Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Ај некој од познавачите на ракометов да каже збор-два за Словенија?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Ај некој од познавачите на ракометов да каже збор-два за Словенија?
Мислам дека овој пост е доволен у глобала.

Ме плаши оваа ДЕЖЕЛАТА:cautious:
Не ни одговара нивната игра,воопшто.....
Играат таков ракомет(многу сличен на данскиот)шо е многу опасен за нашиот стил на игра..
Пред се брзиот центар....даваат многу голови од контра и полуконтра...
Просекот им некаде околу 30 гола по меч....
Во напад брзо завршуваат со удари,имаат многу брзи играчи...
Го имаат најдобриот асистент на првенството Урош Зорман,има 5.7 асистенции по меч:eek:неверојатно ....страшен среден бек....
Не смее да се дозволи да ги разигра другите играчи....
Гајиќ е можеби најдоброто десно крило на првенството,заедно со Чупиќ...
Имаат уште неколку доста опасни играчи...
Доленец,Скубе,браќата Жвижеј...двајца добри голмани Шкоф и Прост,посебно е заебано ако се разбрани Шкоф,тогаш дечкото здивува и брани се живо и диво...
Многу пати го имам гледано и во Цеље и во Загреб,многу добар голман.....
Заедно со нас Словенија е најпријатното изненадување на првенството..
Досега никој не се наигра со нив..
Хрватите ги добија на мускули,Французите со тешки маки одвај тепаа...
Многу опасен тим.....
НЕ СМЕЕМЕ,АМА ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ДА ГО ПОВТОРИМЕ ДАНСКОТО СЦЕНАРИО:eek:
Да прифатиме брз стил на игра,со многу голови,со брзо завршување на нападите.....
Со Данска се коцкавме,влеговме во нивниот терен,и за жал за малку не успеавме..
Верувам дека конечно ја научија лекцијата.......
Значи бавен,долг,позиционен напад,со удар од изградена позиција,без брзање,без непотребни технички грешки- ова е нашето најсилно оружје...
Овај начин на игра мора да го наметниме....
И пред се пак ќе мора да се води сметка за таа ротација-напад-одбрана..
Ако не фатат пак на спиење како Данците,кога речиси пола меч не можевме да напрајме измена како шо треба ќе биди многу заебано...
Не ни дозволија да ги одмараме играчите(пред се на напаѓачите кои беа принудени да играат и одбрана)...,и со самото тоа падна екипата во второ полувреме..........:eek:
Мечот е многу важен,да си го освоиме 5тото место и да не зависиме од Србите(искрено не верувам да ја добијат Хрватска).....
Само мудро и паметно,да се чека шансата..
Да се стегни одбраната.....
Се чувствува умор кај нашите играчи,нормално е по 6 одиграни супер тешки меча за 10 дена.....
Сега денес одмор и утре со сите сили да се изигра за Македонија..
Веќе е остварен најголемиот успех на македонскиот ракомет воопшто,со самиот пласман во ТОП 6,но 5тото место би било една огромна сатисфакција за она шо ни избега за влакно на ова првенство...
МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА КАКО СЕ ИГРА РАКОМЕТ СО ЕМОЦИИ,СО НЕВЕРОЈАТНА ПОЖРТВУВАНОСТ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ....
Ги гледав речиси сите мечеви на првенството,ниту еден тим не го краси еден ваков тимски дух,една ваква пожртвуваност,ниедна репрезентација ја нема ТАА ХЕМИЈА шо ја имаме ние....
:cuc:
Кога на сето ова ќе се додадат и навивачите,јасно е дека Македонија е КАРАКТЕРИСТИКА НА ОВА ПРВЕНСТВО...
САМО НАПРЕД МОМЦИ,ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС(n)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Под познавачи, на тебе мислев, сегде те има да си ибеш векот :D (се шалам :) )
Па не сум некој познавач нити па се правам,ама гледав две утакмици на Словенците,доволно да сватам горе-долу какви се.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Со кратки црти,играат брз ракомет што нас ич не ни одговара но нашата игра нив нема да им одговара.
 
P

PewDiePie

Гостин
Ако ги тепаме и во ракометов ќе им станеме комплекс на словенциве. :D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Многу се потенцира и се преувеличува тој бод со Данска... Како прво тие што се добро упатени знаат дека доколку ги совладавме Данците, ситуацијата во групата ќе се сменеше, па така мечевите со Полска и Србија ќе имаа многу потежок карактер... Сите паметњаковци што мислат дека туку така ќе си ги земевме бодовите грешно се лажеа.. Како викаат после војната сите се генерали па бодовите по дифолт си ги пишавме откако завршија настаните... Германците и Швеѓаните... Што да се каже за нив, завршија далеку позади Македонија, и покрај тоа што и двете беа со една нога испаднати уште во Ниш... Германците изгубија меч за полуфинале со еден разлика, гол кој значи за Македонија борба за 5то место и Олимпијада...
 

Buji Buton

Manijak :P
Член од
4 мај 2010
Мислења
929
Поени од реакции
228
moze nekoj da go stasa lazarov so golovi na prvenstvovo???? dajte link so pogodoci
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 16:57 ---
moze nekoj da go stasa lazarov so golovi na prvenstvovo???? dajte link so pogodoci
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 16:58 ---
moze nekoj da go stasa lazarov so golovi na prvenstvovo???? dajte link so pogodoci
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.021
Поени од реакции
74.405
На полувреме, Данска-Шпанија 12-10!

Хаснсен даде гол по истекот на 30-те минути, со удар од 9 метри над сите противнички играчи :cuc:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Данска ќе изгуби вечерва па што сака нека биде!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Овие од 0 бодови ќе влезат у финале... :rolleyes:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom