- Член од
- 18 декември 2019
- Мислења
- 598
- Поени од реакции
- 1.664

Евробаскет 2022 започнува за 20 дена и ветува дека ќе биде еден од најсилните турнири по долго време. Европејците никогаш не биле подоминантни во светската кошарка и речиси сите НБА играчи прифатиле да учествуваат.
Турнирот ќе се игра во четири земји, Чешка, Грузија, Германија и Италија и сите домаќини беа директно квалификувани, додека останатите 20 репрезентации изборија место преку регуларните квалификации. Црна Гора не се квалификуваше, но го зазема местото на Русија, бидејќи имаше најдобар учинок од сите селекции кои не се квалификуваа. Многу неправедно за Македонија која беше во истата група со Русија, но се знае дека никогаш нема да имаме таква среќа.

Словенија е бранител на титулата од 2017 година, а според светските обложувалници втор фаворит за освојување на турнирот, веднаш зад Србија. Меѓу фаворитите се и Грција и Франција, а како први аутсајдери се водат Шпанија и Литванија.
Неколку интересни детали:
• 5 од 6 земји од поранешна Југославија се дел од турнирот
• МВП-то на НБА, Никола Јокиќ, повторно ќе заигра за Србија
• 4-те браќа Адетокунбо ќе играат за Грција (Јанис, Танасис, Костас и Алекс)
• Босна и Херцеговина имаат финансиски проблеми и нивното учество сѐ уште е неизвесно
Екипите се поделени во 4 групи по 6 екипи, а најдобрите 4 ќе се пласираат во осминафинале. Групата А вкрстува со Б, а Ц со Д.
Група А (Тбилиси, Грузија):






Група Б (Келн, Германија):






Група Ц (Милано, Италија):






Група Д (Прага, Чешка):





