Европско Првенство

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
1711555812895.png

После вчерашните натпревари и официјално ги знаеме сите групи на ЕП, па не е лошо да се направи една тема (или можеби е прерано?... нејсе, нека стои тука уште од сега, па како ќе излегуваат информации за фантази игри, официјални тимови и слично може тука да се постираат, секако се почесто се случуваат и настани без теми, па не е лошо уште од тука да се коментира)



Групите:
1711555793367.png



Првенството ќе се игра на 10 различни стадиони, а првиот натпревар ќе се игра на 14 Јуни во 21 часот по македонско (и германско) време на фудбалската арена во Минхен. Германија и Шкотска ќе го отворат ова ЕП

По првиот ден распоредот на натпевари ќе биде по 3 мечеви на ден:

15 часот / 18 часот / 21 часот

Во 1/8 финалето продолжуваат првите две екипи од секоја група како и Топ 4 најдобро пласирани екипи на третата позиција

Финалето ќе се игра на 14 Јули на Олимпиастадионот во Берлин.

На ова првенство ќе има само еден дебитант, а тоа е репрезентацијата на Грузија.

Интересен детал за ова ЕП е што официјалниот албум за првенството за прв пат во 21 век нема да го издаде Панини туку американскиот издавач Topps

1711556027444.png

Поради одредени права, нема да ги има сите логоа/дресови во албумот, па така од тој аспсект ова првенство се враќа таму во раните 2000ти кога ни Панини ги немаше сите права.


Според првите коефициенти, според кладилниците, во моментов главен фаворит за титула е Англија:

1711556115786.png



Актуелен првак е Италија
1711556152620.png
1711556177674.png


Најмногу титули имаат Германија и Шпанија со 3. Германија има играно најмногу финалиња - 3.

Маскотата на ова ЕП ќе биде Алберт:

1711556244346.png


Официјалните ТВ права за ова првенство ги има Арена Спорт, но претпоставувам дека повторно ќе си има договор со МРТВ и натпреварите ќе може да ги гледаме на националниот сервис.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Пиши во наслов УЕФА ЕУРО 2024 бре, да се знае за кое првенство е темава.. Европско Првенство пишал хахахаха :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Пиши во наслов УЕФА ЕУРО 2024 бре, да се знае за кое првенство е темава.. Европско Првенство пишал хахахаха :pos:
Искрено сакав ова да го додадам во заграда, ама сметав дека и така веќе долго испадна тоа во заградата.

Намерно ставив "Европско првенство" како главен наслов пошто цело време гледам дека се поретко се отвараат теми и се поретко се модерираат наслови теми.
Често стои некоја тема од 2019 на пример каде што се коментира и во 2024 поради тоа што нема поента да се труе форумот со ептен теми за само 5-6 постови на пар месеци. Неколку пати имам пишано некоја тема да се смени во нешто општо пошто глупо е да пишам "Грузијциве јако одиграа" во тема со наслов "Nations League 2020/21" пошто...не одиграа толку јако во лигата на нации 2020/21 :P
Затоа и намерно вака го оставив, пошто не би се изненадил да не излезе тема за квалификациите за ЕП 2028 на пример па да се пишува во истава тема.... Па затоа и намерно не пишав години за да може да се користи темата и во иднина (ако треба) без да делува "outdated"
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Најмногу титули имаат Германија и Шпанија со 3. Германија има играно најмногу финалиња - 3.

Па, како Шпанија го освоила третиот трофеј?
 

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
591
Поени од реакции
1.926
Титули на Шпанија: 1964, 2008, 2012, што не е јасно ? :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Па, како Шпанија го освоила третиот трофеј?
Некогаш мозокот ми мисли пар реченици унапред додека пишувам една и така често правам вакви глупави грешки...
Германија има 6 финалиња од кој 3 титули и 3 порази.
Најверојатно сум мислел да пишам нешто вакво, па од толкуте тројки во глава ми дошло ова да пишам...

Титули на Шпанија: 1964, 2008, 2012, што не е јасно ? :D
Не, не, мисли на реченицата што ја имам пишано
"Германија и Шпанија имаат 3 титули, а најмногу финалиња има Германија со 3"
Што ако е точно...сигурно не би била Германија единствена туку и Шпанија :D
Грешка е, треба да пишува дека имаат 6 финалиња Германците т.е. "освен овие титули имаат и уште 3 други финалиња" или некоја варијанта на реченицата што е ваљда зошто сум го направил тајпово :D
Автоматски споено мислење:

Белгија прошетки
Белгија некако ми делува спремна за да се прошета до 1/8 финале и после да изгуби од некоја дефанзивна екипа.
Интересни ќе бидат и Португалциве, играат таков чуден фудбал што не би ме изненадило или да одат далеку или уште у мртвава група да отпаднат, ќе биде интересна таа група до последна секунда
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Во група Е, секој може секого да победи - најотворена група. Не би се изненадил ако Украина или Словачка завршат први во групата.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Можевме ние да бидиме Грузија, но не бевме спремни доволно во Лига Нације.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Официјално кај може да се купи карта за утакмица?
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Официјално кај може да се купи карта за утакмица?
Уште пред ждребот за групите имаше лотарија за карти. Аплицираш и по случаен избор те бираат. Веќе се продадени. Едино да види преку viagogo
 

Kajgana Shop

На врв Bottom