Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.179
- Поени од реакции
- 2.858
Економисти од лондонското Сити прогнозираат :

Еврозоната за пет години нема да постои во сегашната форма поради финансиската криза на некои земји-членки, е мислење на група економисти од лондонското Сити, анкетирани од британскиот весник „Сандеј телеграф“.Според весникот без сомнение најзабележнително откритие е дека најмногубројни се економистите, кои очекуваат крах на еврото во помал или поголем степен за време на период од пет години. Експертите во лондонското Сити пред околу една година го прогнозираа исчезнувањето на еврото, пишува весникот.
„Во пракса речиси е невозможно еврото да преживее во сегашниот состав“, коментира Ендрју Лилико, главен економист на „Полиси иксченџ“.
„Единствената европска валута „можеби нема да издржи ни до следната недела“, прогнозира Даглас Меквилијамс од Центарот за економски и бизнис истражувања.
Дванаесет од вкупно 25 анкетирани економисти сметаат дека еврозоната ќе се распадне по пет години, осум сметаат дека таа ќе успее да се спаси, а петмина се неодлучни.
„Политичките последици (од распадот на еврозоната) несомнено ќе бидат значителни - Германците не сакаат да плаќаат за другите и навистина може да се повлечат“, нагласи Дејвид Бленчфлауер, професор на универзитетот во Дартмут и поранешен советник на британската Централна банка.
Извор: www.biznis24.com.mk