ЕУРО 2020 - Група Д (Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка)

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?


  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.714
Поени од реакции
43.736
EURO 2020

GroupD.jpg


Групата на Б на ЕУРО 2020 е составена од Британските ривали, Англија и Шкотска, кои воедно се и дел од домаќините на ова ЕП, заедно со светскиот вицешампион Хрватска и репрезентацијата на Чешка, која секогаш е незгоден противник во овие натпреварувања. Мечевите од оваа група ќе се играат на Хампден Парк во Глазгов и Вембли, националниот стадион во Лондон на кој исто така ќе се играат и полуфиналињата и финалето на ЕУРО 2020.


Англија
263px-England_national_football_team_crest.svg.png
Селектор: Герет Саутгејт
Капитен: Хари Кејн
Настапи на Европските Шампионати: 9
Најдобар пласман на ЕП: Полу-финале (1968 и 1996)
Најдобар стрелец во квалификациите: Хари Кејн (12 голови)

Репрезентацијата на Англија на ЕУРО 2020 патува во убава атмосфера и за прв пат после десетина години се смета како еден од главните фаворити за освојување на титулата. Англчаните обезбедија пласман на претстојното ЕП преку групата А, освојувајќи 21 од можни 24 поени. Тие доаѓаат на ова натпреварување после успешниот настап на СП 2018 во Русија, каде го освоија 4тото место. Тимот на Саутгејт исто така стигна до полуфиналето во инаугуралното издание на УЕФА Лигата на Нации и успеа да дојде до бронзениот медал.

Англија никогаш нема играно финале на едно Европско Првенство, а најблиску била до тоа во 1968 како актуелен Светски шампион и 1996 како домаќин, кога била елиминирана од репрезентациите на Југославија и Германија (на пенали).

Голмани: Dean Henderson (Manchester United), Sam Johnstone (West Bromwich Albion), Jordan Pickford (Everton)

Одбрана: Ben Chilwell (Chelsea), Conor Coady (Wolves), Reece James (Chelsea), Harry Maguire (Manchester United), Tyrone Mings (Aston Villa), Luke Shaw (Manchester United), John Stones (Manchester City), Kieran Trippier (Atlético), Kyle Walker (Manchester City)

Среден ред: Jude Bellingham (Dortmund), Phil Foden (Manchester City), Jack Grealish (Aston Villa), Jordan Henderson (Liverpool), Mason Mount (Chelsea), Kalvin Phillips (Leeds United), Declan Rice (West Ham), Bukayo Saka (Arsenal), Jadon Sancho (Dortmund)

Напад: Dominic Calvert-Lewin (Everton), Harry Kane (Tottenham), Marcus Rashford (Manchester United), Raheem Sterling (Manchester City)
*на моменталниот список на Герет Саутгејт има 25 фудбалери, бидејќи Трент Александар-Арнолд се здоби со повреда на пријателската против Австрија пред 3 дена, која го оневозможи да настапи на ЕУРО 2020. Џејмс Ворд-Праус (Саутемптон) и Џеси Лингард (Манчестер Јунајтед) се имињата кои се спомнуваат како потенцијална замена за десниот бек на Ливерпул.

За разлика од "златната генерација" на Англија, која се состоеше од ѕвезди на скоро секој дел од теренот, овој тим на Гордиот Албион во себе има млади фудбалери, кои зад себе имаа одлични сезони на клубско ниво и дел од нив успешно се изградија во стварно квалитетни играчи. Предводник на оваа генерација е најдобриот стрелец на квалификациите за ЕУРО 2020 (со 12 голови) - Хари Кејн. Кејн, кој воедно е и капитен на репрезентацијата, ја освои златната копачка и на СП 2018та, а сезонава беше најдобар стрелец и најдобар асистент во англиската Премиер Лига.

Капитените на Јунајтед и Ливерпул, Хари Мегваер и Џордан Хендерсон се дургите фудбалери кои треба да ги водат нивните млади соиграчи низ ова ЕП, а се друго останува на раскошниот талент на играчи како Деклан Рајс, Џек Грилиш, Џејдон Санчо, Фил Фоден, Маркус Рашфорд и секако Мејсон Маут, кој му помогна на Челзи да дојде до Лигата на Шампиони оваа сезона.


Хрватска
HNS.png

Селектор: Златко Далиќ
Капитен: Лука Модриќ
Настапи на Европските Шампионати: 5
Најдобар пласман на ЕП: Четврт-финале (1996 и 2008)
Најдобар стрелец во квалификациите: Бруно Петковиќ (4 голови)

Хрватска доаѓа на ЕУРО 2020 како Светски вице-првак, а на патот кон финалето на СП 2018та ја елиминираа токму репрезентацијата на Англија. Среброто во Русија е без дилема најголмиот фудбалски успех на Коцкестите, кои постојано од нивното осамостојување располагаат со одлични и екстра талентирани играчи. Тие го обезбедија своето место на ова ЕП преку групата Е, а целта претпоставувам ќе им биде подобрување на нивниот најдобар резултат, што е "само" пласман во четврт-финалната фаза.

Голмани: Dominik Livaković (Dinamo Zagreb), Lovre Kalinić (Hajduk Split), Simon Sluga (Luton)

Одбрана: Borna Barišić (Rangers), Domagoj Bradarić (LOSC Lille), Duje Ćaleta-Car (Marseille), Joško Gvardiol (Leipzig), Josip Juranović (Legia Warszawa), Dejan Lovren (Zenit), Mile Škorić (Osijek), Domagoj Vida (Beşiktaş), Šime Vrsaljko (Atlético Madrid)

Среден ред: Mateo Kovačić (Chelsea), Luka Modrić (Real Madrid), Marcelo Brozović (Inter Milan), Milan Badelj (Genoa), Nikola Vlašić (CSKA Moskva), Mario Pašalić (Atalanta), Ivan Perišić (Inter Milan), Mislav Oršić (Dinamo Zagreb), Luka Ivanušec (Dinamo Zagreb)

Напад: Josip Brekalo (Wolfsburg), Ante Budimir (Osasuna), Andrej Kramarić (Hoffenheim), Bruno Petković (Dinamo Zagreb), Ante Rebić (AC Milan)

Златко Далиќ доаѓа на ЕП 2020 со очекуван состав, без еден од хериоте од Русија - Иван Ракитиќ, која ја заврши својата репрезентативна кариера. Најсилна алка на Хрватите останува средниот ред, предводен од капитенот Лука Модриќ. Плејмејкерот на Реал Мадрид е абсолутна фудбалска легенда и се очекува да го има своето последно големо натпреварување на интернационалната сцена. Ковачиќ и Брозовиќ се имињата кои треба да стартуваат до капитенот, а место во нападот ќе се борат Бруно Петковиќ, Андреј Крамариќ и Анте Ребиќ, покрај веројатно сигурниот стартер Иван Перишиќ.


Шкотска
Scotland_national_football_team_logo_2014.svg.png

Селектор: Стив Кларк
Капитен: Енди Робертсон
Настапи на Европските Шампионати: 2
Најдобар пласман на ЕП: Групна фаза (1992 и 1996)
Најдобар стрелец во квалификациите: Џон МекГин (7 голови)

Шкотска се враќа на Европските Првенства после 25 години, а пласманот на ЕУРО 2020 го обезбедија преку УЕФА Лигата на Нации. Шкотите завршија трети во нивната квалификациона група, меѓутоа, ја искористија својата втора шанса победувајќи ја Србија на пенали во финалето од final four турнирот на Лигата Ц. Ова ќе биде нивен трет настап на континенталните собири и ќе се обидат да ја поминат групната фаза за прв пат во историјата на нивната репрезентација.

Голмани: Craig Gordon (Hearts), David Marshall (Derby), Jon McLaughlin (Rangers)

Одбрана: Liam Cooper (Leeds), Declan Gallagher (Motherwell), Grant Hanley (Norwich), Jack Hendry (Celtic), Scott McKenna (Nottingham Forest), Stephen O'Donnell (Motherwell), Nathan Patterson (Rangers), Andy Robertson (Liverpool), Greg Taylor (Celtic), Kieran Tierney (Arsenal)

Среден ред: Stuart Armstrong (Southampton), Ryan Christie (Celtic), John Fleck (Sheffield United), James Forrest (Celtic), Ryan Fraser (Newcastle United), Billy Gilmour (Chelsea), John McGinn (Aston Villa), Callum McGregor (Celtic), Scott McTominay (Manchester United), David Turnbull (Celtic)

Напад: Ché Adams (Southampton), Lyndon Dykes (QPR), Kevin Nisbet (Hibernian)

Тимот на Шкотска е составен од играчи кои играат или во домашната лига или низ најдобрите две фудбалски дивизии на Англија. Најголема ѕвезда на оваа репрезентација е левиот бек на Ливерпул - Енди Робертсон, а други позначајни имиња се Киеран Тиерни од Арсенал и Скот Мектоминеј од Манчестер Јунајтед. Че Адамс имаше солидна сезона со Саутемптон, а клучна улога во разигравањето на тимот ќе има Џон МекГин од Астон Вила, кој беше и најдобриот стрелец на Шкотите во квалификациите.


Чешка
225px-Czech_Republic_national_football_team_logo.svg.png

Селектор:
Јарослав Шилави
Капитен: Борек Дочкал
Настапи на Европските Шампионати: 6
Најдобар пласман на ЕП: Финале (1996)
Најдобар стрелец во квалификациите: Патрик Шик (4 голови)

Репрезентацијата на Чешка се пласираше на ЕУРО 2020 без поголеми проблеми, завршувајќи втора во квалификационата група А, позади Англија. Ова ќе биде нивно седмо последователно Европско Првенство, а нивниот најголем успех дојде во 1996, кога како дебитанти успејаа да стигнат до самиот финиш на натпреварувањето. За жал на цела нација, златниот гол на Оливер Бироф во финалето ја однесе титулата кај нивниот западен сосед, Германија.

Goalkeepers: Aleš Mandous (Olomouc), Jiří Pavlenka (Werder Bremen), Tomáš Vaclík (Sevilla)

Defenders: Jan Bořil (Slavia Praha), Jakub Brabec (Viktoria Plzeň), Ondřej Čelůstka (Sparta Praha), Vladimír Coufal (West Ham), Pavel Kadeřábek (Hoffenheim), Tomáš Kalas (Bristol City), Tomáš Holeš (Slavia Praha), Aleš Matějů (Brescia), David Zima (Slavia Praha)

Midfielders: Antonín Barák (Verona), Vladimír Darida (Hertha Berlin), Jakub Jankto (Sampdoria), Alex Král (Spartak Moskva), Lukáš Masopust (Slavia Praha), Jakub Pešek (Sparta Praha), Michal Sadílek (Liberec), Petr Ševčík (Slavia Praha), Tomáš Souček (West Ham)

Forwards: Adam Hložek (Sparta Praha), Michael Krmenčík (PAOK), Tomáš Pekhart (Legia), Patrik Schick (Leverkusen), Matěj Vydra (Burnley)

Реално, репрезентацијата на Чешка е далеку од нивото на генерацијата која освен финалето во 1996, стигна и до полу-финалето во 2004та во Португалија. Главни играчи на овој тим се Патрик Шик, Виктор Дарида и Јакуб Јанкто, заедно со ѕвездите на Вест Хем Јунајтед, Томас Соучек и Владимир Цоуфал.


Распоред на натпревари

Група Д.JPG
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Хрватска испаѓа по групи, Англија ќе се прошета, Чешка и Шкотска ќе се поколат за второ/трето место.

Лош почеток и пораз на почеток, а после тоа 2 натпревари со тврди екипи силни во прекини кои се најслабата точка на Хрватска.
Плус Хрватска никогаш до сега не ја победила Шкотска, а Шкотите играат и дома.

Очекувам Англија и Шкотска да одат понатаму и евентуално Чешка ако освои доволно бодови да е меѓу најдобрите трети.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.922
Поени од реакции
83.171
Очекувам Англија и Шкотска да одат понатаму и евентуално Чешка ако освои доволно бодови да е меѓу најдобрите трети.
Чул те Господ, но некако не ми се чини дека Шкотска може со Хрватска.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Чул те Господ, но некако не ми се чини дека Шкотска може со Хрватска.
Играат дома, немаат крш состав, една утакмица е, се игра на 120%.

Хрватска нема толку проблем со квалитетот, опаднат е нешто од 2018, но не е толку. Проблемот на Хрватска е недостатокот на хемија и уиграни комбинации поради премногу кадровски лутања. И многу посилни екипи на хартија ако се само збир на индивидуалци потфрлува, а не па овој тим на Хрватска, кој е добар, но не е баш светски врв. Во 3 години буквално 2 јаки утакмици (Словачка на гости, Унгарија дома) и 2 солидни (Шпанија и Португалија дома). Се друго катастрофа.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.589
Англија мислам ќе биде сигурно прва. Имам големи очекувања од оваа генерација, ако одиграат како што треба можат да стигнат барем до полуфинале.

Од Хрватска и јас не очекувам ништо значајно ова ЕП. Можеби ќе ја поминат групата, но ништо повеќе. Читам и дека не владее некоја добра атмосфера во тимот. Лошо за нив е што стартуваат со Англија на Вембли, што 90% ќе биде пораз. Па ќе треба да бркаат бодови со две незгодни репрезентации.

Чешка знае да одигра добро на европските првенства. Далеку е оваа генерација од онаа на Недвед и компанија ама има поединци кои можат да направат разлика.

Шкотска на хартија е најслаба репрезентација во групата, ама двата клучни меча ги играат дома што е голема предност.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.725
Поени од реакции
52.660


При Чилвел и Шо, ќе го игра Трипие како лев бек :D
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.714
Поени од реакции
2.223


При Чилвел и Шо, ќе го игра Трипие како лев бек :D
Трипие многу напредуваше во дефанзивна и офанзивна игра откако си замина од Премиер лигата. Инаку мислам дека поради тактичката поставеност го има избрано него пред другите двајца.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.213
Поени од реакции
9.237


При Чилвел и Шо, ќе го игра Трипие како лев бек :D
Типие ако нема место на бековска у напад ќе го игра тој му е милениче.
Мислев дека Англичаните имаат шанса до финале ама тренерот им е дупка како и на другите генерации.
Автоматски споено мислење:

Трипие многу напредуваше во дефанзивна и офанзивна игра откако си замина од Премиер лигата. Инаку мислам дека поради тактичката поставеност го има избрано него пред другите двајца.
Ме зезаш 4 пати се покреативни Шо и Чилврл од Трипие единатвено чентаршут што има попрецизен затоа ќе стартува на високи топки ќе игра Саутгејт.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.714
Поени од реакции
2.223
Ме зезаш 4 пати се покреативни Шо и Чилврл од Трипие единатвено чентаршут што има попрецизен затоа ќе стартува на високи топки ќе игра Саутгејт.
Зошто би се шегувал? Можеби Трипие му одговара повеќе во поглед на дефанзивните задачи. Не зборувам за квалитетите на Шо и Чилвел, ниту пак ги спорам во поглед на квалитетот. Епа ете и самиот даде една причина поради која би го играл, ама јас сметам дека повеќе е поради дефанзивните задачи.

Инаку навивачите на Англија имаат преголем респект кон Хрватска и поголем дел од оние што беа интервјуирани кажаа дека ќе биде доста тесно во резултатска смисла.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.797
Поени од реакции
5.563
очигледно е дека Трипие и Стерлинг му се миленици... може Трипие и заслужува прва постава, ама десно, никако лево пред Шо и Чилвел, ама со што заслужи Стерлинг прва постава да игра пред Грилиш не ми е јасно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom