Европско првенство 2018 Хрватска- Општа тема

Каков стил на ракомет очекувате да се игра на првенството


  • Вкупно гласачи
    85

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
За прв пат во историја на Европските првенства (не толку стара:D, со оглед дека во ваков формат првенствата се организираат од 1994 година) една земја ќе биде домаќин по втор пат на собирот на "НАЈРАКОМЕТНИОТ КОНТИТЕНТ".
По 2000 година повторно господата од ЕХФ им ја дадоа честа на Хрватите да бидат домаќини на едно големо натпреварување, односно веќе трет голем настан го организираат за 17 години, во 2009 беа домаќини на СП, знаат да се "изгребат" кај луѓето со скапи костуми, секоја чест.
Да бевме ние малку поКУРНАЗИ сеа наместо Хрватите ние ќе бевме домаќини, но ова е муабет за некоја друга тема, сепак мора да се биде реален дека во моментот Хрватите од сите екс ЈУ земји имаат најдобри сали, посебно салите во Загреб и Сплит, другите се помали, посебно таа во Пореч која собира само 3.500 гледачи, но направени се со сите нишани, треба сериозно да го разгледаме нивниот пример и да примениме некоја "финта" ако сакаме и ние да се вмешаме некогаш во големото друштво:masa:.

Да се вратам на темата,
Првенството ќе се игра во четири градови, Загреб (нашата група), Сплит, Пореч и Вараждин.
Ќе се отворат деновиве посебни теми за секоја од групите, ќе можат читателите на Кајгана Форумот подетално да се запознаат со репрезентациите кои ќе ги видиме на првенството, па таму подетално ќе се анализираат сите репки.
На прв поглед главни фаворити за златото се као и увек Французите, доколку триумфираат ќе се израмнат по бројот на освоени трофеи со легендарната Шведска која сеуште го држи рекордот по бројот на освоени злата, 4 настапи во финалиња=4 титули, последното кога беа домаќини уште во 2002 година, кога им судеа Начевците, каква текма беше ова.
Хрватските Каубои ќе го бараат она што го пропуштија во 2009, се е исто оттогаш, ВРАТИА СЕ ЛИНО, се е фрлено на една карта, дали ќе успеаат да се носат со притисокот кој е огромен видеќемо, во секој случај треба да одат докрај.
Како селекции од втор ешалон по рандом распоред доаѓаат Данска и Шпанија.
Германија ја брани титулата, но според мене многу тешко ќе се докопаат до повторување на сензационалниот резултат од Полска, таму им се наместија сите работи како по некое однапред режирано сценарио, сосема заслужено, искинаа, но тоа тешко да се повтори, се виде и лани на СП кога Катар им ја зеде НЕВИНОСТА:pos:, сепак мора сериозно да се смета на нив, ќе видиме колку ќе се истрошат во групата, посебно на мечевите со нас и Словенците, европските првенства се секогаш двојно потешки од светските, овде немаш лесни тренинг мечеви со репки како Саудиска Арабија, Австралија итн, секој меч е тежок.
Во ист кантар со Германците ги ставам ВИКИНЗИТЕ, Норвешка веќе има спремна селекција за највисоки дострели, веќе докажан квалитет и мора сериозно да се смета на нив.
Овде би ја додал и Шведска, покажаа и СП лани во Франција дека се селекција у успону, ќе видиме сега дали тоа беше само моментален блесок или навистина се враќаат на старите патеки.
Сите останати селекции ќе си ја бараат среќата да се вмешаат во замрсувањето на нечии сметки, посебно ова важи за Унгарците, Словенците и секако Македонија кои се очекува да имаат доста солидна подршка од трибините со оглед на близината, колку ќе успеаат да изненадат некого видеќемо, се надевам дека ние ќе бидиме ИЗНЕНАДУВАЊЕТО и далеку ќе дотуркаме.:)
Останатите селекции, Србија, Црна Гора, Белорусија, Австрија и посебно Чешка делуваат како залутани во ова друштво, но штом влетаа на местото на некогаш големите играчи како Русија, Полска сигурно не се за фрлање, но сепак не треба многу да се очекува од нив, пред се од Чешка, Австрија и Црна Гора(посебно за овие се надевам дека нема да ме демантираат):D.
Србија и Белорусија реално се повисока класа од овие и можно е да направат некоја беља, посебно ако ги потцени некој.

Тоа е засега, како некое " покусо"ИНТРО.


Официјалниот сајт на шампионатот.

http://cro2018.ehf-euro.com/home/
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Ќе типуваме како за претходните првенства? :)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Ќе типуваме како за претходните првенства? :)
Ќе се отвори посебна тема за сите ракометни комарџии, да си ги кажуваат "маките".
Рано е сеуште, наредна недела ова.
 

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Дали ќе оди некој Хрватска од форумов??
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Ќе типуваме како за претходните првенства? :)
Ќе се отвори посебна тема за сите ракометни комарџии, да си ги кажуваат "маките".
Рано е сеуште, наредна недела ова.
На овакво нешто да не мислеше..
https://forum.kajgana.com/threads/ЕП-ракомет-prosecni-kladionicar-fantasy.80444/
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.966
Поени од реакции
25.279
Фантази игра нема ли како шо има за фудбалските лиги и првенства? :icon_mrgr:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Aj вака едно прашање, дали има некој од тука или да познава некој што ќе оди со кола за Загреб, а да има едно место. Нека ми пиши во ПП ако има некој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom