Оф леле, да си пишам резиме.
Иако можеби е неблагодарно што пишувам пред последниот натпревар.
Кога би му ставил наслов на постов, тоа би бил:
Историска шанса, загубена во три секунди...
Срце ме боли... толку блиску а толку далеку. Со два минимални порази, од кој барем едниот да беше нерешено, не сме полуфиналисти.
Несомнено ова беше најдобрата прилика за сензација. Генерација која можеби го достигна својот зенит, која долги години игра заедно, која требаше да се закити со медал на домашен терен.
Искрено, очекувањата од репрезентацијава ми се сменија повеќе пати до почетокот на ЕП. Пред една година, бев огромен оптимист дека имаме тим за голем успех. Но уште тогаш викав дека неаме асалне селектор.
Но кога дојде периодов пред ЕП, очекувањата нагло ми спласнаа. Лоши игри у подготовките, премалку пријателски, лоша атмосфера... Но сиот тој песимизам кај мене го снема веднаш по натпреварот со Шведска.
Веднаш видов дека овие дечки се решени да изгураат машки и храбро до крај. Изигравме нерешено против четирикратиниот шапмион, можеби заслуживме и да победиме.
Скокнаа очекувањата и на сите нас, што заради играта, што заради домашниот терен у Ниш и Белград. Имавме најдобра публика во свет, која им даваше крила на нашите и ги гушеше противниците. Имавме и игра, имавме храброст бре, дрскост !!! Никому не му се предадовме, никој не не надигра, сите се испотија против нас, и среќно (да да, слободно може да се рече среќно) не победија...
Ех, тој е*ан напад против Данска... најцрните три секунди во историјата на македонскиот спорт. Три секунди кои можеа да ни донесат огромен успех. Точно, грешевме у играта, паднавме, не стигнаа Данците, но во тој напад ни недостигаше само малку спортска среќа... само малку...
Фалеше и вистински предводник на клупата, некој што ќе знае која акција да ја изигра у даден момент, некој што ќе смири страсти, ќе мотивира...
На теренот, пишав, бевме несовладливи. Одлична одбрана (која потфрли со Хансен, можеби), одличен напад предводен од најдобриот ракометар во светот (за мене е најдобар, ми чуе за вас). Немам замерка ниту за еден од нашите момци, сите го оставија срцето на терен, сите се бореа лавовски, онака како што секогаш се бореле.
Затоа уште повеќе боли ова, затоа уште повеќе заслуживме пласман...
Мило ми е што на ова ЕП откривме два нови бисери, кои сигурен сум дека ќе блексаат во нивната кариера. Првиот син на еден од најдобрите, за многумина „со врски“ у репрезентацијата, но на прав начин им ги зачепи устите на сите. Жално е љубоморни души да го обвинуваат за онаа промашена контра...
Вториот бисер... абе каков бисер, еве го
сликовито Столе.... доволна е сликата....
Штета што и Георгиевски не го видовме на ова ЕП, но и нему ќе му дојде шансата...
Незнам што да кажам, измешани чуства и емоции. Од една страна 5/6 место е ОГРОМЕН успех, од друга страна толку блиску, најблиску до медал... до заслужен медал!
Многу фактори влијаеа во конечниов исход... неискуство, брзоплетост, лош селектор, среќа... но НИКОЈ, ама баш НИКОЈ не смее да го потцени ова што дечките го покажаа и го направија за оваа малечка земја.
Секоја чест дечки, немам зборови со кои би ја опишал вашата борбеност. Одиме посилни кон нови успеси, прво Словенија, а потоа верувам дека ќе се пласираме на ОИ и ќе ги зачепиме сите !!!
За крај, Ви се поклонувам на сите 16мина...