CopyOfDeath
Die Die My Darling!!!
- Член од
- 30 ноември 2005
- Мислења
- 4.186
- Поени од реакции
- 48

"Во ова евангелие тој е позитивецот", вели Барт Ерман, професор по веронаука на Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил. "Тој е единствениот апостол кој го разбирал Исус".
Воведот во евангелието по Јуда вели дека тоа е сведоштво на откровенијата што Исус му ги кажал на Јуда Искариотски. Понатаму, се наведуваат зборовите на Исус кој на Јуда му рекол: "Ти ќе ги надминеш сите нив (другите апостоли) зашто ќе го жртвуваш човекот во кој сум завиткан".
"Идејата во ова евангелие е таа дека Исус, како сите ние, е заробен дух, кој е заробен во материјалното тело", вели Ерман, "А спасението доаѓа кога ќе се ослободиме од материјалниот аспект на постоењето и Јуда е тој што му овозможува да избега зашто овозможува неговото тело да биде убиено".
Свештеникот Доналд Сениор, претседател на Католичката теолошка унија во Чикаго вели дека документот ја открива разнообразноста и виталноста во раното христијанство.
"Се поставува прашањето... дали оваа традиција, оваа алтернативна приказна, ако сакате, во евангелието по Јуда е веродостојна исто како и останатите евангелија?", вели Сениор.
Не се знае кој го напишал евангелието по Јуда. Примерокот што беше обелоденет завчера потекнува од документ што бил споменат во 180-тата година во расправата наречена "Против ерес" на Иренеј, бискуп од Лион во тогашната римска Галија. Во расправата се зборува против оние чии ставови за Исус се разликуваат од оние на Христијанската црква.
Во Новиот завет на Библијата, Јуда е прикажан како предавник, кој за 30 сребреници ќе го предаде Исус откако ќе им го покаже на римските војници. Евангелието според Матеј вели дека Јуда набрзо се покајал за предавството, ги вратил сребрениците и се обесил. Новиот завет се состои од четири евангелија според Матеј, Марко, Лука и Јован, но многу повеќе таканаречени апокрифни евангелија биле напишани во првите векови по смртта на Исус, што им се припишуваат на апостолите како Томас и Филип и неговата следбеничка Марија Магдалена.
Преземено од Вест....