ЕУРО 2020 - Група Ф (Франција, Германија, Португалија, Унгарија)

Кои две репрезентации ќе се пласираат понатаму?

  • Вкупно гласачи
    19
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Сега кога ќе испаднат - вакви финти ќе прави на Миконос.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Требеше тебе да те земат.
Ако тоа го спречеше ширењето на твоите растројства и на овој под-форум, да требаше.
Двајца од овие четворица имаат освоено светско првенство.
И Ди Матео има освоено ЛШ btw.
Титулите на Германија во 2014 и Франција во 2018 се многу повеќе ради генерациите кои ги имаа на тие турнири, отколку некаква брилијантна тренерска работа.
Веројатно е дека некоја од овие репрезентации ќе освои и сега, бидејќи квалитативно се на друго ниво во однос на останатите, не ради тренерите.
Франција и Англија играат многу лош фудбал. Се е индивидуален квалитет и епизоди, многу малку организираност. Лев го копира последниот тренд во тренерскиот занает секое првенство. Нула адаптации на противникот. Мислам, човекот беше затворен од Мрме. Има причина зошто цела Германија бара да го сменат.
Го заборави и Еурото што го освои Сантош, на грбот на Роналдо и голот на кариерата на анонимусот Едер, па еве го, пак игра позади топка и стартува со Данило Переира и Карваљо во средина, а Невес и Ренато С. на клупа му седат. Феликс нема терен помирисано.
Искрено, колку и да ме нервира, Манчини покажува што значи добар тренер на првенствово. Па и Луис Енрике, кој си го игра неговиот фудбал прилично добро.

Edit: добро за Енрике може ќе си го повлечам коментарот. :icon_lol:
 
Последно уредено:

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618

Na grbot na Ronaldo a ovoj odigra prosecno, duri i na granica na podprosecno. Portugalija osvoja blagodarejki na ultra defanziva taktika vo kombinacija so mnogu sreka.
Lev e dobar trener, mozebi najdobar od site drugi i mislam deka Germanija ke gura daleku na ova prvenstvo.
Italija so Mancini e dobra no mislam deka pri prv poseriozen protivnik ke potkleknat.
Holandija e isto taka interesna reprezentacija so nejziniot napagacki fudbal,defanzivata bez Van Dajk im e dosta prosecna.
Ima poveke favoriti od senka sto spored mene ova Euro ke bide edno najinteresnite nekogas.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Што да каже, појаки се?
Ќе ги уништат ако играат овака.

Точно дека до сега Италија покажа многу повеќе, ама не мора ништо тоа да значи.

Треба Лев го врати Кимих во средина (ова е MUST), Горецка да стартува и да го стави Гнабри крило, а не да му игра 9-ка.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.819
Поени од реакции
30.704
Што да каже, појаки се?
Ќе ги уништат ако играат овака.

Точно дека до сега Италија покажа многу повеќе, ама не мора ништо тоа да значи.

Треба Лев го врати Кимих во средина (ова е MUST), Горецка да стартува и да го стави Гнабри крило, а не да му игра 9-ка.
Не мора да значи ништо ни победата на Германија над Португалија.
FB_IMG_1624187017117.jpg
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Lev e dobar trener, mozebi najdobar od site drugi i mislam deka Germanija ke gura daleku na ova prvenstvo.
Речиси на сите првенства Германија игра во полуфинале, така да, не е само до тренерот. Германците го фураат овој стил на игра од 2006, напаѓаат цело време со 8 играчи на противничката половина. Мислам дека претеруваат со офанзивноста, дава резултат ако први дадат гол, но многу им е тешко да се вратат ако примат први гол од репрезентации од типот на Франција, Шпанија, Италија (и Македонија се разбира :D). Свесни се дека со овој начин на игра се ранливи позади, но одат на тоа дека ќе постигнат барем еден гол повеќе. Голем проблем е што дефанзивците им се ужасно спори и најголем проблем имаат со брзи играчи како Мбапе/Гризман. Друг проблем е што немаат играч како Левандовски/Халанд/Клосе/Лука Тони на CF. Мислам дека ако го земат Клосе од трибина ќе биде многу поопасен отколку Гнабри на пример. Тоа е тоа, ако постигнуваат први гол на следните средби верувам дека ќе играат најмалце полуфинале.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Доста долга и широка вечерва може да биде во групава на смртта.
Дури и една Унгарија може да се пласира понатаму ако победи,мада што чисто сумњам.
Мислам дека ќе бидат прегазени од Германија.

Инаку,Германија да има квалитетен напаѓач од рангот на Левандовски да речеме,дефинитивно би ја ставил број еден фаворит на европсково.
Гнабри ми е ептен патетичен во моментов.Секоја друга опција мислам дека би била подобра.
Франција има најдобра репрезентација,ама што знам,воопшто не ми делуваат стабилно некако.
Мислам дека ќе ја заебат во нокаут фазата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.220
Поени од реакции
84.137
Значи -1 треба минимум третиот да има за да влезе. Со -2 - можеби.
(ако има три поена)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom