Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Значи кога е на тема рушења на власт од странскии сили, нема поважна земја од Македонија. Кога е за инвестиции, никој не неќи оти сме мали и небитни. Па решете се еднашнема врска никаков пристап на влада, ние сме мали и небитни, дури и на Русија и Кина им е далеку поважно да не ја иритираат Грција.... ние ќе добиеме јака подршка од УСА само и само ако Ципрас почне сериозно да шурува со Путин
Постојат 2 основни начина за подобрување на сосптвената економија и животен стандард, едното се странски инвестиции кои се брзи дават веднаш резултати и се маркентишки најпопуларни (Ќе излезе премијеро ќе најави звучни имиња, и милиони евра на тацна) и другиот начин е вложување во сопствен развој, а тука треба да му се објасни на народот дека тоа ќе оди бавно, скромно, постепено и уз доста труд, шо само политичар со мадиња би го направил.
Во првиот начин (доминантно со странски инвестиции) странците идат носат нешо капитал ние им даваме луѓе, земја објекти преправаме закони и прописи и во зависнот од тоа колку сме способни уговараме зделка каде најчесто странецо собира кајмакот а ние пиеме сурутка (додуше сурутката е здрава али тера на чести проливи па ќе се најдеме до гуша у измет набрзо). Странецо ќе отвори погонче ќе донесе спаковани готови ленти за производство ќе вработи од 50 до 500 души по погон за апсолутно најминимална плата која ќе ја исценка и со максимални права како работодавец. Странскиот инвеститор обично е плашливо животинче кое цело време следи светска берза, политички превирања и е спремен во секој момент да се ослободи од инвестициите, (продаде, затвори, напушти) а да не испадне зијан. Па имаш секој ден како “тој и тој ланец откупил овој или оној... како таа компанија затворила погони таму и таму, како некој прекуокеански борд одлучил да отпушти 25% вработени...
Малце подобра ситуација е кога странецот инвестира големи пари долгорочно во големи погони, и комбинати али то е многу поретко и кај нас барем ние то шо беше вредно и големо - распродадовме на брзинка како наркоман шо продава медаљите од дедото и накитот од мама за да купи дрога за недела - две.
Другиот начин е земање на работите во свои раце развој инвестирање и потикнување на домашни компании, домашно производство, сопствен развој на кој нема да влијае одлука на борд на некоја странска земја. Тоа оди пополека и барем према мене би требало да се движи во стратешки - производствени капацитети. Енергетика, транспорт, земјоделие, рударство, вложување во образование (сериозно)
У ствари постои и трет - наш начин а то е спискување на огромни пари на неважни краткотрајни нефункционални проекти али то веќе знаеме како изгледа.
Сума сумарум од странски инвестиции имаме трошки и ронки, од домашно - немаме ништо а треба да вратиме кредити и камати како да сме направиле 3 големи хидроцентрали, 300 километри современ автопат, и сме направиле македонија земјоделска сила во регионот и европски центр за експлоатација на неметали.[DOUBLEPOST=1465029161][/DOUBLEPOST]
Споредено со македонија е голема и по население и по територија и по економија и по извоз...Голема? Голема на што? Извоз, БВП, икономика,териториja, популациja....?