Македонија - Словенија [27.01.2012 - 15:15 ч.]

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Се надевам дечките ќе имаат сила да изиграат солидни 60 минути, а потоа одиме да ги кршиме Исланд или Унгарија за пласман во Лондон. Докажавме дека можеме.


Малку офтопик ..

Како само нагрнаа Данците да купуваат карти за Белград. Шубо им ги засолив, пукнаа добри пари да го наполнат летот. Барем мала сатисфакција..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ме плаши оваа ДЕЖЕЛАТА:cautious:
Не ни одговара нивната игра,воопшто.....
Играат таков ракомет(многу сличен на данскиот)шо е многу опасен за нашиот стил на игра..
Пред се брзиот центар....даваат многу голови од контра и полуконтра...
Просекот им некаде околу 30 гола по меч....
Во напад брзо завршуваат со удари,имаат многу брзи играчи...
Го имаат најдобриот асистент на првенството Урош Зорман,има 5.7 асистенции по меч:eek:неверојатно ....страшен среден бек....
Не смее да се дозволи да ги разигра другите играчи....
Гајиќ е можеби најдоброто десно крило на првенството,заедно со Чупиќ...
Имаат уште неколку доста опасни играчи...
Доленец,Скубе,браќата Жвижеј...двајца добри голмани Шкоф и Прост,посебно е заебано ако се разбрани Шкоф,тогаш дечкото здивува и брани се живо и диво...
Многу пати го имам гледано и во Цеље и во Загреб,многу добар голман.....
Заедно со нас Словенија е најпријатното изненадување на првенството..
Досега никој не се наигра со нив..
Хрватите ги добија на мускули,Французите со тешки маки одвај тепаа...
Многу опасен тим.....
НЕ СМЕЕМЕ,АМА ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ДА ГО ПОВТОРИМЕ ДАНСКОТО СЦЕНАРИО:eek:
Да прифатиме брз стил на игра,со многу голови,со брзо завршување на нападите.....
Со Данска се коцкавме,влеговме во нивниот терен,и за жал за малку не успеавме..
Верувам дека конечно ја научија лекцијата.......
Значи бавен,долг,позиционен напад,со удар од изградена позиција,без брзање,без непотребни технички грешки- ова е нашето најсилно оружје...
Овај начин на игра мора да го наметниме....
И пред се пак ќе мора да се води сметка за таа ротација-напад-одбрана..
Ако не фатат пак на спиење како Данците,кога речиси пола меч не можевме да напрајме измена како шо треба ќе биди многу заебано...
Не ни дозволија да ги одмараме играчите(пред се на напаѓачите кои беа принудени да играат и одбрана)...,и со самото тоа падна екипата во второ полувреме..........:eek:
Мечот е многу важен,да си го освоиме 5тото место и да не зависиме од Србите(искрено не верувам да ја добијат Хрватска).....
Само мудро и паметно,да се чека шансата..
Да се стегни одбраната.....
Се чувствува умор кај нашите играчи,нормално е по 6 одиграни супер тешки меча за 10 дена.....
Сега денес одмор и утре со сите сили да се изигра за Македонија..
Веќе е остварен најголемиот успех на македонскиот ракомет воопшто,со самиот пласман во ТОП 6,но 5тото место би било една огромна сатисфакција за она шо ни избега за влакно на ова првенство...
МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА КАКО СЕ ИГРА РАКОМЕТ СО ЕМОЦИИ,СО НЕВЕРОЈАТНА ПОЖРТВУВАНОСТ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ....
Ги гледав речиси сите мечеви на првенството,ниту еден тим не го краси еден ваков тимски дух,една ваква пожртвуваност,ниедна репрезентација ја нема ТАА ХЕМИЈА шо ја имаме ние....
:cuc:
Кога на сето ова ќе се додадат и навивачите,јасно е дека Македонија е КАРАКТЕРИСТИКА НА ОВА ПРВЕНСТВО...
САМО НАПРЕД МОМЦИ,ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС(n)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Сакав противници да ни бидат унгарците, оти лесно ќе ги тепаме Словенија :P
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Многу добро кажано Томасино, тие предноста ќе ја гледаат од брзата игра најмногу преку крилата, ние би требало како повисоки и поснажни да одиме на бавна игра а не како со Данска.Доколку ја играме нашата игра сигурен сум дека ќе победиме.И уште нешто што приметив од мечот со Хрватска нивни, е тоа што имаат падови во игра многу повеќе од нас, многу серии имаат во мечот каде што се губат и примаат лесни голови.Сепак многу незгодна селекција, затоа вчера повеќе ја гледав Унгарија отколку Македонија, јбг по потешкиот пат ни е судено секогаш.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Конечно ќе можам на раат да изгледам една утакмица:icon_mrgr:

Ќе тепаме, не се секирајте. Кога ги победивме во „нивниот“ спорт(кошарка), не се сомневам дека и утре ќе тепаме.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Малку офтопик ..

Како само нагрнаа Данците да купуваат карти за Белград. Шубо им ги засолив, пукнаа добри пари да го наполнат летот. Барем мала сатисфакција..
:pos: не знам колку другите разбраа (не знаејќи што си засолил), но јас разбрав што мислиш и морам да ти кажам ме изнасмеа :pos:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаме повисока одбрана и досаден напад за нивниот брз центар и тоа е клучот за победа, нели Шундо?!
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Се надевам дека покрај нивната ниска одбрана и Мојсо ќе може да распали како што знае тоа да го прави во Металург. Доста го гледавме како килав по теренот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.907
Поени од реакции
7.471
Борко ќе ги реши со неговите влезови после секоја интервенција,глава давам:icon_mrgr:Тоа е клучот за успех.Шала на страна,Словенциве ги гледав и не се нешто посебно ,според коментарите на форумов некој што не ги има гледано ќе помисли дека се работи за светска велесила:DПослаби се од Пољаците 1 класа минимум па сега видете,играат брза игра ДА,но немаат играч од типот на Хансен кој ќе даде 13/15 гола.Ние Данците ги сопревме и ги натеравме да ја играат нашата игра,е сега друг е муабетот како изгубивме поради овој тип со косичката што ќе му ја шишнам кец ако го начекам:mad:Така да не се сомневам во победата утре,малку ме плаши заморот и повредите кај поголем дел од играчите.Миркуловски ко да сме го пратиле на мировна мисија во Авганистан е.Кирца секој ден добива удар во гради,ќе приумре.За Мојсо не се грижам него ушињата го вадат:DЗаслужија момците да се најдат на Олимписките Игри и мислам дека полесно ќе се пласираат на нив одколку кошаркарите кои ќе имаат потешка задача.
Со среќа момци па да ги сексаме гејовиве утре:icon_mrgr:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Све, све, ама терминов кај го најдоа. :cautious:
Се надевам на победа, мислам дека Словенците имаат солиден тим, барем од тоа што можев да го забележам, а и од друга страна, нашиве не можат да стојат веќе, жал ми е за тој ќотек што го добија...:unsure:
Ама верувам во македонскиот инает, во способноста да се собере и последниот атом енергија за победа.
За Македонија, секогаш.
Кире - (y) Може нема да имаме медал, ама ќе го држиме рекордот за сва времена. :D
Па уште и квалификации за ОИ, ако ќариме. И кошаркарите и ракометарите...:ROFLMAO: Ќе биде стварно тогаш леле, леле, што направивме...:vozbud:Прв пат, конечно ќе имаме поише од 6 души и за прв пат нема амбициите да бидат, „да се прошетаме„, туку да се освои што може да се освои. Леле колку ми е мило вака кога сите имаме амбиции за Олимпијада, кога сите размислуваме за победи, кога сме оптимисти. Македонецот не е македонче. Тоа е најбитно.
Може неколку генерации отидоа во неповрат на спортски план, ама овие новиве генерации имаат шанса.
...and so it begins...:pipi:

Ако не за друго, барем за ајварот да ги победиме. АјвЕр бе. Заради нив е испокасапено и унаказено името на едно од најубавите и најслатките јадење на планетава Земја. Они на нас АјвЕр. Ќе видат и ајвар и сирење утре. :D
 
P

PewDiePie

Гостин
Мојсо ако е ѕвер треба да поработи на килажата малку,и треба повеќе да шутира не е ваљда за џабе најдобар стрелец во Л.Ш. тој од што многу додава затоа грешки прави,а крила немаме да развлечеме игра,стариот е статичен,единствено Манасков малиот да почне (и ќе почне јасно)повеќе шанса да добива.

Мора со победа да завршиме,заслужуваме. А за на Олимпијада,САМО ЛИНО ЧЕРВАР НИКОЈ ДРУГ,и ќе видите како се слави злато. ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Јас не успеав да изгледам цел натпревар од Словенците но ги гледав повремено на ХРТ, многу добра екипа се и она што ме загрижува е што делуваат многу посвежо од нас во финишов. Тие работи како „Словенците биле класа послаби од незнам кој“ не држат вода, и нашите противници за нас тоа викаа па никој не се наигра. Не сме ни ние ни тие случајно дојдени во натпревар за 5-то место.

Како и да е, се надевам дека со помош на публиката ќе го извадиме и последниот атом од силите и дека конечно ќе им вратиме за ајварот.


Ма да и кошаркарите им вратија... :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Од победата над Полска го постирам саундтракот од Гладијатоr и сега пак истото.Сакам победа над ајверите не ме интересира ништо.Стегнете заби и издржете уште една.
Со штитот или на него

П.С Шундо читај и спреми се ако можеш, ако знаеш или не, батали не се труди.

Словенија во своите редови ги има првиот асистент во досегашниот тек од ЕП, средниот бек Урош Зорман, како и вториот стрелец, десното крило Драган Гајиќ, кој се наоѓа веднаш зад Кире Лазаров.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom