Европско Првенство за жени 2012 - Србија | 4 - 16 декември |

Статус
Затворена за нови мислења.
P

PewDiePie

Гостин
Што да се каже за овие бе не вреди.
Само Пецевска и Црвенковска се добри. :rolleyes::sneaky:

Иначе на сета таа мака уште ебанине аматери Алфа не можат еден пренос ко што треба да извршат,коментаторон ми кажува 5 секунди пред време што ќе се случи :tapp: Требале чартер да и платат на сликата,да не касни.
Коментаторон па кој дебил е,сега кога ги гледате нашите ракометарки сигурно ви е мака што не сте таму да им дадете поддршка,да многу ми е мака,види го крајниот резултат,пукнав од мака.

Овие Данки сега што играат планираат да ги победат во Сабота ? ха,ха-ха. Ако играат портив некои 4-то одделенки од Данска можно е да победат,иако и тоа не е сигурно.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Иначе на сета таа мака уште ебанине аматери Алфа не можат еден пренос ко што треба да извршат,коментаторон ми кажува 5 секунди пред време што ќе се случи :tapp: Требале чартер да и платат на сликата,да не касни.
Остај, чекам пенал на Биле и коментаторов вика Да, и после шутот на Биле :facepalm:
Да ти уништи момент.
--- надополнето: 6 декември 2012 во 21:34 ---
Каква утакмица страшно :)
Еее и ние вака у трилер завршници секогаш тепавме :(
 
R

Rigel Kent

Гостин
Што блада коментаторов ??? испаднавме , имаме катастрофална гол разлика и против Франција и против Шведска.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.630
Поени од реакции
70.384
Каков тежок коњ е овој коментаторов.
Вика ако ја тепаме Данска сигурно влагаме :pos:
А што правиме ако Шведска ја тепа Франција, тогаш и ние и Данска и Франција ќе имаме два бода (ако претпоставиме дека ќе ги тепаме што е научна фантастика), ама ние изгубивме 13 разлика од Франција, што значи за сигурно да идеме понатаму ќе треба со 7 разлика да тепаме :pos:
И уште тврди дека со победа одиме понатаму, вика ништо нема да им значи оваа победа на Данкињиве :pos:
За момент му текна дека ако Шведска ја тепа Франција, ќе има круг од три репрезентации и се здтка, заќути и вика не е битно ако тепаме идеме :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.140
Поени од реакции
84.830
Колку години просечно имаат девојкиве?

Се знаеше дека тешко ќе направиме на овој турнир ама најбитно ќе биде девојките да стекнат искуство па да се надеваме дека ќе се квалификуваме на СП некако.

П.С. Ептен слабо ми изгледаат нашиве во споредба со другиве ракометарки. :unsure:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Овој коментаторов е тотално забеган Вика резултатот воопшто не влијае на конечниот пласман.Ако сме ја победиле Данска ке сме имале ист број на бодови и подобар меѓусебен дуел. Остај тоа што уште верува во невозможната мисија ние да ја победиме Данска заборава дека може и Франција да има исто бодови ако изгуби од Шведска. Во тој случај и со победа над Данска испаѓаме.
 
P

PewDiePie

Гостин
Дај некој нека објасни убаво за нашите шанси за поминувње,коментаторон и неговата логика ми се крајно сомнителни.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.839
Поени од реакции
15.990
Франција ќе ја победи Шведска, него ние нема ни близу победа да сме против Данска.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Најјако беше кога шутна некоја од швеѓанкиве,и андреева за момент одбрани и топкава заврши во голот, а реакцијава на коментаторов-
Андреева брани и ГОООООООООООООЛ,како се издери за ова ГОЛ си мислиш ние сме го постигнале :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.630
Поени од реакции
70.384
Дај некој нека објасни убаво за нашите шанси за поминувње,коментаторон и неговата логика ми се крајно сомнителни.
Две опции:
1. Ние ја тепаме Данска со било колку разлика, Шведска не ја победува Франција (нерешено или победа за Франција)
2.Шведска ја тепа Франција, ние ја тепаме Данска со 7-8 гола (во зависност од тоа колку вкупно голови ќе бидат постигнати).
 
А

Анноун

Гостин
Поима немаат нашите. И Портјанко нашиот најдобар играч очигледно со мислите е насочена кон затруднувањето . Не е таа што беше.

Оваа Бајрамовска па :facepalm: . Какви ГЛУПОСТИ правеше , да не ти се верува. АМАТЕР. Еднаш 10 метра над гол , другиот пат и се лизна од рака . Место да ја фати топката па да се одрази , она скокната ја фаќа топката и пробува да шутне . Што гледала оваа бе пред мечот , Винс Картер бест данкс ?!

Ајде и од Данска пораз сигурен . Очекувам максумум 18 гола да дадат на тој меч . А и онака веќе отпаднавме и математички.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.630
Поени од реакции
70.384
Најјако беше кога шутна некоја од швеѓанкиве,и андреева за момент одбрани и топкава заврши во голот, а реакцијава на коментаторов-
Андреева брани и ГОООООООООООООЛ,како се издери за ова ГОЛ си мислиш ние сме го постигнале :pos:
Тој па каков феил беше, како викаше на головите, тоа 10 разлика губиме он се пали како млад мајмун пред парење:facepalm:
Колку киксови имаше, цела тетратка можев да напишам ако ги запишував.
Шутира некоја од нашиве, топкава мава во пречка и тапнува во линија и он вика ГОООООООООЛЛЛЛЛ, судијава не покажува ништо, и коментаторов се пали ова беше гол, и после неколку секунди колку немаме среќа со головиве или што знам што истропа :facepalm:
 
R

Rigel Kent

Гостин
Колку години просечно имаат девојкиве?
Просечната старост на ракометарките е 27 год.Инаку за квалификациите за јуниорското во 2013 воопшто не сме пријавиле репрезентација а репрезентации имаат пријавено Ерменија, Молдавија, Израел, Финска , Бугарија. Никаква иднина немаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom