Џ
Џонтра Волта
Гостин
Групата А на Европското првенство ќе започне на 11ти јуни во Рим каде Турција на Олимпико ќе ја ``пречека`` Италија.
Еве го распоредот на натпреварите:
Во продолжение следат конечните списоци на повикани играчи на сите 4 екипи учесници во оваа А група, збор-два за нив, болдирани играчи на кои треба да се обрне внимание, моја експертиза за Италија и можни стартни 11 според колегите од The Guardian.
Започнуваме со селекцијата на Турција чиј селектор е господинот Шенол Ѓунеш, легендарен турски стратег и предводникот на онаа бронзена (а во Турција - златна) генерација од Светското првенство во 2002та година. На последното Еуро испаднаа уште во групната фаза.
Голмани: Altay Bayındır (Fenerbahçe), Mert Günok (İstanbul Başakşehir), Uğurcan Çakır (Trabzonspor)
Одбрана: Zeki Çelik (LOSC Lille), Çağlar Söyüncü (Leicester), Kaan Ayhan (Sassuolo), Merih Demiral (Juventus), Mert Müldür (Sassuolo), Ozan Kabak (Liverpool), Rıdvan Yılmaz (Beşiktaş), Umut Meraş (Le Havre)
Средина: Yusuf Yazıcı (LOSC Lille), Dorukhan Toköz (Beşiktaş), İrfan Can Kahveci (Fenerbahçe), Okay Yokuşlu (West Brom), Orkun Kökçü (Feyenoord), Ozan Tufan (Fenerbahçe), Taylan Antalyalı (Galatasaray), Hakan Çalhanoğlu (AC Milan)
Напад: *Burak Yılmaz (LOSC Lille), Cengiz Ünder (Leicester), Enes Ünal (Getafe), Abdülkadir Ömür (Trabzonspor), Kerem Aktürkoğlu (Galatasaray), Halil İbrahim Dervişoğlu (Brentford), Kenan Karaman (Fortuna Düsseldorf)
Еден од најпознатите турски играчи моментално Чаглар Сојунчу ќе биде предводникот на одбраната на турците заедно со Мерих Демирал и играчот од кој зависат сите напади - Хакан Чалханоглу, секако со поддршка од капитенот и најискусниот Бурак Јилмаз кој заедно со Јусуф Јазичи и Зеки Челик го однесоа Лил до шампионски пехар сезонава во француското првенство.
Швајцарија чиј селектор е Владимир Петковиќ кој неколку години успешно (за нивни стандарди) ја предводи оваа репрезентација и веќе станаа редовни учесници на големите натпреварувања, повторно ќе се обиде да се пласира во нокаут фазата, како што тоа го направија во 2016тата година.
Капитен на тимот е везниот играч на Арсенал, Гранит Џака. Покрај него како главен играч веќе одамна е зацементиран Џердан Шакири. Вреди да се споменат и Ремо Фројлер кој неколку сезони успешно настапува во тимот на Аталанта, Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд и предводникот на нападот Харис Сеферовиќ од Бенфика.
Голмани: Yann Sommer (Mönchengladbach), Yvon Mvogo (PSV), Jonas Omlin (Montpellier)
Одбрана: Manuel Akanji (Dortmund), Loris Benito (Bordeaux), Eray Cömert (Basel), Nico Elvedi (Mönchengladbach), Jordan Lotomba (Nice), Kevin Mbabu (Wolfsburg), Becir Omeragic (Zürich), Ricardo Rodríguez (Torino), Fabian Schär (Newcastle United), Silvan Widmer (Basel)
Средина: Christian Fassnacht (Young Boys), Edimilson Fernandes (Mainz), Remo Freuler (Atalanta), Admir Mehmedi (Wolfsburg), Xherdan Shaqiri (Liverpool), Djibril Sow (Frankfurt), Ruben Vargas (Augsburg), *Granit Xhaka (Arsenal), Denis Zakaria (Mönchengladbach), Steven Zuber (Frankfurt)
Напад: Breel Embolo (Mönchengladbach), Mario Gavranović (Dinamo Zagreb), Haris Seferović (Benfica)
Рајан Гигс колку што беше добар фудбалер, толку не е добар надвор од теренот а за тоа говорат и неколкуте скандали поврзани со неговото име. Последниот е напад врз својата бишва девојка за кој треба да се појави на суд и поради тоа нема да го предводи Велс на ова Еуро. Во негово отсуство како селектор е назначен Роберт Пејџ.
Велс на минатото Еуро каде беа дебитанти успеаа да завршат први во својата група, за да продолжат до извонредното полуфинале каде беа запрени од Португалија која подоцна и го освои турнирот. Сега ќе имаат огромен предизвик барем да се доближат до тој успех иако реални се шансите и да не се пласираат во нокаут фазата.
Герет Бејл секако е главниот играч и капитен на тимот, Бејл кој имаше позитивна сезона во Тотенхем. За разлика од него со тоа не може да се пофали Арон Ремзи кој разочара во Јуве. Даниел Џејмс е новата ѕвезда во најава, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед. Покрај него како млади надежи вреди да се споменат и Итан Ампаду од Челзи и Неко Вилијамс од Ливерпул. Секако тука е и стандардниот лев бек на Тотенхем, Бен Дејвис.
Голмани: Wayne Hennessey (Crystal Palace), Daniel Ward (Leicester City), Adam Davies (Stoke City)
Одбрана: Chris Gunter (Charlton Athletic), Ben Davies (Tottenham Hotspur) Connor Roberts (Swansea City), Ethan Ampadu (Chelsea), Chris Mepham (Bournemouth), Joe Rodon (Tottenham Hotspur), Neco Williams (Liverpool), Rhys Norrington-Davies (Sheffield United), Ben Cabango (Swansea City), Tom Lockyer (Luton)
Средина: Aaron Ramsey (Juventus), Joe Allen (Stoke City), Jonathan Williams (Cardiff City), Harry Wilson (Liverpool), Daniel James (Manchester United), David Brooks (Bournemouth), Joe Morrell (Luton Town), Matthew Smith (Manchester City), Dylan Levitt (Manchester United), Rubin Colwill (Cardiff City)
Напад: *Gareth Bale (Real Madrid), Kieffer Moore (Cardiff City), Tyler Roberts (Leeds United)
Италија. Секогаш фаворит од сенка. На минатото Еуро само до 1/4 финале. Квалификациите за ова првенство ги поминаа како брз воз.
Роберто Манчини има искусен состав со неколку млади играчи и ѕвезди во подем. Капитен на тимот е Џорџо Киелини кој би требало да си ја завземе својата позиција веднаш до неприкосновениот Леонардо Бонучи. Зихераш е Манчини и тука нема да експериментира. На голот секако е Џиџо Донарума.
Николо Барела од Интер веќе се наметна како главен играч во средината на теренот и моторот на екипата. Покрај него за очекување е да стартуваат и Жоргињо од Челзи и Марко Верати од ПСЖ. Федерико Киеза имаше позитивна дебитантска сезона во дресот на Јувентус а покрај него во форот секако е зацементиран Чиро Имобиле со поддршка од Лоренцо Инсиње. Шанса од клупата ќе чека Гало Белоти и на големо изненадување, младиот напаѓач на Сасуоло - Џакомо Распадори, покрај својот соиграч од истоимениот тим, Доменико Берарди.
Чкрипи левата бековска позиција каде во конкуренција на Емерсон Палмиери кој сезонава имаше мизерна минутажа во дресот на Челзи, се наоѓа и Леонардо Спинацола од Рома кој мака мачи со повреди, прво, второ е деснак и скоро никогаш нема играно како лев бек во одбрана со 4. Друг играч кој би можел да влета во комбинација за лев бек (покрај Киелини) е Алесандро Бастони од Интер, штопер, кој пак нема играно на својата позиција во одбрана со 4. Последниве 2 сезони се зацементира во тимот на Интер како страничен штопер во одбрана со 3. На десен бек не би требало да има изненадувања и за очекување е Алесандро Флоренци да биде прв избор.
Во везниот ред покрај тројцата спомнати првотимци, шанса од клупата ќе чекаат Лоренцо Пелегрини од Рома, Стефано Сенси од Интер и Мануел Локатели од Сасуоло.
Голмани: Gianluigi Donnarumma (Milan), Alex Meret (Napoli), Salvatore Sirigu (Torino)
Одбрана: Francesco Acerbi (Lazio), Alessandro Bastoni (Inter), Leonardo Bonucci (Juventus), *Giorgio Chiellini (Juventus), Giovanni Di Lorenzo (Napoli), Emerson Palmieri (Chelsea), Alessandro Florenzi (Paris), Leonardo Spinazzola (Roma), Rafael Toloi (Atalanta)
Средина: Nicolò Barella (Inter), Bryan Cristante (Roma), Jorginho (Chelsea), Manuel Locatelli (Sassuolo), Lorenzo Pellegrini (Roma), Stefano Sensi (Inter), Marco Verratti (Paris)
Напад: Andrea Belotti (Torino), Domenico Berardi (Sassuolo), Federico Bernardeschi (Juventus), Federico Chiesa (Juventus), Ciro Immobile (Lazio), Lorenzo Insigne (Napoli), Giacomo Raspadori (Sassuolo)
Гардијан вели дека Верати ќе ги пропушти првите 2 утакмици и на негово место се очекува Мануел Локатели да стартува.
Вашите експертизи ги очекуваме во продолжение, за тоа време додека го прескокнувате целиот вовед уживајте во малце пластика