ЕВН лопови

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.429
Поени од реакции
26.704
Уште едно прашање, вака секаде ли е или само ние плаќаме за глупости?
Само екс-Ју државите, без Словенија мислам. Инаку, беше оспорено на Уставен и судот одлучи дека е во ред да наплаќаат. Кој ни е крив што не ја трошиме струјата рамномерно низ месецот. :D
 
H

-HRO

Гостин
Сметкиве за струја ко да се со 200% ДДВ, а не 18%.
Па добро бе да му се плукнам, 9.800 денари ми стигна сметка за месец Март.
Па кој трошел толку струја за 10.000 да биде сметката во март.
Да имам фабрика за производство да разберам, ама куќа во која што живеам 10.000ден. да има сметка?
Божем штедиме сите дома струја, гасиме сијалици, ТВ уреди исл. Пак бадијала.
Ова е криминал невиден што се случува. На другар дедо му се жалеше на Шител Телевизија затоа што му стигна 10.000 сметка за парно греење... така да пљачката е насекаде, не само кај струјата.
Незнам до кога ќе се тера вака. Живееме според европски стандарди, плаќаме според европски стандарди, се праиме според европски стандарди, а платата МАКЕДОНСКА!
ПУ!
 

juve_persempre

▐ I am VIKING▐
Член од
17 февруари 2010
Мислења
296
Поени од реакции
83
Луѓе АЈДЕ БЕ ПРОТЕСТИ ДА СЕ ОСВЕСТИМЕ АБЕ НЕ ДЕРАТ ЕЈ :facepalm:
 
V

Vollstandig

Гостин
Во фебруар месец, беше ладно, па користев кварцна греалка за мојата соба. Останатите соби на оган на дрва се затоплуваа ми дојде сметка 12.000 денари. Ај што ја плативме неа, туку за Април ми дојде 9000 денари што немаше теорија дека е истрошена толкава струја. Сметав отприлика кој апарат колку троши, аквариум вклучен 24/часа месечно ми троши 350 денари, јас грубо додавам 1000 денари ама пак не испаѓа математиката. Се готви на плин, единствено што останува ел. апарат, е мобилниот на полнач, телевизор, компјутерот неколку саати денот и болјерот еднаш дневно или на два дена шо пак нема теорија толку струја. Или да им донираме дигитрони на ЕВН или штрајк.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Дефинитивно треба нешто да направиме,неможе овака со апашиве невидени,арно ја видов темава па да пишам сабајле што ми се случи.Испаѓам од дома кај 9 и ги гледам двајца од ЕВН брцаат во саатот,и ги прашувам што е работава и едниов ми вика:Ееее,сметка за струја немате платено.И се јавувам јас нормално кај моиве и ми кажуваат дека е платена пред неколку дена,и ја наоѓам сметкава им ја давам и ми вика едниов:Аааа добро,нема проблем,се извинуваме.Му викам добро со кое право ќе ја гасеше струјата кога не ни тропна да прашаш дали има некој и дали е платено туку одма ќе гасиш,и ми вика па сте закасниле за сметката 2 дена,ПАЗИ поради 2 дена закаснета сметка и што е најлошо ПЛАТЕНА ќе ме изгасеа и после плаќај им 2000денари за приклучок,ами 2000денари не се малку пари па да речеш ајде голема работа.А па за височина во денари па да не ви кажувам колку иде сметка..како база на НАСА да имам дома.Да сум некој моќен човек во Македонија би ги тужел по милион основи,вака џабе кога никој не добил на суд со компании што го држат монополот во Македонија...ѓубриња капиталистички :mad:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
E.V.N., ONE и T-MOBILE ти се најлоповските фирми во државава ( после Владата ).

E.V.N. душата ни ја извадија два месеци бев без струја па уште фрчеа закани дека со извршување ќе ни дојдат, ќе не избркале и што уште не. Позајмувавме пари и некако исплативе тоа што имаше побарување. Што е најтрагично за тие два месеци добивме сметки исто како да сме трошеле струја?o_O Ама не се жалевме од причина што се закануваа ќе ни го скинат кабелот од бандера, па ЈБГ си ќутевме и плативме... Башка, имаме уште некој долг, па покрај тоа сметката од 1.800 денари за овој месец треба да платиме уште 4.000 денари за камати, што рекоа ќе бида тргнати.

ONE тие лудите Словенци, истото што го прават во Македонија, да го направат и во Словенија. Душата им ја извадија на граѓаните...Еден договор одвај го откачуваат.

T-MOBILE имавме долг од 7. 000 денари кој го исплативе уште во 2002/3 и ни доаѓа да сме плателе на почетоков на годинава уште пари, башка ни даваа и попуст? W.T.F.?:confused:

Како што тргнало при првата шанса, јас ќе си заминам од државава, ако не јас сам ќе работам на тоа. Не се издржува повеќе бе!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Уште ли се наплаќа по 2-3 денари за задоцнето плаќање или како беше слично.. И тоа со 33% е чиста деража,него ако да си ќутиме и траеме..бетер можело да биде викаат.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Уште ли се наплаќа по 2-3 денари за задоцнето плаќање или како беше слично..
Некогаш и по 6 денари, без разлика дали доцниш само еден или три дена. Секој месец си е различно.
 

dgp

Член од
27 април 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Протести тешко нешто да сменат. Треба групна тужба од сите што имаат страдано од вакви компании особено од ЕВН.

Пред некој ден исклучија струја, плаќаме за експрес приклучок, и струја ни доаѓа третиот ден. Од call центар не уверуваа дека се е во ред со струјата, и неколку пати им кажавме да пратат екипи на лице место и оставивме број за контакт кога ќе бидат тука. Откако долго време ги немаше екипите, се јавивме во центарот за корисници и почнаа да лажат како дошле и никој не кренал телефон, кога им реков да дадат име на тие што рекле дека никој не кренал телефон рекоа само таква информација добивме од службите и дека ништо не можат да направат.


Има формулар за поплаки но кој знае дали некој го чита тоа.

http://www.evn.com.mk/mk/kontakt/beschwerden.asp?beschwerde=1

Можеби треба да се направи фејсбук група за да се види колку луѓе има оштетено ЕВН а после тоа и групна тужба.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Некогаш и по 6 денари, без разлика дали доцниш само еден или три дена. Секој месец си е различно.
Со тие 2-6 денари колку ли се, они плаќаат добар дел од вработените..кај е другиот ќар.. живи не одраа,ама изгледа ова е само почеток.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не ми се читаше темава ич. Само кога ќе видам ЕВН ми се слошува. Проблемот е надолго и нашироко. Огромен поздрав до Бучко и компанија кои ја продадоа компанијата и со тоа ни ставија јаже на врат.

Прва работа која во Македонија ја прави ситуацијата тешка. Ние поминавме добри 10 години транзиција која уште трае додуша, ама интензитетот и беше ужасен од средина на 90 тите до почеток на 2000та. Имате распад на фирми, стечајци итн итн. Во тоа време електростопанството беше државно и толеранцијата за неплаќање струја беше далеку поголема. Не знам кој колку се сеќава ама во тоа време оваа компанија беше еден од најголемите пиунчиња за политичка манипулација. Се знаеше, ги толерираш тие што си ги уништил економски, имаат струја седат мирни. До тоа дереџе бевме дојдени. Токму заради лошата економска ситуација на цели семејства, се натрупаа долгови од стари сметки кои уште стојат на сметките. Овие исти луѓе, што загубари, што отпуштени или стечајци, сега мака мачат со извршители. Таа професија апсолутно ми стои во врвот на најомразени, токму заради фактот што обичниот човек постојано е заплашуван со нив од сите страни. Мислам дека животи се уништија од тие блокирани сметки, заплени итн итн. Ништо лично против луѓето што ја работат оваа работа. Сега имаш стари долгови, измислени долгови, тужби, исклучуваат по непостоечки основи, обвинуваат за непостоечки кражби. Фала Бучко ептен.

Во социјална држава како нашава :)pos::pos:), потребно е да имаш поткрепа од држава за да не живееш како стока без струја и вода. Со 1000 денари социјална помош, мизерни плати кои патем доцнат со исплаќање, вие сте секогаш на дереџе да ве направат пештерски луѓе. Затоа јас му викам на кој стигнам, мечката игра кај комшијата ама овде за еден ден се префлра кај тебе. Кој може парталите и надвор. Може ќе работите 10 пати повеќе, ама тешко дека некој ќе ве краде и ќе ви го земе достоинството човечко. Од чесни луѓе, до просјаци. Социјална држава, сето социјалци околу нас.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.878
Поени од реакции
12.124
А тогаш никому ништо, а.
Е тогаш во секоја нормална земја не никому ништо, туку ЕВН ке треба да плати оштета за изнудување рекет и плус тоа некои ликови треба сериозно да заглават во идризовските простории.
Али проблемот е што ние не сме нормална држава.


Никому ништо. Ајде ке се обидеме да извлечеме пари без никаква причина, па ако не ја најдат платената сметка стара 10 години ке ги дадеме на суд, ако ја најдат, никому ништо. Болна работа. Во секоја нормална замја ова се смета за тежок криминал.
--- надополнето: 17 мај 2012 во 13:25 ---

Тоа читај го како шкљмњн оооооп +33% за ЕВН.
да бе братче баш така никому ништо, а тоа е така зашто имаат одврзани раце од власта од причината да соберат пари и да ги дадат на државата. додека на власта не им е битно како ке дојдат евн до тие пари.
ептен удрија по грбот на граѓаните, џабе клетви, закани, викање кога таму некој ставен од вмро каде што треба ти да се жалиш те пречекува со насмевка и пробува да те смири и ти вика џабе е и да ги тужиш кога неможеш да докажеш и на крај ке си платиш повеќе
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Не се само ЕВН крадци туку ги има повеќе Телеком, Топлификација, УЈП, Водовод и Канализација, Комунална хигиена и.т.н.
Кажете ми по кој основ секој месец да се плаќаат пари за РД-такса ?? Таа ТВ никој не ја ебава ни 1%, зашто граѓаните да плаќаат за недобиена услуга, државата нека си најде чаре за вработените во МРТВ, ако нема пари тогаш ајт на улица и клуч на врата на МРТВ, а не да се дере народот(190ден./на месец) не се многу пари но зашто некој да те јебе во мозок па уште и казни/извршители ако не платиш !
Сметките за струја се превисоки не поради трошокот на струја, сите знаеме колку во просек троши едно просечно МК семејство месечно струја, проблемот е што ДДВто е многу високо 1/3 од сметката за струја е всушност ДДВ затоа сметките се толку напумпани, исто така најголемата грешка се направи со тоа што се продаде ЕСМ на странски газди, сите знаеме дека странците се неверојатно алчни за пари, дури и кожата би му ја одрале на народот !
Овие па од УЈП мамата си ја ебале, два-три денара да немаш платено данок, ќе те опоменат да одиш да си го платиш, неверојатно !
За ѓубретарината и водата(кои одат заедно на една сметка) па ич муабет да неправиме, те тераат да плаќаш долг стар една деценија, а и постојано ти го пумпаат истиот тој долг ............ иако сите сметки најредовно си ги плаќаш да речеме во последните неколку години, сепак стариот неплатен долг од пред една деценија од месец во месец малку по малку расте, што навистина е неверојатно, новите сметки си ги плаќаш најредовно, а стариот долг сепак ти расне, ај сеа !
И ред ред други работи !
тука е крива најмногу државата, регулаторната комисија си го дрви, судовите пак секогаш се ставаат на страната на компаниите(читај монополите) без разлика за која компанија станува збор ....... државна или приватна, странска или домашна сеедно, секогаш силата и правдата се на нивна страна, досега не сум чул некој рандом граѓанин да добил некаков спор со државата или пак спор со некоја од гореспоменативе монополски дерачки компании !
Или пак да основаш свој бизнис, колку пари треба да фрлиш по бирократските лавиринти само за да регистрираш фирма, а и колку пари треба да фрлиш за да ја затвориш таа фирма доколку не ја бива работата/бизнисот ................. затоа народе само храбро и цврсто ОСМЕЛИ СЕ !
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.878
Поени од реакции
12.124
Во фебруар месец, беше ладно, па користев кварцна греалка за мојата соба. Останатите соби на оган на дрва се затоплуваа ми дојде сметка 12.000 денари. Ај што ја плативме неа, туку за Април ми дојде 9000 денари што немаше теорија дека е истрошена толкава струја. Сметав отприлика кој апарат колку троши, аквариум вклучен 24/часа месечно ми троши 350 денари, јас грубо додавам 1000 денари ама пак не испаѓа математиката. Се готви на плин, единствено што останува ел. апарат, е мобилниот на полнач, телевизор, компјутерот неколку саати денот и болјерот еднаш дневно или на два дена шо пак нема теорија толку струја. Или да им донираме дигитрони на ЕВН или штрајк.
а да го фатиш ти за гуша оној што ти го чита броилото?
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.790
Поени од реакции
8.062
а да го фатиш ти за гуша оној што ти го чита броилото?
Финтата е што не му го ни проверуваат броилото... така си ги пишаат цените, од ракав си ги вадат :свиркам: ... идат според минатите месеци, и стават околу цена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom