Две КЛУЧНИ нешта за ова ЕП и за оваа генерација.
http://www.time.mk/read/778eb2d730/586178c0d8/index.html
Леворакиот бомбардер не жали за пропуштеното на ова ЕП, на кое само еден бод и' недостигаше на Македонија за да игра во полуфиналето.
„Ма, какво полуфинале, тоа не е реално за нас. Не жалиме дека можевме да играме полуфинале, бидејќи треба да бидеме реални, скромни, цврсто на земја и да сме свесни дека ова беше наше прво ЕП по 14 години. Жалиме што во последните десетина години не се квалификувавме на уште некое големо натпреварување. Тоа е најголемата загуба на оваа генерација. Овој квалитет не може да се појави преку ноќ. Каде е грешката тука? Оваа репрезентација не е негувана и тоа е најголемата грешка на луѓето што ја воделе во минатото. Не сакам да спомнувам имиња, но сакам да порачам да се стави прст на чело, да се помисли на иднината. Да го оставиме минатото, зашто кој зборува за минатото, се плаши од иднината“, е неговото мислење.
Според Лазаров, клуч на успехот биле подготовките.
„Откако постои оваа генерација првпат имавме најдобри можни подготовки, првпат бевме максимално организирани и тоа го потврдивме на теренот. Тоа што ни недостигаше во минатите десет години го имавме сега и потврдивме дека сме квалитетна генерација и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам“, изјави тој. „Нашиот Стручен штаб постапи паметно со тоа што одигравме само две контролни средби пред првенството, за разлика од другите, кои ја темпираа формата за да го дадат својот максимум во првиот круг. Ние ризикувавме, повеќе трениравме и на крајот излезе дека така е подобро, бидејќи бевме многу посвежи од другите. Унгарците, на пример, се ’убија‘ од натпревари, ги добија и Французите, а потоа испопаѓаа. Овде одигравме седум меча, а замислете да имавме уште шест-седум пред тоа, тука е и Лигата на шампионите, домашното првенство и Куп, тој ритам е тешко да се издржи“.