ЕХФ прави пародија од ЕП: Навивачи повелете, ама без знамиња, тапани, алкохол и не навивајте гласно!

K

kalimer0

Гостин
FA & CPB се навикнати да навиваат во сала добро би било да отпатуваат ама колку што знам организирано нема ништо.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Прашање до Комити:Зошто ги одбиле тие 400 карти, која е причината?Многу подобра опција е 400 гласни навивачи отколку малолетен внук од сестра на пријател од Начевски.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.181
Поени од реакции
2.089
^ Комити веќе имаат изнесено став околу репрезентативните натпревари за сите спортови. Организирано нема да се навива за репрезентација во било кој спорт. Сега за сега вакво е правилото.

Имено, најпрво започна бојкотот против ФФМ, на квалификацискиот натпреварот Македонија-Шкотска во Септември 2008ма година, каде што знамето со ликот на Јохан кое стоеше на оградата на Комити (за тие што незнаат Јохан Тарчуловски е еден од основачите, подоцна и Водач на Комити) беше насилно и пред се кукавички тргнато од страна на МВР по договор со ФФМ. Тоа беше како капак на се, затоа што и претходно Комити стапија во бојкот против криминалната структура на Хари.
Оттогаш Комити се во бојкот на репрезентативните фудбалски натпревари.
Истото ќе биде се додека не се смени целата гарнитура во ФФМ. Комити неможат да трпат таква неправда и огромно лицемерие, затоа ќе бидат во војна со уништувачите на фудбалот кој немилосрдно го уништуваат.

Подоцна, точно е дека на ракомет во Хрватска 2010та, беа присутни Комити организирано со свој транспаренти и реквизити. Истото се случи и годинава на кошаркарското првенство во Литванија. Но по неколку состаноци на групата, се донесе одлука да се следи примерот по фудбалските натпревари, односно во сите спортови Комити да не навиваат организирано.
http://www.komiti.org/вести/Известување
Овде повеќе околу тоа.
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
^Знам дека некој од овде ќе навредам и ќе почне со мојов пост една лоша дискусија али мора да ви пишам...
Ви одговараше да се брмчите со авионите до Литванија, да ја срамите Македонија тепајќи се и во авион, и во сала и надвор од неа, а сега демек веќе сте решиле да неприсуствувате организирано во било кој спорт за македонската репрезентација и да бојкотирате... Кој го бојкотирате во случајов? Самите себе? Ракометарите кои се надевам ќе го остават срцето за сите нас на терен? Тоа е тоа македонското, прво си ги гледате сопствените интереси па потоа се останато...
( ффм не ги мешајте во постов зошто незаслужиле ни на форум да ги напишам)
Поздрав до сите и постов е со најдобра намера, али кој како ќе ме сфати!
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.680
Поени од реакции
5.958
^Знам дека некој од овде ќе навредам и ќе почне со мојов пост една лоша дискусија али мора да ви пишам...
Ви одговараше да се брмчите со авионите до Литванија, да ја срамите Македонија тепајќи се и во авион, и во сала и надвор од неа, а сега демек веќе сте решиле да неприсуствувате организирано во било кој спорт за македонската репрезентација и да бојкотирате... Кој го бојкотирате во случајов? Самите себе? Ракометарите кои се надевам ќе го остават срцето за сите нас на терен? Тоа е тоа македонското, прво си ги гледате сопствените интереси па потоа се останато...
( ффм не ги мешајте во постов зошто незаслужиле ни на форум да ги напишам)
Поздрав до сите и постов е со најдобра намера, али кој како ќе ме сфати!
Освен ффм никоја друга федерација не се бојкотира туку не се иде веќе организирано за да има обединување а не да се иде на македонска репрезентација и место со македонски знамиња да се иде со знамиња од групите затоа е и донесено тоа и така е најдбор ете ни чкембари нема да идат органзирано ниту војводи секој ќе иде само како македонец.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.139
Поени од реакции
84.830
Дозволени се до 3 тапани и 1 мегафон.Според мене тоа не е некој голем проблем.
Нашите во Ниш ќе направат супер атмосфера убеден сум.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Задар 2009, големо знаме на трибините имаше, а Хрватска како организатор не беше казнета.На пример.А за дали на некој ќе му сметално знамето - 85% од салата ќе се Македонци.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.321
Поени од реакции
21.706
Големото македонско знаме ќе се вее во Ниш!

Во текот на натпреварите на македонската ракометна репрезентација за време на Европското првенство во Србија, македонски знамиња со било кои димензии ќе може да се веат на трибините во салата „Чаир“ во Ниш.


Според ова и големото македонско знаме, кое може да ја покрие целаат трибина ќе биде пропуштено во салата за време на натпреварите.
Дека ова е вистина потврди и координаторот на македонската репрезентација Драган Начевски, за време на денешниот трениг на македонската репрезентација.
Претходно беше објавено дека организаторот нема да дозволи преголеми знамиња на трибините, особено не знаме со димензии да покрие трибина.
Сите останати забрани кои беа претходно остануваат на сила, па така во салата ќе може да бидат внесени само три тапани и еден мегафон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom