па со постава навидум "послаба" од нашата дојде до 6то место на ЕП.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Кој друг ако не Хансен, за ова зборам за ова ми е најмногу криво што не се во финале. Играчиште каква асистенција на 3 секунди до крај од сред терен. :cuc:

 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
@Џони Вајсмилер
Уште стојам на тоа дека Шпанија се ослабени во споредба со минатите првенства.Никој не рече дека ние направивме кикс со тоа што не ги победивме.Таман работа.Не сум толку издуван.Баш и на темиве пишував дека мн залетуваат сите со постовите дека мора да ја добиеме Шпанија.
Тоа дека се послаби од порано,неможеш да го одречеш.Ако гледаш така и Чешка 6то место заврши а сигурен си и ти и сите други дека се послаби од нас, така? Сплет на околности.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не знам дали забележавте како бранеше Паличка......треба да се направи едно видео од одбраните на Паличка за да служи како туторијал за останатите во оваа професија..страшни пируети и движења изведуваше батето,јас го знаев и порано дека е многу спремен голман но денес искрено како да се надмина со парадите и брзината.....ајде разбирам имале многу голмани вакви одлични партии како Штербик и Омејер, но никогаш не сум видел лично голман со толку атрактивни одбрани..ги искина[DOUBLEPOST=1517015397][/DOUBLEPOST]
Nashite golmani vaka nemale braneto ushte 2012 god, problemot e sho imame kratka klupa, slaba odbrana, i normalno FYROM mentalitet.
И крила,и одбранбени,и среден бек и лев бек....еден куп работи ни треба да заличиме ама факт е дека квалитетот е најбитен, а не менталитетот..тоа се типични балкански муабети колку да се најдат изговори за својата неспособност..ние сакаме јака репрезентација, а во државата постојат два клуба со две функционални сали од каде едната е национална.....менталитетот е проблем кај Србите бидејќи навистина тие имаат јаки играчи,а неможи кај нас менталитетот да е проблем со играчи што се резерви и што не ни играат во нивните клубови и после очекуваме чуда на ЕП/СП..неможи така.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.590
Сега најдобро ќе биде да не извлечат со Унгарија во баражот, па да видиме дали ќе има оправдување после кога реваншот ќе го играат на домашен терен...секако доколку не јадеме 10-ина разлика во првата утакмица :D Од друга страна па може да ни падне Литванија па пак да се силиме дека сме јака репрезентација. Абе за ништо немаше да жалам овие 10 години ако еднаш победевме некој од супер јаките противници како Шпанија, Данска, Хрватска, Германија итн...не можи бе стално со една победа над екипа од типот на Белорусија, Црна Гора и едно нерешено да се влечиш 10 години и да имаш надежи за топ 4, не можи едноставно. Жими Полска шо ја имаме тепано, 2 пати :D и Русија ама од топ богативе немаме никој тепано, а Германија беа печени за тоа. Тоа најмногу го посакував на ова ЕП ама ете не се оствари. Реално квалитет колку за топ 8 имаме, а за нешто повеќе не треба ни да размислуваме додека не добиеме нов јак голман (оти од Борко преку тасета ми е), психичка стабилност во клучни моменти, да ојачаат дополнително Кузмановски и Талески, да се најде каква таква замена за Кире и други мали детали... Доволно е да не го губиме континуитетот, како женската репрезентација која ја зафати потоп и ја снема од картата на ракометна Европа. Само мака ми е што фалат уште барем 2 поконкурентни клубови, еден би бил Пелистер секако, кои би парирале на Вардар и Металург колку толку. Низ поквалитетни натпревари во домашно првенство би се изделкале и нови таленти како Талески и Кузмановски кои потоа со евентуални добри трансфери во странство би донеле квалитет и во репрезентацијата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
заборавив какао беше, како дојде Исланд во Хрватска а 3-то пласиран ни беше во група ??

А Чешка ни врати, ни збира мислам 2-3 пати што ги исфрламе. Всушност со Чешка киксна малку и Раул, имавме +2, + играч + наша топка 3 минути пред крај, требаше да го извади голманот и да го внесе Филип, да дадеме гол и се ќе беше подруго
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Последните 8-9 гола на Шведска беа на фушарски начин дадени. Од кај шутнаа гол дадоа, меѓу уши им одеа на голманите. Барем 2-3 топки да фатеа голманите на Данска сеа ќе си беа во финале!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
И крила,и одбранбени,и среден бек и лев бек....еден куп работи ни треба да заличиме ама факт е дека квалитетот е најбитен, а не менталитетот..тоа се типични балкански муабети колку да се најдат изговори за својата неспособност.
Одлично напишано!
Нека стои уште еднаш вака посебно цитирано, можеби ќе му влезе на некого во црпката.

Кога ќе напишат луѓево, сме немале менталитет. :ROFLMAO:
Пример за немање менталитет е екипа составена од Хансен, Лазаров, Карабатич, Дувњак, Штербик итн. да губи константно од екипа од рангот на нашата репрезентација.

Не може доколку Леванте изгуби од Реал Мадрид, да кажат дека проблемот бил во менталитетот. Не, баш напротив толкав е квалитетот.

Не знам дали се свесни тие што пишуваат за менталитетот дека без Лазаров Македонија беше по квалитет убедливо најслаба репрезентација во втората група. Не другари, тука не е проблемот во менталитетот, туку во просечниот ни тим.
 
Член од
1 декември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
2
Одлично напишано!
Нека стои уште еднаш вака посебно цитирано, можеби ќе му влезе на некого во црпката.

Кога ќе напишат луѓево, сме немале менталитет. :ROFLMAO:
Пример за немање менталитет е екипа составена од Хансен, Лазаров, Карабатич, Дувњак, Штербик итн. да губи константно од екипа од рангот на нашата репрезентација.

Не може доколку Леванте изгуби од Реал Мадрид, да кажат дека проблемот бил во менталитетот. Не, баш напротив толкав е квалитетот.

Не знам дали се свесни тие што пишуваат за менталитетот дека без Лазаров Македонија беше по квалитет убедливо најслаба репрезентација во втората група. Не другари, тука не е проблемот во менталитетот, туку во просечниот ни тим.
Три големи натпреварувања СП или ЕП во 2012Србија, 2016Катар и ова годинешново се палшиме од шансата шо ни се укажва.... Дека сме лимитирана репрезентација сме, ама дека немаме менталитет немаме за големи работи. Поубо речено се плашиме од самите себе... каков сакаш имај ти квалитет утакмицата се добива или се губи во глата, треба да се земи еден психијатар добар и да работи со спортистите во Македонија. Многу послаби репрезентации стигнале многу подалеку......[DOUBLEPOST=1517052245][/DOUBLEPOST]и ќе забораев квалификаците за Олимпијада два пати ги изгубивме од немање квалитет или од менталитет ?
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Три големи натпреварувања СП или ЕП во 2012Србија, 2016Катар и ова годинешново се палшиме од шансата шо ни се укажва.... Дека сме лимитирана репрезентација сме, ама дека немаме менталитет немаме за големи работи. Поубо речено се плашиме од самите себе... каков сакаш имај ти квалитет утакмицата се добива или се губи во глата, треба да се земи еден психијатар добар и да работи со спортистите во Македонија. Многу послаби репрезентации стигнале многу подалеку......
Кои послаби репрезентации стигнале до полуфинале еве кажи поконкретно?..на секое големо натпреварување се менваат истите (Данска,Франција,Шпанија,Германија,Хрватска,Норвешка,Шведска и лани Словенија)..која е таа репрезентација од приближно наш ранг која успеала да направи ваков успех?..не ве разбирам искрено,ја земате за пример Чешка која стигнала до 6-тото место..па и нас да ни беше Лазаров здрав веројатно ќе ја победевме истата Чешка и ќе бевме на тоа 6-то место....менталитетот доаѓа во склоп со квалитетот,доколку имаш јаки играчи што можат да погодуваат од секоја позиција и што можат да направат разлика тогаш приказната ќе биди поинаква.
 
Член од
1 декември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
2
Кои послаби репрезентации стигнале до полуфинале еве кажи поконкретно?..на секое големо натпреварување се менваат истите (Данска,Франција,Шпанија,Германија,Хрватска,Норвешка,Шведска и лани Словенија)..која е таа репрезентација од приближно наш ранг која успеала да направи ваков успех?..не ве разбирам искрено,ја земате за пример Чешка која стигнала до 6-тото место..па и нас да ни беше Лазаров здрав веројатно ќе ја победевме истата Чешка и ќе бевме на тоа 6-то место....менталитетот доаѓа во склоп со квалитетот,доколку имаш јаки играчи што можат да погодуваат од секоја позиција и што можат да направат разлика тогаш приказната ќе биди поинаква.
Полска 2006 финале со Германија, 2004 Словенија лимитирaна до крај финале, можи беа домакини ама си искористија, лани Словенците и ред други да не ги набројвам ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom