Мал осврт на утакмицата:
се штедеа силите тоа е неспорно, но да се нема желба за надигрување освен кај Столе тоа е срамота а знаат и самите дека ова им беше шансата да се пробаат тактичи варијации и да се експериментира малце во напад без Кире, без/со пикер, развлекувања, укрстања а си играа нати го дај ми го.
Одбрана катастрофа, да не се искочи на фаул на 8 метри туку да се скока на линија на блок и да го изедат ко мајмуни како што им се спуштија или од чекор шутнаа сега треба сите да ја чукнат главата и да размислат како одиграа и од 15 да го јадат паркетот во Чаирчанка во Ниш.
Голманите заспани "убавици", врските направија Манасков да отиде во репрезентација а таков зицер на тренинг не се промашува.
Митков би го ставил на клупа да шлука додека еднаш после своја грешка не си ја тресне главата од земја и да рече искачам доста е нека игра друг, на негово место Јоноски сигурно подобро би изиграл.
Шундовски требаше сите ракометари да ги стави на паркетот да види со кого ќе може да располага на европското и кој во кој момент да го уфрли а не таму да прави експерименти.
Од пријателските кој се играа внимание заслужија Германија со Унгарија изгубија тесно со еден гол што дава надеж за нас во претстојните натпревари; Хрватска и Данска си газат и се на се не очекува возбудливо европско за една недела.