мислам дека е бош муабет али ко шо знам е редниот број кога си роден на тој датум... пр мојот завршува со 003 мислам дека то значит дека сум 3
барем така сум слушал
Матичниот број има 13 цифри
ДД = ден на раѓање
ММ = месец на раѓање
ГГГ = последните три бројки од годината на раѓање
РР = политички регион на раѓање
БББ = единствен број
000-499 = машки
500-999 = женски
К = контролен број
Политичкиот регион за Макеоднија се користеле броевите од 41 до 49, а поконкретно вака за следниве градови:
41 – Битола
42 – Куманово
43 – Охрид
44 – Прилеп
45 – Скопје
46 – Струмица
47 – Тетово
48 – Велес
49 – Штип
Останатите политички региони низ поранешна Југославија:
*00 – 09 – странци без државјанство на поранешна Југославија или нејзините држави
*10 – 19 – Босна и Херцеговина
*20 – 29 – ЦРна Гора
*30 – 39 – Хрватска
*41 – 49 – Македонија
*50 – 59 – Словенија (само 50 е користен)
*60 – 69 – не се користело од необјаснети причини
*70 – 79 – Централна Србија
*80 – 89 – Автономна покраина Војводина
*90 – 99 – Автономна покраина Косово и Метохија
Е тука доаѓаме до контролниот број или последната цифра.
Само претпоследните 2 цифри се реден број, така што ЕМБГ кој завршува на 005 значи дека прв се пријавил во матичната книга на тој ден во таа година во тоа место.
Последната цифра се пресметува на следниот начин:
B1 = 11-MOD(((7*(MID(A1,1,1)+MID(A1,7,1)))+(6*(MID(A1,2,1)+MID(A1,8,1)))+(5*(MID(A1,3,1)+MID(A1,9,1)))+
(4*(MID(A1,4,1)+MID(A1,10,1)))+(3*(MID(A1,5,1)+MID(A1,11,1)))+(2*(MID(A1,6,1)+MID(A1,12,1)))),11)
C1 = CONCATENATE(A1,IF(B1<10,B1,0))
Каде Б1 ви е последната цифра а Ц1 е целиот матичен број доколку во погорната формула ги користите првите 12 цифри.
Формулата е прилагодена за excel