Европско првенство 2018 Хрватска- Општа тема

Каков стил на ракомет очекувате да се игра на првенството

  • Вкупно гласачи
    85

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Што е добро кај Талески не ми е јасно. Поради кои причини Талески моментално би требало да се смета за добар играч?
Затоа што е Антички Македонец, плус јака фризура има.:pipi:.
А што е добро кај него? Тоа што е млад, и има надеж дека ќе му ги корегираат недостатоците, дуел играта, техниката, движењата, да знае кога да додаде топка до пикер, да има преглед на :vozbud: играта, далеку заостанува зад своите врсници од другите репки, а го сметаме ние за најголем талент.:свиркам:
Иако овие сегменти во играта многу тешко се корегираат драстично во сакана насока, тоа ти е најмногу вроден талент, скок шут, брзина, техника, интелегенција, овие работи ако не ти се вродени многу тешко се успева, иако се е можно со добар тренинг тим и пред се добра програма за индивидуален развој на играчот.
Се ќе видат Швабите ако успее да напредува според нивни стандарди ок, ќе се одржува во Бундес Лига, но ако за брзо не покаже напредок многу тешко ќе оди.
Кузмановски е сосема друга приказна, штета е вакво дете да не си ја проба среќата некаде надвор, пред се во некоја од големите лиги, Германија пред се.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Во баражот за СП ќе играме против Романија.

Првиот меч ќе го играме дома. Реваншот на гости.

Реално..добар противник би требало да си ги плеснеме лагано (па дури и без Кире :D )

Другите мечеви:

Србија - Португалија

Литванија - Исланд

Чешка - Русија (зезнато ќе е ова)

Словенија - Унгарија (ќе биде јако ова)

Белорусија - Австрија

Холандија - Поразената екипа од финалето на ЕП

Норвешка - Босна (или Швајцарија ако така одлучи ИХФ ..имаше комплицирана ситуација тука)

Хрватска - Црна Гора
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Негде 8ми Јуни се игра првата, реваншот на 12ти/13ти Јуни.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.591
Во баражот за СП ќе играме против Романија.

Првиот меч ќе го играме дома. Реваншот на гости.

Реално..добар противник би требало да си ги плеснеме лагано (па дури и без Кире :D )

Другите мечеви:

Србија - Португалија

Литванија - Исланд

Чешка - Русија (зезнато ќе е ова)

Словенија - Унгарија (ќе биде јако ова)

Белорусија - Австрија

Холандија - Поразената екипа од финалето на ЕП

Норвешка - Босна (или Швајцарија ако така одлучи ИХФ ..имаше комплицирана ситуација тука)

Хрватска - Црна Гора
Како бе реваншот на гости? Нели сме во групата на носители? Грешка да не си нешто? Инаку од другиве, Холандија, Босна и Литванија море среќа немање :ROFLMAO:
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Како бе реваншот на гости? Нели сме во групата на носители? Грешка да не си нешто? Инаку од другиве, Холандија, Босна и Литванија море среќа немање :ROFLMAO:
Јок, не сум грешка :D Не се ждребовите во ракометов на таков принцип секој носител да биде домаќин во реваншот :D
 
Член од
9 август 2014
Мислења
421
Поени од реакции
980
Немање менталитет е со никаква Чешка да водиш пет разлика на 10 минути до крај, да почнат да ти се тресат рачината и да изгубиш на крај. Од село да се соберат деца ќе успеат да додржат 5 разлика некако.

И Франција и направи на Шпанија 5-0 и и се доближи на -2 или -1 па овие си ја задржаа предноста до крај.

Како кога се работи за послаби репрезентации секогаш успеваат да победат. Не е до немање квалитет, има квалитет во овие ракометари, но кога ќе дојде да се игра со појак противник, или каде притисокот е голем тогаш му се тресат рацете, му паѓа топката од рака и добиени натпревари се губат. Тоа е менталитет, а не квалитет
Немање квалитет се вика тоа, а не менталитет. Со Чешка ја прокоцкаа предноста зошто ги истрошија сите финти на претходните напади, па немаа со што да нападнат, одбраната на Чесите, а посебно Галија ги прочитаа како селски буквар. Нашиот македонски менталитет не се гледа на натпреварите, туку на изјавите пред и по натпреварите. Таа е разликата меѓу нас и на пример една Данска. Тие до последниот момент, додека не си го одработат зацртаниот план, не ги опфаќа никаква еуфорија, макар да биле апсолутни фаворити. Еден играч како Хансен, пред натпреварот со Шведска даде ваква изјава:
Denmark will surely rely on their offence – scoring two goals more per game on average than their opponents, while the two sides had similar defencive records.

However, Hansen remains cautious: “A medal? No! Talking about a medal now is a bit too much, we have a very good difficult game tomorrow. Nobody want to lose to their neighbour."

Спореди го тоа со изјавата на Борко, откако обезбедија прво место во првата фаза и се ќе ти стане јасно:
„Брзо сфатив дека тоа е тренер што нема спортски амбиции, неговите амбиции се самопромоцијата и парите. Зошто никој никогаш не се запраша зошто Лино не замина да работи во некој поголем клуб, туку ужива во „ладовината“ во Македонија, каде за големи пари работи без притисок. Што и да направи, тоа ќе се смета за успех. Јас не знам дали воопшто прати модерен ракомет. Знаете колкава е разликата меѓу него и Раул? Огромна. Со Лино на последното СП бевме 15 место, а сега минавме група и сме на три бода од полуфинале. :tapp:Лино гледаше само да купи време на клупата, а потоа на негова среќа го повика Хрватска“
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
@Hey Arnold

Како со Словенија и со Германија не си ги потрошија така лесно финтите, со Германија чак имавме и напад за победа, а со Црна Гора игравме со таква самодоверба како секоја година медали да освојуваме. Доколку во тие натпревари не виде квалитет не знам кога ќе видиш. Со Чешка чак и без Кире имавме водство цел натпревар и квалитет за да го добиеме, но нешто се случи во нивните глави, топката почна да му паѓа од раце и да се плашат дека ќе ја оплескаат што и се случи на крајот. Тоа е ментална подготвеност, да не се плашиш од противникот, да не се плашиш од притисокот, да не се плашиш дека ако прокоцкаш еден напад го губиш цел натпревар. Како брзо ја заборави Словенија и Германија и борбата до последна секунда не знам, што се случи и како се носеа на тие натпревари, можеби бидејќи немаше никаков притисок и никој не очекуваше победа, па играа релаксирано и газеа пред себе. Но кога дојде притисок од медиуми, од јавност, од самиот пласман за полуфинале замрзнаа и тоа не се должи на нивниот неквалитет туку на нивната ментална подготвеност.

However, Hansen remains cautious: “A medal? No! Talking about a medal now is a bit too much, we have a very good difficult game tomorrow. Nobody want to lose to their neighbour."
Затоа од нашите слушавме изјави .. Жаламе што не го слушавме Раул, да го слушавме ќе беше поинаку. Значи има во нив квалитет, само до сега некој му викал клавајте голови за да победите, па затоа ни се случуваат вакви работи. Доколку се работи професионално подолги години ќе можат да се носат со појаки противници, ама тоа не се стекнува преку ноќ.

Спореди го тоа со изјавата на Борко, откако обезбедија прво место во првата фаза и се ќе ти стане јасно:
„Брзо сфатив дека тоа е тренер што нема спортски амбиции, неговите амбиции се самопромоцијата и парите. Зошто никој никогаш не се запраша зошто Лино не замина да работи во некој поголем клуб, туку ужива во „ладовината“ во Македонија, каде за големи пари работи без притисок. Што и да направи, тоа ќе се смета за успех. Јас не знам дали воопшто прати модерен ракомет. Знаете колкава е разликата меѓу него и Раул? Огромна. Со Лино на последното СП бевме 15 место, а сега минавме група и сме на три бода од полуфинале. :tapp:Лино гледаше само да купи време на клупата, а потоа на негова среќа го повика Хрватска“
Можеш да бидеш прост човек, да не знаеш колку се два плус два или да се изглупираш со изјави, но тоа не треба да го отсликува твојот квалитет на терен. Тука влијаат многу фактори, еден Санчез пред неколку години изјавува дека како мал сонувал да игра за Арсенал, па сега изјавува дека сон му бил Манчестер Јунајтед, но тоа никако не влијае на неговиот квалитет како фудбалер. Башка шо Борко пак ќе направи 15+ одбрани и ќе го викате министер, а без квалитет не се прави таков скор, башка шо некогаш ако одбраната има слаб натпревар.

На крајот, треба со новите момци да се работи многу на самодоверба, на екипа без Кире, на раѓање на нов лидер за во иднина да се бориме со најдобрите, ако не се направи тоа ќе останат на ракометари со голем потенцијал но без поголем успех
 
Член од
1 декември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
2
Ќе ја поминиме Романија нема проблем тука, можи ќе се мачиме малце на гости ама лесно ќе биди мислам. IN RAUL We TRUST !!!!

Него за вечер да кажам иако сакам Штербик сакам да ги обедини клубската и репрезентативната титула европски шампион мислам дека Швеѓаните вечерва освојват. Преполни со самодоверба се + ја победија во 1/2 финале соседната Данска во дерби по продолженија.... Мислам дека 3 утакмици одлични да врзат шпанците со цела постава 30+ години е многу дури премногу.... Иако не би ме зачудило и та утакмица да оди во продолженија.
Мое да се кажам Шведска (шампион), Шпанија (2ра) а ова за трето ќе биди многу заебана утакмица. Шпанците свеста му ја зедоја на експертите, а Данците (препотенти ко секогаш) тешко да се кренат по онаков пораз од Шведска.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom