- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.338
- Поени од реакции
- 37.120
„...ЕВН Македонија, АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше над 500 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.
ЕВН Македонија е составена од повеќе компании кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и оддржливост: ЕВН Хоме, ЕВН Снабдување, ЕВН Електрани и Електродистрибуција.
ЕВН е меѓународна компанија за енергетски и еколошки услуги, со седиште во Долна Австрија, најголемата покраина во Р. Австрија...“
бла...бла....бла....
... и кога све тоа го поминав уште еднаш да видам кој е тој ЕВН „ДЕНЕС“ што наплатува дупли сметки паушал за месец Јануари 2023 кога сметките се највисоки поради зисмкиот период, всушност тоа се само рефлексија на европски вредности преку ЕВН да се манипулира со чесниот граѓанин кој редовно ја плаќа својата сметка, за да сега во јануари биде „пријатно“ изненаден со дупли износ, онака самите кажувајќи по јавувањето на дрските оператори кои си ја оправдува ваквата работа дека било законски таква можност да не се мери електрична струја и да се плати колку потрошувачот потрошил туку да му се наплати дупло „паушал“ токму да ги покријат дупките на тие потрошувачи кои се само потрошувачи, но не и плаќачи, со дрзок поздрав од операторите „слободно тужете не’“!
...невиден безобразлук, манипулирање и јавно кредитирање на ЕВН со средствата на граѓаните однапред да се платат нешто што НЕ Е ПОТРОШЕНО кој е во исти износ СО ТОА ШТО СЕ ПОТРОШИЛО од електрична енергија , со еден збор за јануари да се плати како за два месеци дупло, па сето тоа било законски, чик законски да биде да не се плати два месеци веднаш ќе те исклучат од мрежата, ама вака негови закони за манипулирање со туѓи пари е оправдано, па одозгора невидена дрскост „слобно тужете не’“, а сметката убаво назначено до кој датум МОРА ДА СЕ ПЛАТИ, после тоа ЗАТЕЗНА КАМАТА токму на двоен износ?
... штом „измислениот“ износ на преносот на електричната енергија е поскап од самата електрична енергија....тури му пепел за друго!
Кое е ваше искуство со ЕВН?
Првата светилка во Македонија се запалила во Скопје во 1909 година кога е изградена првата електрична централа на парен погон. Во тоа време Македонија била дел од турската империја.
Електрификацијата на другите градови се одвивала самостојно и одделно. После Скопје електрифицирана е Битола во 1924 година, а до 1930 година електрифицирани се Тетово, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Кочани. Од 1931 до 1935 година електрифицирани се: Прилеп, Кичево и Демир Капија, а од 1936 до 1940 година електрифицирани се: Гостивар, Охрид, Струмица и Пробиштип.
Во тоа време електричната енергија се произведувала во мали хидроелектрични централи, но имало и централи на дизел и јаглен.
Најзначајни производствени објекти кои биле изградени пред Втората светска војна се: ХЕЦ „Пена“ со моќност од 1.760 КW изградена во 1927 година, Дизел електраната во Скопје изградена во 1933 година со моќност од 1.000 KW и ХЕЦ „Матка“ со моќност од 4.160 KW изградена во 1938 година.
Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, во Македонија е формирано „Федерално електроенергетско претпријатие“ (ФЕП) за Македонија кое управувало со сите електроенергетски ресурси во државата. За разлика од претходниот период кога секој град имал независен и посебен електроенергетски развој, ФЕП за Македонија функционирала како единствена компанија на целата територија на државата во рамките на Федерална Југославија. Со текот на времето имињата на претпријатието се менувале: „ФЕП за Македонија“ до 1954, „Електростопанска заедница на Македонија“ до 1966, „Електро Македонија“ до 1990, „ЈП Електростопанство на Македонија“ до 2005, а по поделбата и ребрендирањето започнува да се употребува називот „ЕВН Македонија АД“ - Скопје.
Електроенергетскиот систем на Македонија од 1945 до 1990 година се развивал и бил составен дел од електроенергетскиот систем на поранешна Југославија. По распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава следеше и прекинот во високонапонската мрежа со остатокот од СФРЈ. Ова значеше и осамостојување на македонскиот електроенергетски систем кој и покрај тешкотиите не дозволи поголеми проблеми во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија.
На крајот од 1944 година во Македонија производството на електрична енергија било скромно и изнесувало околу 14.200 МWh со инсталирана моќност од 9.600 КW.
Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.
Веднаш по приватизацијата на ЕВН Македонија од страна на EVN AG во 2006 година започна целосна реорганизација на компанијата. Затекнатите лоши состојби во наплатата, загубите на електричната енергија, неквалитетната инфраструктура, лошите финансиски резултати и другите негативни показатели започнаа да се менуваат темелно и систематски. Со големите инвестициски вложувања, современа организациска и раководна поставеност и користење на најновите технолошки достигнувања во електроенергетската дејност, ликот и резултатите на компанијата целосно се променија.
Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.