Големиот пријател на Шопски, Бенџамин Дизраели, своевремено рекол:
“Ги жалам луѓето што читаат весници и си мислат дека со тоа дознале што се случува во политиката“.
Уште повеќе се за жалење тие што читаат бугарски весници и што мислат дека со тоа дознале нешто за ОМО Илинден...
Шопски очигледно не знае ништо друг освен приказните од фабрикуваните дезинформации. Ниту се сретнал со некој член на ОМО, ниту разговарал со нив, ниту знае кои се - туку само пренесува рекла-казала приказни. 5000? 300? двајца? Еднаш една бројка, еднаш друга, еднаш финансирани од Србија, еднаш од Црвенковски, еданш пијаници, еднаш бедници - уште што ти не ќе слушнеме. Само прерипнува нешто доста важно: за која од седумте организации со исто име е финансирана од Бране, која од Србија, која е вистинска, а која монтирана, и кој “член на ОМО“ е платен провокатор да труби на цел глас “ние сме србски мекерета“.
Приказната е класична и кај нас го имаше истото - “доказите“ дека ДПМНЕ е финансирана од Бугарија, за кои подоцна се разбра дека се монтирани од државните служби. Во бугарската “демократија“ тешко да ќе пробие некој податок за активноста на тајните служби против “Илинден“...
Навистина мачно е да бидеш во кожата на овие луѓе што, кои, иако оставени на цедило по предавството што им го приреди владата на Љ.Георгиевски, и покрај бескрајните притисоци и масовната хистерија што сега слободно се разгорува во Бугарија, сепак наоѓаат храброст да се борат и да постигнуваат резултати. Секоја чест!