ЕМБГ (Единствен Матичен Број на Граѓанинот) - прашање ?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Незнам некако не ми е јасно не ми иде во глава со последните 3 цифри што се еве пак еве википедиа

Ова не важи, то е од СФРЈ кога беа сите репулики во една држава па имаше и бројка од која република си.
 
D

Deleted member 19276

Гостин
Последните три бројки се од МВР, кога во денот те имаат пријавено, што значи 058 си 58 пријавен во тој ден, јас сум 001 јееее
Чекај сега малце едни викате дека е 058 адруги викаат 05 дека е денот а 8 случајно избран број од пц. Значи според твоево искача дека ене е случаен избор туку дека е она првото што го кажав и ти што кажа ;) ?
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
The combination of the citizen's sex and ordinal number of birth is presented as a 3 digit number - from 000 to 499 for the male, and from 500 to 999 for the female citizens.

The last digit is a computer generated control digit.

Еве ти пример, да зееме некој рандом матичен број
0406987450078
04- дата на раѓање
06- месец
987- година, значи лицето е родено 1987
45- овие цифри го покажуваат местото на раѓање, конкретно, лицето е родено во Ск,ако било родено во Охрид, Струга, Дебар или Кичево ќе стоело 43, за другите градови имаш погоре
0-го покажува полот, за мажи е 0, за жени е 5
07- ваљда кое по ред бебе си за тој ден во тој реон
8- рандом бројка
Делот со последните 3 цифри ја прави целата забуна. Бидејќи е неправилно матичниот број да се расчленува на тој начин. Последната бројка си стои/се избира/има значење посебно од трите пред неа. Значи BBB цифрите треба да бидат од 000-499 за мажи и од 500-999 за жени.
Има матични броеви каде бројот за пол кој велите дека за мажи е 0 всушност може да биде и друг број од 0-5. Објаснувањето во цитатов подолу е поточно.

Незнам некако не ми е јасно не ми иде во глава со последните 3 цифри што се еве пак еве википедиа

Composition

The number is made up of 13 digits in a form "DD MM YYY RR BBB K"
  • BBB – unique number of the particular RR (represents a person within the DDMMYYYRR section in the particular municipality)

K - checksum
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Чекај сега малце едни викате дека е 058 адруги викаат 05 дека е денот а 8 случајно избран број од пц. Значи според твоево искача дека ене е случаен избор туку дека е она првото што го кажав и ти што кажа ;) ?
Тоа со случаен број од ПЦ, е од поново време за време на комунизамот тоа се водело со книга па така кој прв дојде тој ќе го добие по просто и поедноставно не може да биде
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
15- дата на раѓање
06- месец, значи јуни
992- година, значи 1992
45-означува место на раѓање, во твојов случај Скопје, да беше друг град, ќе беше друга бројката( мислам ова тебе најмногу те бунеше)
0- пол, во случајов машки, за женски е 5
05- ваљда тој ден си бил петто по ред дете родено во Скопје
8- последниот број е случајно избран број, компјутерски

Ок ли е сеа?
Добро, а ја со матичен број xxxxxxxxxx001 демек нулто дете родено тој ден сум? А и последната цифра не е „случајно“ избрана туку се генерира според некој алгоритам со цел да се провери дали матичниот број кој го дава одредено лице е валиден. Со другото се слагам.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Последната цифра е модуларна контрола на останатите, то ест се користи алгоритмот по модул 11.

Односно секоја цифра од почетокот на ЕМБГ па до крајот најпрво се множи со соодветен број.

Првата*7 + Втората*6 + Третата *5 + Четвртата*4 + Петтата *3 + Шестата * 2 + Седмата * 7
+ Осмата*6+Деветатата*5+Десетата*4+единаесеттата*3+Дванаесеттата*2

Целата сума се дели со 11 и се зема остатокот.

Конечниот број е 11 минус погорната бројка.

Пример.

Имате матичен број 310198045501Х

Последната бројка е

3*7 + 1*6 +0*5 + 1*4 + 9*3 + 8*2 + 0*7 + 4*6 + 5*5 + 5*4 + 0*3 + 1*2 = 145

145 mod 11 = 2 (остаток при делење со 11)

И на крај последната цифра е 11-2 = 9

ЕМБГ е 3101980455019

Проверете си ги вашите матични броеви , односно нивната последна цифра која е клучна за уникатноста, по овој алгоритам;)
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Еве вака нешто би било кога ќе споиме се:
AB CD EFG HI JKL X
AB/CD/EFG - ден,месец и година на раѓање(т.е. последните 3 цифри од годината)
HI - место на раѓање; Првата цифра е за државата (за Македонија-4, БиХ=1,Црна Гора-2,Хрватска=3 итн), а втората за регионот во државата(1-Битола,2-Куманово,5-Скопје итн)
JKL - пол; 000-499 за машки и 500-999, ама не сум сигурна точно како го одредуваат (пр. во Скопје е 5хх за женско и 0хх за машко, во некој друг град е 9хх за женско и 4хх за машко); а хх-овите се за редниот број под кој е заведено бебето со тој пол, родено на тој ден, во регионот/општината,со тоа што првото бебе не е 01 туку 00(пр. 0101003 45 0 01 Х е за второто(01) машко(0) дете родено во Скопје(45) на 01/01/2003)
X - контролна цифра (checksum) - Број добиен со одреден алгоритам со кој се одредува дали дадениот матичен број е валиден. Доколну оваа цифра не се совпаѓа со онаа што се добива кога ќе се употреби алгоритамот врз претходните 12 цифри. матичниот број е невалиден*.
Се пресметува на следниот начин:
CS = 11-( 7*(A+G) + 6*(B+H) + 5*(C+I) + 4*(D+J) + 3*(E+K) + 2*(F+L) ) MOD 11
Ако CS е помеѓу 1 и 9, X=CS;
Ако CS е 10, X не може да се пресмета (постои грешка во некоја од претходните цифри?!?)
Aко CS e 11, X=0;

*Постојат мал број на матични броеви издадени од валидни органи, но со невалидна контролна цифра.

Пример: 0403982455003
CS=11-(7*(0+2)+6*(4+4)+5*(0+5)+4*(3+5)+3*(9+0)+2*(8+0))mod11
CS=11-(14+48+25+32+27+16)mod11=11-162mod11=11-8=3=Х
Контролната цифра се совпаѓа, значи имаме валиден матичен број за првото женско дете родено во Скопје на 4ти март 1982 год.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Затоа Македонците сме баксузи..13 цифрени матични имаме сите :notworthy:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.748
Поени од реакции
12.761
Види не е бош муабет зашто затоа што сите различно кажуваат и кога ќе видиш никој незнае интернетот кажува сосема нешто друго ај кажи ми кај другар пишува 420 што значи тоа дека е 420 ти роден во денот ? толку да се родат во еден ден тешко. Јас сум 058 и вака пишува на википедиа од 50 - 59 Словенија демек роден во словенија, а мене сегде во документација ми пишува Скопје е ајде сега ?[/quote]
извини што мора да ти кажам, но посвоен си.
 
Член од
29 март 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
мислам дека е бош муабет али ко шо знам е редниот број кога си роден на тој датум... пр мојот завршува со 003 мислам дека то значит дека сум 3
барем така сум слушал :)

Матичниот број има 13 цифри

ДД = ден на раѓање

ММ = месец на раѓање

ГГГ = последните три бројки од годината на раѓање

РР = политички регион на раѓање

БББ = единствен број

000-499 = машки

500-999 = женски

К = контролен број

Политичкиот регион за Макеоднија се користеле броевите од 41 до 49, а поконкретно вака за следниве градови:

41 – Битола

42 – Куманово

43 – Охрид

44 – Прилеп

45 – Скопје

46 – Струмица

47 – Тетово

48 – Велес

49 – Штип

Останатите политички региони низ поранешна Југославија:

*00 – 09 – странци без државјанство на поранешна Југославија или нејзините држави

*10 – 19 – Босна и Херцеговина

*20 – 29 – ЦРна Гора

*30 – 39 – Хрватска

*41 – 49 – Македонија

*50 – 59 – Словенија (само 50 е користен)

*60 – 69 – не се користело од необјаснети причини

*70 – 79 – Централна Србија

*80 – 89 – Автономна покраина Војводина

*90 – 99 – Автономна покраина Косово и Метохија

Е тука доаѓаме до контролниот број или последната цифра.
Само претпоследните 2 цифри се реден број, така што ЕМБГ кој завршува на 005 значи дека прв се пријавил во матичната книга на тој ден во таа година во тоа место.
Последната цифра се пресметува на следниот начин:
B1 = 11-MOD(((7*(MID(A1,1,1)+MID(A1,7,1)))+(6*(MID(A1,2,1)+MID(A1,8,1)))+(5*(MID(A1,3,1)+MID(A1,9,1)))+
(4*(MID(A1,4,1)+MID(A1,10,1)))+(3*(MID(A1,5,1)+MID(A1,11,1)))+(2*(MID(A1,6,1)+MID(A1,12,1)))),11)

C1 = CONCATENATE(A1,IF(B1<10,B1,0))

Каде Б1 ви е последната цифра а Ц1 е целиот матичен број доколку во погорната формула ги користите првите 12 цифри.
Формулата е прилагодена за excel
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732

ВРОНГ ти е ПОЛИТИЧКИОТ Регион, ИМЕНО важи за родени од 1976+, за постарите граѓани тој број бил од регионот каде живееле !!
 
Член од
15 април 2024
Мислења
2
Поени од реакции
0
Последните 6 цифри (претходните 7 нели ги знаеме што се) од мојот ЕМБГ се 450009 или во превод:
45 = Скопје
0 = Машко (5 = Женско)
00 = не знам што се ама сигурно не се реден број на бебето родено тој ден бидејќи во тој случај јас не постојам, нели? А, сигурно не се дополнителни места за пол. Што ќе им се 1000 варијанти за пол. Толку мутанти се уште немаме (барем засега). Или можеби од 0-499 се за машки бебиња, а од 500-999 за женски. Па и во тој случај не постојам.
9 = контролен број да се провери дали внесениот ЕМБГ од 12 цифри е точен.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.325
Последните 6 цифри (претходните 7 нели ги знаеме што се) од мојот ЕМБГ се 450009 или во превод:
45 = Скопје
0 = Машко (5 = Женско)
00 = не знам што се ама сигурно не се реден број на бебето родено тој ден бидејќи во тој случај јас не постојам, нели? А, сигурно не се дополнителни места за пол. Што ќе им се 1000 варијанти за пол. Толку мутанти се уште немаме (барем засега). Или можеби од 0-499 се за машки бебиња, а од 500-999 за женски. Па и во тој случај не постојам.
9 = контролен број да се провери дали внесениот ЕМБГ од 12 цифри е точен.
Една шала, една другарка не убедуваше дека последната цифра од матичниот била колку лица личеле на тебе на сликите од личните карти и уште во тоа верува :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom