ЕВН, денес и све е можно!

C

confusion

Гостин
Ми стигна сметка околу 9к за Јануари, 4100 потрошено, 3800 и нешто денари за пренос и дистрибуција на ел. енергија. Ми нема резон ова а искрено не знам како ќе го плаќам со 500еур плата, плаќав 4000-5000 максимум по стара цена.
Има нешто начин да се жалиме или не знам, ова ми е дупло од тоа што трошам, стварно никаква логика. Каква банана држава сме значи..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.134
Аха значи ти ги шират границите според временскиот период на читање. Тоа не ми беше јасно.
Да, ги прошируваат пропорционално, земајќи дека овие блок тарифи се за период од 30 денови.
Автоматски споено мислење:

Ми стигна сметка околу 9к за Јануари, 4100 потрошено, 3800 и нешто денари за пренос и дистрибуција на ел. енергија. Ми нема резон ова а искрено не знам како ќе го плаќам со 500еур плата, плаќав 4000-5000 максимум по стара цена.
Има нешто начин да се жалиме или не знам, ова ми е дупло од тоа што трошам, стварно никаква логика. Каква банана држава сме значи..
Другар ти и лани ако си плаќал 5000 денари, 2000 ти било за потрошена струја и 3000 за пренос на енергијата, само што тоа не беше одделно запишано на сметките. Сфатете го тоа, дека лани цената беше дадена во едно купче, а најдоле имаше распределба во проценти, колкав процент оди кај евн хоум, колку кај електродистрибуција, колку за мепсо, колку за елем, додека годинава делот за електродистрибуција (пренос на енергија) е даден посебно.

Ако правилно се распредели високата тарифа и ако пукаш се на ефтина, со блоковите, цените на сметките се пониски од лани, ако не надминеш втор блок. Јас лани зимно време плаќав над 10.000 денари дека куќа грееме на струја (и тоа само 1-2 соби), а годинава со загревање само навечер на ефтина, плаќаме по 6-7.000 денари. За лето да не коментираме која разлика е, секако никој не излегува од прв блок.

Цената за преносот е висока, ама не е од сега висока, туку секогаш била висока. Колку ЕВН вложува во трафостаниците, во подобрување на дистрибутивната мрежа? За жал, цената ја прават токму кражбите во преносната мрежа (90% во албанските средини). ЕВН не ги интересира кој ќе им ги плати парите. Дали ќе си побараат повисока цена на пренос на енеегија ради кражбите или арачиновци ќе им платат. Евн нема своја полиција и армија за да изгаси струја во такви места, нив ги интересира некој да наплати, а државата пошто е неспособна да асистира полициски, полесно им е да замижат што тарифата за дистрибуија е реално висока.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.573
Не се краде овде, џабе се бунат луѓето. :D
Не, не дупи ЕВН,
...така мислиш ти, еве јас ќе напишам дека не само што не дупат туку се краде без можност и механизам да се спречи и казнат таква БОГАТА институција со ,,европски вредности" подржана од владата и тоа селективно , настрана приказната со Арачиново, тоа им иде во интерес да се правдат, не дека не можат да им наплатат.

...но пред да пишам на кој начин, еве биди љубезен и објасни ми како може во три различни локации во градот (населби), но само во стамбени згради, на тие потрошувачи кои имаат заостанат долг и тоа сите од два месеци, наплатата им е според моментална потрошена струја и сите други дополнителни ставки како пренос на ел.енергија се ниски, а тие потрошувачи кои редовно ја плаќаат ел.енергија им е дојдено,,паушал,, пресметано т.е. дупли износ како претходен месец, со исти грејни тела со ист начин на живеење во тој стан, па поради тој дупли износ има дупли износ на дополнителните ставки како пренос на ел.енерија ?

... се работи за станови во иста зграда во ист влез, на нередовните плаќачи им се пресметува точно потрошената ел.енергија плус долгот од два месеци, а неговиот комшија во иста зграда и влез да ,,му се пресметува паушал,, оти како што кажале самите ЕВН оператори дека не им е читано туку паушал пресметале.

... значи три населби, три згради, станови од еден влез, направено споредба, заклучок ? ако во еден влез има 40 стана од кои 20 не се редовни плаќачи, не дека се сиромашни, пази вработени во јавна администрација, дел партиски одредени, им се пресметува точно потрошено плус долгот од два месеци, а другите 20 стана во ист влез редовни плаќачи обични смртници со никаков долг им се пресметува за ист месец дупли износ демек не е пројдено броилото, туку паушал !

...како може во ист момент во ист влез, различно толкување, за едни паушал редовни плаќачи, а другите неплаќачи чиста реална сметка? а?
или сите паушал или не, како е тоа селективно мерење и пресметување, е тоа се вика дупење во здрав мозок, приказни за деца.

...тие на сите им го мерат броилото, но игранката е во дирекцијата за пресметување, на овие што се редовни плаќачи ,,дупло,, паушал, а овие другите со долгови не им ставајте, па кој ќе се буни, приказната ( како што ти причам ти причу) дека ќе се скрати износот на струјата идниот месец ќе се израмни, а што се влезе во друга тарифна група каде е поскапа струјата и дупли повисок износ на пренос на струјата со тој платен паушал, идниот месец дали тоа ќе ми го вратат или само разликата во износот на електричната енергија според бројките на броилото?
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.062
Поени од реакции
5.977
Прегледај го приврзокот 365457 Прегледај го приврзокот 365458

„...ЕВН Македонија, АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше над 500 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.
ЕВН Македонија е составена од повеќе компании кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и оддржливост: ЕВН Хоме, ЕВН Снабдување, ЕВН Електрани и Електродистрибуција.
ЕВН е меѓународна компанија за енергетски и еколошки услуги, со седиште во Долна Австрија, најголемата покраина во Р. Австрија...“

бла...бла....бла....

... и кога све тоа го поминав уште еднаш да видам кој е тој ЕВН „ДЕНЕС“ што наплатува дупли сметки паушал за месец Јануари 2023 кога сметките се највисоки поради зисмкиот период, всушност тоа се само рефлексија на европски вредности преку ЕВН да се манипулира со чесниот граѓанин кој редовно ја плаќа својата сметка, за да сега во јануари биде „пријатно“ изненаден со дупли износ, онака самите кажувајќи по јавувањето на дрските оператори кои си ја оправдува ваквата работа дека било законски таква можност да не се мери електрична струја и да се плати колку потрошувачот потрошил туку да му се наплати дупло „паушал“ токму да ги покријат дупките на тие потрошувачи кои се само потрошувачи, но не и плаќачи, со дрзок поздрав од операторите „слободно тужете не’“!

Прегледај го приврзокот 365466

...невиден безобразлук, манипулирање и јавно кредитирање на ЕВН со средствата на граѓаните однапред да се платат нешто што НЕ Е ПОТРОШЕНО кој е во исти износ СО ТОА ШТО СЕ ПОТРОШИЛО од електрична енергија , со еден збор за јануари да се плати како за два месеци дупло, па сето тоа било законски, чик законски да биде да не се плати два месеци веднаш ќе те исклучат од мрежата, ама вака негови закони за манипулирање со туѓи пари е оправдано, па одозгора невидена дрскост „слобно тужете не’“, а сметката убаво назначено до кој датум МОРА ДА СЕ ПЛАТИ, после тоа ЗАТЕЗНА КАМАТА токму на двоен износ?

Прегледај го приврзокот 365467

... штом „измислениот“ износ на преносот на електричната енергија е поскап од самата електрична енергија....тури му пепел за друго!

Кое е ваше искуство со ЕВН?

Прегледај го приврзокот 365456

Првата светилка во Македонија се запалила во Скопје во 1909 година кога е изградена првата електрична централа на парен погон. Во тоа време Македонија била дел од турската империја.

Електрификацијата на другите градови се одвивала самостојно и одделно. После Скопје електрифицирана е Битола во 1924 година, а до 1930 година електрифицирани се Тетово, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Кочани. Од 1931 до 1935 година електрифицирани се: Прилеп, Кичево и Демир Капија, а од 1936 до 1940 година електрифицирани се: Гостивар, Охрид, Струмица и Пробиштип.

Во тоа време електричната енергија се произведувала во мали хидроелектрични централи, но имало и централи на дизел и јаглен.

Најзначајни производствени објекти кои биле изградени пред Втората светска војна се: ХЕЦ „Пена“ со моќност од 1.760 КW изградена во 1927 година, Дизел електраната во Скопје изградена во 1933 година со моќност од 1.000 KW и ХЕЦ „Матка“ со моќност од 4.160 KW изградена во 1938 година.

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, во Македонија е формирано „Федерално електроенергетско претпријатие“ (ФЕП) за Македонија кое управувало со сите електроенергетски ресурси во државата. За разлика од претходниот период кога секој град имал независен и посебен електроенергетски развој, ФЕП за Македонија функционирала како единствена компанија на целата територија на државата во рамките на Федерална Југославија. Со текот на времето имињата на претпријатието се менувале: „ФЕП за Македонија“ до 1954, „Електростопанска заедница на Македонија“ до 1966, „Електро Македонија“ до 1990, „ЈП Електростопанство на Македонија“ до 2005, а по поделбата и ребрендирањето започнува да се употребува називот „ЕВН Македонија АД“ - Скопје.

Електроенергетскиот систем на Македонија од 1945 до 1990 година се развивал и бил составен дел од електроенергетскиот систем на поранешна Југославија. По распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава следеше и прекинот во високонапонската мрежа со остатокот од СФРЈ. Ова значеше и осамостојување на македонскиот електроенергетски систем кој и покрај тешкотиите не дозволи поголеми проблеми во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија.

На крајот од 1944 година во Македонија производството на електрична енергија било скромно и изнесувало околу 14.200 МWh со инсталирана моќност од 9.600 КW.
Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.

Веднаш по приватизацијата на ЕВН Македонија од страна на EVN AG во 2006 година започна целосна реорганизација на компанијата. Затекнатите лоши состојби во наплатата, загубите на електричната енергија, неквалитетната инфраструктура, лошите финансиски резултати и другите негативни показатели започнаа да се менуваат темелно и систематски. Со големите инвестициски вложувања, современа организациска и раководна поставеност и користење на најновите технолошки достигнувања во електроенергетската дејност, ликот и резултатите на компанијата целосно се променија.

Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.

Прегледај го приврзокот 365462Прегледај го приврзокот 365463
За да не ти пресметуваат паушални сметки доколку нема инкасатор на твојот реон или пак отишол на годишен одмор ќе видиш на сметката во која читачка група си и секој месец во тој период на следнава страна ќе ги внесуваш состојбите од скапата и евтината тарифа па доколку тој период инкасатор не ги земе состојбите сметката ќе ти ја пресметаат заклучно со тие состојби што ќе им ги пуштиш.Ова веќе го практикувам неколку години откако едно лето ми ставија паушални 500kw плус скапа струја мислејки дека имам клима уред за ладење а во тој период немало инкасатор и од тогаш немам никакви проблеми со тие паушални пресметки:
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
65
Поени од реакции
46
Zdravo 1 mesec nemam ulicno osvetluvanje 5 pati e prijaveni kaj odgovoren i nisto pak koj se moite prava ako moze pomos od nekoj
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.791
Поени од реакции
4.227
Zdravo 1 mesec nemam ulicno osvetluvanje 5 pati e prijaveni kaj odgovoren i nisto pak koj se moite prava ako moze pomos od nekoj
Ulicno e od opstinata, ne evn,obicno privatna firma go odrzuva po naselenite mesta....tamu ke si prijavis ili vo opstina
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.341
Поени од реакции
16.503
Фактура за период 26.12.2023 - 30.01.2024

ДЕН
Надомест за потрошена електрична енергија 777,69
Надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија 764,72
Надомест за пристап на електродистрибутивниот систем 200,00
ДДВa18% 313,63
Комунална такса за јавно осветлување 184,00
Износ за плаќање по фактура со рок до 20.02.2024 2.240,00
Вкупно за плаќање 2.240,00

Нели оној од РЕгулаторна кажа дека 200,00 е за ВИКЕНД станови, кога немаат потрошувачка ????? ,
а и за нив нема да биде са Јануари бидејки по грешка им е наплатено во Декември ??
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
ЕВН со сметкиве апла крадат ,да се тужиш нема да ги добиш сигурно.За 3 месеци си платив 55000 сметки само за струја.Немаше ич ладна зима,со сопругата сме на работа до 16 часот, парно палиме од 17,додека сме на работа пуштам клима ако има потреба да се загрее куќата.Најлошо дефинитвно парно на струја, од следна година радиаторите ќе ми бидат само за украс.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
ЕВН со сметкиве апла крадат ,да се тужиш нема да ги добиш сигурно.За 3 месеци си платив 55000 сметки само за струја.Немаше ич ладна зима,со сопругата сме на работа до 16 часот, парно палиме од 17,додека сме на работа пуштам клима ако има потреба да се загрее куќата.Најлошо дефинитвно парно на струја, од следна година радиаторите ќе ми бидат само за украс.
Ne svakjam, imas parno na struja ili klima!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
И тоа и тоа,во поладни денови пред да доаѓам од работа 1 саат пуштам клима ,после се пали парното.
i zaso mislis deka te kradat, koa grees kukja so parno na struja, verojatno najskapiot nacin na greenje so postoi
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.642
ова многу лоповски го протнаа 200 денари плус на сметка за ништо. Па ни вика ништо страшно све било тоа урачунато и порано сега било транспарентно
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
i zaso mislis deka te kradat, koa grees kukja so parno na struja, verojatno najskapiot nacin na greenje so postoi
Да најскапо е ама не е цело време пуштено во просек 4/5 саати на ден,во попладевните часови.Зимово имаше само една ладна недела кога мораше да работи парното и додека спиевме и тоа е тоа.Гледаш и сам надвор е по 18 степени нема потреба за грејно тело баш ме интересира новата сметка колкава ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom