ЕВН лопови

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
А што ли е тоа оптовареност на напон 33 % ?
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
им рекле ако ја најдете сметката за која викаме ние дека не ви е платена а вие го тврдите спротивното никому ништо нема да морате да платите.
А тогаш никому ништо, а.
Е тогаш во секоја нормална земја не никому ништо, туку ЕВН ке треба да плати оштета за изнудување рекет и плус тоа некои ликови треба сериозно да заглават во идризовските простории.
Али проблемот е што ние не сме нормална држава.


Никому ништо. Ајде ке се обидеме да извлечеме пари без никаква причина, па ако не ја најдат платената сметка стара 10 години ке ги дадеме на суд, ако ја најдат, никому ништо. Болна работа. Во секоја нормална замја ова се смета за тежок криминал.
--- надополнето: 17 мај 2012 во 13:25 ---
А што ли е тоа оптовареност на напон 33 % ?
Тоа читај го како шкљмњн оооооп +33% за ЕВН.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Kамо среќа само ЕВН, Топлификација, Телеком и.т.н. да беа бед бојс, а зашто никој на темава не спомна за кражбите на народот кој ги вршат: водовод и канализација, комунална хигиена, ујп и.т.н. ?!
Како може секој месец да ни стига сметка за вода 1000 ден.(потрошени преку 30 кубици вода) а дома нема никој, сите сме на работа секој ден по цел ден, а попладне после 17ч се собираме дома, кола переме ретко, терасите и стазите околу куќа исто така еднаш двапати во месецот ги миеме со црево, многу не готвиме по дома, перална уклучуваме поретко, не се бањаме секој ден па до толку да се потрошат кубици, а и како може летно време скоро цел месец не сме дома воопшто(на одмор), па пак истата сметка 1000ден. ?! Тоа е кражба ...
Потоа зашто за ѓубретарина секој месец ни доаѓа сметка по 1000 ден. а кај сите околу нас стига помалце за плаќање, ти гледаат квадратура на објект, а не гледаат колку луѓе живеат во објектот, како може 4 души(кај мене дома) да направат повеќе смет од на пр. 10 души(кај комшијата), они објектот(квадратурата) ја гледаат, но објектот не го прави сметот туку луѓето, сметките за ѓубретарина треба да се прават врз база на тоа колку члена живеат во објектот, а не врз база на квадратурата на објектот + тераси, 2 шупи, гаража, подрум... ! :facepalm:
Сметките за РД-такса(сега се 190ден.) доаѓаат преку УЈП и ти се налага дека мора да ја платиш во рок од толку дена во спротивно извршител, а за каква ’’услуга’’ треба да платиш?за да земат плати во МРТВ, кој ја ебава таа Телевизија па уште да им плаќа, па уште извршители доколку не се платат навремено сметките !
Данок на имот ОК треба да се плаќа, ама како тоа од една страна државата не ти го признава објектот(не ти дава документ) т.е. дивоградба ти е односно имаш нелегална надоградба/проширување, а од друга страна кога треба да се плаќа данок на имот или пак ѓубретарина тогаш ти ја признаваат целата квадратура и легалната, а и нелегалната(проширувањата) .................. ако ова не се кражби пљачки на народот јас главата ќе си ја исечам ............... :facepalm: ни во Турско вака не било !
Инаку за сметките за струја зиме плаќаме по мин. 7 илјадарки(со две термо печки сме и тоа ги пуштаме да акумулираат навечер после 22ч на евтина струја), а замислете летно време по 2 илјадарки ни стигаат сметки иако лете воопшто нема никој дома скоро цел месец ................... а и кога сме дома не користиме претерано шпорети, рерни, бојлери, греалки и.т.н. клима немаме .......... по 2 илјадарки сметки во јули ... август ... на +40 степени .......... :tapp:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А што ли е тоа оптовареност на напон 33 % ?
И мене ова никогаш не ми било јасно. Може ли некој со едноставни зборови да ми објасни зошто се овие 33% и дали е само кај нас тоа?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
И мене ова никогаш не ми било јасно. Може ли некој со едноставни зборови да ми објасни зошто се овие 33% и дали е само кај нас тоа?
Тие се пари кои на времето ги задржуваа по основ на изградба на термоцентрали,хидроцентрали.....и одржување на истите...
Ова уште од времето на Југославија кога се градеа тие големи капацитети како Рек Битола итн....
Значи со народни пари се градеше електричната мрежа...
Е сега зошто сеуште дрпаат по 1/3 од сметките кога веќе ништо не се гради е доволно јасно.....:нинџ:
По закон не смеат повеќе да ги наплатуваат тие пари.....
Е сега кај нас луѓето не се воопшто информирани за своите права...
Да беше во друга нормална земја,каде луѓето знаат до цент за шо плаќаат немаше шанса да се дозволи вакво дерење на луѓето..
Луѓето ќе си плаќаа само за тоа шо си го трошат,а државата ќе си плаќаше за изградба на нови системи.....
Правев муаебет со еден инжинер кој бил надлежен кога се градел РЕК,и вика дека луѓето не треба воопшто да ги плаќаат тие 33% од сметките....ама треба да се организира некој,да се направи здружение,да се оди единствено за да се докажи пред надлежните дека навистина нема потреба народот да плаќа за нешто за шо воопшто не е должен....
Ама тоа во некоја друга приказна,европска не во нашата...:tapp:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тие се пари кои на времето ги задржуваа по основ на изградба на термоцентрали,хидроцентрали.....и одржување на истите...
Ова уште од времето на Југославија кога се градеа тие големи капацитети како Рек Битола итн....
Значи со народни пари се градеше електричната мрежа...
Е сега зошто сеуште дрпаат по 1/3 од сметките кога веќе ништо не се гради е доволно јасно.....:нинџ:
По закон не смеат повеќе да ги наплатуваат тие пари.....
Е сега кај нас луѓето не се воопшто информирани за своите права...
Да беше во друга нормална земја,каде луѓето знаат до цент за шо плаќаат немаше шанса да се дозволи вакво дерење на луѓето..
Луѓето ќе си плаќаа само за тоа шо си го трошат,а државата ќе си плаќаше за изградба на нови системи.....
Ама тоа во некоја друга приказна,европска не во нашата...:tapp:
Во тој случај да ги тужиме?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.915
Мене стандард сметка ми е 1300 ден. :pos:
Евтина струја овоа оноа нејќам парите да ми одат на државата. :icon_mrgr:
А не ми е јасно овие ЕВН како пресметуваат моите комшии зимно време се нон стоп на греалка по 7-8 часа дневно ќерка и ужива на неа како некоја риба на плажа а плаќаат 1800 ден лично им ја имам видено сметката. :eek:
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
И мене ова никогаш не ми било јасно. Може ли некој со едноставни зборови да ми објасни зошто се овие 33% и дали е само кај нас тоа?
Мислам дека се работи за пад на напонот низ мрежата, односно дополнителна ангажирана моќност за да се обезбеди стабилен напон низ цела мрежа, т.е. загуба во тек на преносот на енергија од трафостаници до корисници. Е, сега, како е пресметано дека е 33%... не знам
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислам дека се работи за пад на напонот низ мрежата, односно дополнителна ангажирана моќност за да се обезбеди стабилен напон низ цела мрежа, т.е. загуба во тек на преносот на енергија од трафостаници до корисници. Е, сега, како е пресметано дека е 33%... не знам
Јас како граѓанин си плаќам струја, што ми е мене гајле каква им е мрежата. Си плаќам и си ја барам услугата за парите, зошто 33% ме крадат за нивна работа?
Ако може ова правно да се заврши јас ќе поведам иницијатива за тужба кон ЕВН и кон државата.
 

juve_persempre

▐ I am VIKING▐
Член од
17 февруари 2010
Мислења
296
Поени од реакции
83
МОРА СИТЕ НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЕВН СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ И МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ И ТУРЦИ И СРБИ И БОШЊАЦИ СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јас како граѓанин си плаќам струја, што ми е мене гајле каква им е мрежата. Си плаќам и си ја барам услугата за парите, зошто 33% ме крадат за нивна работа?
Ако може ова правно да се заврши јас ќе поведам иницијатива за тужба кон ЕВН и кон државата.
Не сум сигурен дека се работи за тоа, само претпоставувам.
Инаку, тие само додаваат како ставка во сметката, т.е. само образложуваат кои се ставките според кои е дојдено до конечната цена за конечната услуга - стабилен напон.

Мене, на пример, многу ме нервира тоа што, како што некој претходен член напиша, електропреносната мрежа е градена со самофинансираање (исто како и телефонската мрежа) - еднократно сите плаќале по извесна, астрономска сума на пари за приклучок и одржување на електропреносната мрежа - за на крај да испадне дека тоа е државна сопственост, па после државата ја оттуѓи во интерес на ЕВН (и Маѓар Телеком, соодветно). Каков аир видовме ние како финансиери на проектот за воспоставување на електропреносна мрежа? Се разбира, повисоки сметки.

Супер решение ќе беше ако при приватизацијата ан јавните претпријатија, секој граѓанин добиеше ваучер со извесна вредност, кој би можел да го користи за плаќање на сметки, да го продаде како удел итн... Или барем електропреносната мрежа останеше под државна капа и се даваше под концесија. Арно ама.....

Пред да се тужи, треба да се провери колку е правно издржано, не верувам дека шизиците од ЕВН имаат оставено на случајот и се немаат заштитено со некаква клаузула, дали во корисничките договори, дали во купопродажниот договор.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.638
Поени од реакции
85.441
МОРА СИТЕ НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЕВН СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ И МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ И ТУРЦИ И СРБИ И БОШЊАЦИ СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Крадењето пари на ЕВН од граѓаните е флагрантно и навистина бара реакција.
Али у никој случај не би сакал да се најдам рамо до рамо на протест со АлКаеда кој неќе да плаќа каурска струја.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.429
Поени од реакции
26.704
И мене ова никогаш не ми било јасно. Може ли некој со едноставни зборови да ми објасни зошто се овие 33% и дали е само кај нас тоа?
Не бива едноставно објаснување. Електротехнички термин е. Загуба на напон заради различна оптовареност на системот. Те казнуваат со 33% повисока сметка затоа што струјата не ја трошиш со константен интензитет, туку некогаш имаш уклучено и бојлер и греалица, а некогаш ништо. Пластично објаснето му иде така. Легализирана кражба. :) Несовршеноста на системот паѓа на грбот на потрошувачот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не бива едноставно објаснување. Електротехнички термин е. Загуба на напон заради различна оптовареност на системот. Те казнуваат со 33% повисока сметка затоа што струјата не ја трошиш со константен интензитет, туку некогаш имаш уклучено и бојлер и греалица, а некогаш ништо. Пластично објаснето му иде така. Легализирана кражба. :) Несовршеноста на системот паѓа на грбот на потрошувачот.
Уште едно прашање, вака секаде ли е или само ние плаќаме за глупости?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom